Соопштенија
Лукаревска во Старо Нагоричане: Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата низ целата земја
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, заедно со претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Бајдевски денеска беше во Старо Нагоричане на местата кои беа зафатени од силниот пожар, како Челопек.
Потресни се сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија и сеуште се соочуваат со огнените јазици, се вели во соопштението.
Лукаревска упатила благодарност за пожртвуваноста на пожарникарите, армијата, домашните и странските волонтери, жителите, кои демонстрираа голема храброст, решителност и заедно со кризниот штаб се справуваат со пожарите.
Лукаревска рече дека како носителка на пратеничката листа од оваа Изборна единица на минатите парламентарни избори ќе се заложи за што е можно побрзо санирање на штетите, информираат од СДСМ.
„Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Старо Нагоричане и низ целата земја. Солидарната држава и солидарното македонско општество се тука за Вас, сите заеднички ќе ја надоместиме штетата и во Старо Нагоричане но и низ целата земја. Ваквите кризи се лекција дека човечноста, солидарноста, единството се поважни од етничките, верските и политички разлики“ рече заменик претседателка на СДСМ.
Помошта од соседните земји и нашите сојузници од ЕУ и НАТО е чин на највисока солидарност која никогаш не смее да се заборави, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Македонски иноватори со помош на ВИ креираат 3Д-модели на вистински органи на пациенти
„Зарем кај нас се прави вакво нешто?“, ова е реакцијата на студентите по медицина кога ќе видат 3Д испечатен модел на вистински орган од пациенти.
Доктор Стефан Арсенков заедно со тимот увиделе дека постои потреба од 3Д модели на органите на пациентите, кои на докторите им помагаат попрецизно да ги спроведат операциите. Така настанува македонскиот старт-ап кој соработувал со 10тина доктори со цел да се подобри планирањето на операцијата.
Јована и др. Арсенков во најновата епизода на „Што го врти светот“ зборуваат за Вештачката интелигенција во медицината и иновациите кои ќе имаат моќ да спасат човечки живот и да го скратат времето за спроведување на речиси сите медицински процеси. Арсенков зборува за важноста докторите да имаат вистински модели на органите на пациентите. Според него, не е исто да имате во рака модел направен врз база на совршено здрав човек и вистинскиот орган на пациентот кој има потреба од операција. Користењето на Вештачка интелигенција пак, сериозно го подобрува добивањето на моделот од снимка направена на пациентот.
– Често ме прашуваат која е мојата најдолга операција? Според мене ние треба да целиме кон тоа да имаме пократки операции, поефикасни. Зошто долга операција значи дека имало некаков проблем, компликација или пак хирургот не бил доволно подготвен за тоа што го чека. – вели др. Стефан Арсенков.
Тој додава дека токму тоа го имаат на ум со тимот, да создадат можност за предвидливост на операциите и најдобра подготовка на хирурзите.
Повеќе за новите технологии во здравството може да слушнете во најновата епизода на „Што го врти светот?“.
И оваа сезона е создадена од Здружението ЗМАИ со маркетинг и продукциска поддршка од АдВалју. Оваа епизода е во соработка со МАСИТ, „Што го врти светот“ е медиумски поддржувач на 19тата конференција на Комората, посветена на Вештачката интелигенција со фокус на ВИ во медицината и влијанието на ВИ врз работните позиции.
ПР
Соопштенија
Шефот на НАТО: Украина ќе влезе во НАТО, така е одлучено во Вашингтон
„Украина ќе стане 33. или 34. членка на НАТО, кој во моментот има 32 членки“, изјави неодамна назначениот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел.
„Во моментот се чини дека Украина ќе влезе како 33. членка, но пред неа може да влезе некој друг. Но, Украина во иднина ќе биде членка на НАТО. Така решивме во Вашингтон“, изјави генералниот секретар на НАТО, пренесуваат медиумите во регионот.
„Шведска, планот на Украина за победа, но и нејзиното идно членство во НАТО“, одговори шведскиот министер за одбрана. Тој истакна дека планот за победа ќе биде разгледан на вечерна средба во Брисел.
„Украина е на неповратен пат кон полноправно членство во НАТО, што е многу важно. Имаме многу да научиме од Украина кога станува збор за одбранбените иновации. Украина исто така има силни вооружени сили“, рече тој.
Соопштенија
Македонскиот концепт е против законот за правична застапеност: „ Успехот да биде единствен критериум“
Mакедонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност. Од партијата велат дека се залагаат за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат.
„Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век!
Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува.
Ние сме за еднаквост во можностите, а не во резултатите. Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, велат од партијата.