Контакт

Соопштенија

„Македонија бојкотира“ во Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и во Кочани

Објавено пред

Карванот на Кризниот штаб против референдумот вчера во рамките на кампањата „Македонија бојкотира“ одржа повеќе средби со граѓани, трибини и собири во општините Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Кочани.

Координаторот на Кризниот штаб против референдумот, Драган Угриновски, ги повика граѓаните да не се плашат од заканите и притисоците на пучистичката власт во Скопје.

„Како учесник во татковинската војна во 2001 година и како офицер што целиот работен век го поминав во Армијата, сакам силно да ве уверам дека сплотени и здружени како Македонци овој пат ќе успееме да ја одбраниме татковината од сите обиди за рушење на Македонија и Македонците. Видовте како маршот на СДСМ во Скопје пред седиштето на ЕУ се претвори во голем срам и навреда за македонскиот народ. Македонци од разни места му аплаудираа на говорникот Талат Џафери против кого војував и кој пукаше на македонските војници. Секој ден сме низ Македонија и сакам да ви ја пренесам пораката од народот дека е цврсто решен да ги одбраниме името и идентитетот. Ве уверувам дека Македонија ќе победи, Македонија на Македонците“, порача Угриновски.

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој е дел од Кризниот штаб против референдумот, составен од повеќе од 70 организации, повика на бојкот и неизлегување на референдумот и на тој начин на 30 септември да ја сочуваме македонска Македонија.

„Веќе е јасно дека референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги дека чекаат милијарди евра од ЕУ да дојдат во Македонија, бесплатно здравство и образование за Македонците во земјите членки на ЕУ. Не верувајте ѝ на марионетската власт во Скопје оти животот дојде само за врхушката на власт и за нивните бизниси и тие сакаат членство во НАТО оти НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот. НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари што ќе му служат верно. Слушаме за закани кон граѓаните, но не плашете им се оти по неуспешниот референдум, ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат. Може да нè следат, прислушуваат, да ни се закануваат со апсења, но да не дозволиме да ни го скршат духот оти ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името. Затоа, сите заедно на нозе се креваме да спречиме да се избрише сè што е македонско. Нашата борба е исправна, ова не е битка за поединци, лидери или за власт, ние се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нациите, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, рече Бачев.

Најново

Македонија53 секунди

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет7 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт14 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион16 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт20 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија40 минути

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет43 минути

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...

Свет51 минута

(Видео) Драматични снимки од руско елитно одморалиште: експлозии и пукање

Украинците нападнаа пристаниште во рускиот црноморски туристички град Сочи, потврдија тамошните власти. Сочи, познат како „втор главен град“ на Русија,...

Свет1 час

Трамп: Пречката за мир во Украина се двајца луѓе кои се мразат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела и дека...