Соопштенија
Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален извршен директор на Direct Media United Solutions
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Marijana-Agic-Molnar2.jpg)
Маријана Агиќ-Молнар е новиот регионален директор на Direct Media United Solutions.
Од почетокот на кариерата, Маријана е активна во маркетинг индустријата повеќе од 25 години. Таа е стратег за маркетинг и data science и експерт за креирање на нови деловни решенија користејќи достапни податоци.
Маријана ја започна својата кариера како истражувач на пазарот во тогаш водечката компанија за маркетинг истражување “Mark-Plan“, а продолжи во компанијата Coca-Cola како стратешки менаџер за pre-search, истражување и трендови. Таа го основа својот прв стартап (Focus MR) во 2000 година, кој се занимаваше со маркетинг истражување. Две години подоцна, Focus MR го презема една од водечките светски компании за истражување на пазарот – GfK, а Маријана станува генерален менаџер на земјите од Адриа регионот, а потоа и член на одборот на директори за управување со посебни истражувања во Централна и Источна Европа. Таа беше одговорна за развој на напредни аналитички проекти и нови извори на податоци на ниво на Централна и Источна Европа. Во 2019 година доаѓа на позиција извршен директор и стратег за податоци во својот втор старт-ап “DATA DO”, компанија која развива интригантен модел – комбинира Data Science со разбирање на пазарот и потребите на потрошувачите за да им помогне на компаниите да откријат нови можности и да го зголемат приходот. На полето на data-driven стратешки консалтинг има соработувано со многу меѓународни и регионални компании како што се: Ahold Delhaize, The Coca-Cola Company, Erste, Nelt, Molson Coors, Carlsberg, Atlantic Brands, Lidl, KFC, Phoenix Pharma… Маријана Агиќ-Молнар е Магистер по економија и член на одборот на директори на IAA, еден од основачите на AcademIAA – модул за маркетинг истражување и аналитика.
„Многу сме задоволни што Маријана Агиќ-Молнар ќе биде на чело на водечкиот агенциски систем во Југоисточна Европа, Direct Media United Solutions. Direct Media е моќен систем и затоа избравме компетентен и искусен професионалец да раководи со него. Пазарот за рекламирање полека се трансформира и употребата на податоци при носење маркетиншки одлуки ќе донесе голема промена на пазарот. Затоа Маријана е вистинскиот избор. Со нејзиното доаѓање, мрежата на професионалци во Direct Media United Solutions добива додадена вредност, уште една гранка на бизнисот и со тоа станува уште посилна“, изјави Дирк Геркенс, директор за програми, продукција и рекламирање во United Media.
„Среќна сум што сум на чело на тимот на Direct Media, мрежа на професионалци кон кои имам голема почит, а некои од нив ги познавам долги години. Заедно, ќе ја зајакнеме водечката позиција на адвертајзинг пазарот во Србија и регионот, ќе го зачуваме и негуваме она што ја прави оваа компанија толку успешна. Исто така, ќе развиеме нови деловни модели и ќе најдеме нови можности за користење на податоците и нивна монетизација. Целта е, користејќи податоци, да го трансформираме начинот на кој обезбедуваме услуги и да им помогнеме на партнерите да бидат подобри и поуспешни “, изјави Маријана Агиќ-Молнар.
Direct Media е водечки агенциски систем во Југоисточна Европа, мрежа на професионалци во повеќе земји: Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Албанија. Во нашиот единствен пристап кон маркетингот и комуникациите, го комбинираме најдоброто од медиумите, креативноста, технологијата и податоците. Сите тие заедно се движечката сила за растот на нашиот бренд, чии темели се во медиа закупот и адвертајзингот.
За United Media
United Media е дел од United Group и е водечка медиумска компанија во Југоисточна Европа. Присутна е во осум земји и има 4.200 вработени, а годишно произведува повеќе од 40.000 часа оригинална содржина која преку водечките меѓународни оператори се дистрибуира на пазар од повеќе од 40 милиони луѓе. Покрај тоа, во своето портфолио има 55 телевизиски станици, од кои седум имаат национална лиценца и успешно дигитално портфолио од 30 веб портали, како и шест печатени изданија и пет радио станици. Компанијата нуди и уникатни адвертајзинг услуги преки продажба на рекламни слотови и прецизно таргетирање според целната група за избраните канали.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Соопштенија
Почна со реализација проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ‘Алкалоид’“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/nm-1.jpg)
„Алкалоид“ во својот развоен фокус ги има, пред сѐ, своите вработени и нивните семејства, а грижата за најмладите е клучен дел од алкалоидовата корпоративна култура. Во насока на зајакнување на чувството за припадност на колективот и кај најмладите членови, „Алкалоид“ ги отвори вратите од своите производствени погони во сегментот козметика за децата на тамошните вработени, со цел непосредно запознавање со компанијата во која нивните родители го поминуваат своето работно секојдневие.
Овој настан, кој им овозможи на малите истражувачи да ги посетат одделенијата за развој, производство и за пакување на производите од портфолиото на Becutan на локалитетот Лафома, во присуство на своите родители, претставува еден од повеќето планирани кои ќе се организираат во рамките на проектот Малите алкалоидовци го истражуваат „Алкалоид“. Ваквото зближување на малите алкалоидовци со компанијата преку еден интересен, проактивен пристап и преку наменски конципирана едукација, во согласност со нивната возраст, им отвори еден целосно нов свет за истражување, кон кој пристапија со неверојатна љубопитност и желба за осознавање.
Организираните посети на малите алкалоидовци ќе станат традиција, а се очекува компанијата да ја посетат повеќе од 1.000 деца на вработените, на возраст од 3 до 18 години.
Покрај едукативниот дел, во чии рамки децата имаа можност од прва рака да ја осознаат работната средина на своите родители, настанот беше збогатен и со забавни содржини за запознавање и за меѓусебно дружење низ спорт и игра во организирани активности.
Човечките ресурси остануваат во развојниот фокус на „Алкалоид“ како едно од највредните капитални добра на алкалоидовата берза на вредности.
ПР текст
Соопштенија
Јанушев: Хајката на СДС е неоснована, ги фаќа страв затоа што секојдневно како Генерален секретаријат откриваме нови злоупотреби и ќе треба да одговараат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/janusev-1.png)
„Со денови ги гледам оние трагикомични обиди на СДС и нивните докажани полтрони и сателити во политиката како отворено лажат и ме дискредитираат, како измислуваат и се прпелкаат. Толку изгледа бедно и мизерно нивното поведение што совршено го отсликува мочуриштето во кое се потопени, а во кое царува политиката на ниски страсти, ниски удари и безидејноста која дава одговор зошто и 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори, што е историски најслаб резултат на СДС, на наредните ќе биде недостижна граница затоа што ќе потонат уште подлабоко“, вели Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска на прес-конференција Кузеска од СДСМ кажа дека Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев.
„Ве пуштав да се излизгате… прво да изнесе лаги еден сдсовски сателит и советник на криминалното СЈО, во исто време шарен револуционер и познат лажен патриот, па потоа да се надоврзе една пара партиска структура и на крај да излезе изворот на таквите дезинформации, партијата која ја води неврохирургот на Заеви или како што во СДС го викаат малиот на Зоки, Венко Филипче.
Па да ви одговорам по ред.
Прво, СДС вели дека имотот на анкетниот лист е енормно зголемен. Тоа не е вистина и е комплетна лага. Не само што не е зголемен, туку е и двојно помал доколку се направи споредба со тој од 2017та година.
Второ, не постои никакво подарено земјиште … има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од моја страна. Истиот имот кој во моментов го поседувам, го поседував и во минатото и доколку било што беше проблематично владата на СДС&ДУИ имаше и повеќе од доволно време да постапува.
Трето, 7 години бандитите на ДУИ и СДС беа на власт. 7 години водеа политички процес и хајка врз мене и тоа за непостоечки случај за набавка на автобуси, и кога можеа за тоа да водат случај, што мислите колку пати ќе бев затворен доколку е вистина она што сега го говорат?
Да не заборавиме дека само до месец и половина, тие беа баграта која водеше процеси, која судеа луѓе, обвинуваа и прогласуваа за виновни. Ова се криците на истите тие бандите кои нема да не поколебаат во намерата Македонија да ја вратиме на народот.
А сега ќе ви кажам и зошто се исплашени. Затоа што меѓу другото како Генерален секретар на Владата, работејќи од 12 до 16 часа на ден, доаѓам до фрапантни сознанија. Ајде тоа што затекнавме празни канцеларии, без столчиња и услови за работа, туку ќе треба да одговарате и за милионите евра фрлени за софтвери кои не функционираат, за картички кои не работат, за машини за штампање на пластика и документи кои невообичаено се во посед на ГС, за набавка на клима уреди кои се несоодветни за тоа што е потребно, но важно критериумот набавувачот да е од Струмица е задоволен и ред други работи.
Паразити кои ја оставија Владата со затворен главен влез затоа што 2 години не ги сервисирале скенерите и полесно им било да го затворат влезот.
Останете така. ОЈО има работа. А, вие продолжете да измислувате и да се давите во барата“, вели Јанушев.
Соопштенија
Левица: Клиничките центри остануваат руинирани, ребалансот предвидува тројно намален буџет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/untitled-20-e1543931531449.jpg)
Новата влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ на самиот старт ја обезвредни здравствената дејност. Трикратно намалување на буџетските средства за изградба на државните Клинички центри и болници низ Македонија со новиот ребаланс на буџетот. Од прв ден докажа дека нема цели и соодветни приоритети за зајакнување на капацитетите на јавното здравство, како и унапредување на пристапот до здравствена заштита како важен елемент во еден државен систем, истакнуваат од Левица.
„Предвидено е трикратно намалување на средствата за доизградбата на Клиничкиот центар во Штип, како и за нов Клинички центар во Скопје, иако во предизборната кампања, ДПМНЕ како приоритет на новата Влада ја промовираше доградбата на Клинички центар во Штип и изградба на нов Клинички центар во Скопје.
Средствата за доизградба на Клиничкиот центар во Штип и нов Клинички центар во Скопје се намалени од 2,5 милиони евра на само 880 илјади евра;
Од 2 милиони евра, намалување на 780 илјади евра има и за Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид и Клиниката за хирургија во Скопје;
Од 800 илјади евра, сега само 29 илјади евра има и за ЈЗУ Општа болница во Кичево.
Политиката на кратење на средства од јавното здравство укажува на фактот дека намерата на новата власт е да продолжи со руинирање на јавното здравство. Продолжува политиката на Венко Филипче и Фатмир Меџити кои на штета на јавното здравство граѓаните ги фрлија во канџите на приватните болници, коишто своите услуги ги наплаќаат десеткратно повисоко во однос на државните болници“, велат од Левица.
Потсетуваат дека министерот за здравство, Таравари, на прес конференција децидно посочи дека нема покачување на платите за здравствените работници до крајот на годинава поради буџетскиот дефицит.
Но од Левица дополнуваат дека за огромниот број на работници во јавниот сектор, oд кои голем дел не се појавуваат на работното место, власта одвои 723 милиони евра.
Левица ја осудува, како што велат, неразумната одлука за измена на висината на буџетските средства насочени кон јавното здравство.
„Како партија се залагаме за зголемени инвестиции во сите сегменти на јавното здравство. Држава мора да изнајде механизми, средства и решенија со кои на најголемиот дел од граѓаните во Македонија ќе им биде достапно бесплатно јавно здравство со врвни професионални здравствени услуги, почнувајќи од здравствените домови, па се до клиничките центри“, потенцираат од партијата.