Контакт

Соопштенија

Мицкоски домаќин на унгарскиот амбасадор: „Криминалите на власта се кочница за евроинтеграциите“

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјава, Ласло Дукс.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

Мицкоски на средбата истакнал дека високата корупција, како и бројните афери без завршница поврзани со функционери од актуелната власт претставуваат сериозна сопирачка за Македонија.

„Власта наместо да биде фокусирана на исполнување на реформите и подобра економија и инфраструктура, целата енергија ја посвети на политички пазари со цел амнестија за криминалите изминативе години“, порачал партискиот лидер нагласувајќи ја заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за откочување на патот кон интеграција на земјата во европското семејство.

На средбата била посочена и одличната соработка помеѓу Македонија и Унгарија, но соговорниците се согласиле дека има простор за уште поголема соработка како на економски, така и на научен план во иднина.

Економија

„Викенд без ДДВ“ е наш проект, тврдат од ЛДП

Објавено пред

Проектот „Викенд без ДДВ“ е предложен уште во 2012 година од ЛДП, тврдат од партијата преку соопштение.

„Во недостаток на креативност, јавноста беше сведок на изјавата на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој во гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“ долгогодишниот предлог на ЛДП се обиде да си го препише како нивен производ и да повика на протест во врска со едно од трите нивни клучни барања, меѓу кои е и иницијатива на предлог – закон за „Викенд без ДДВ“.

Јавноста не заборава дека предлогот за „Викенд без ДДВ“ беше доставен од страна на ЛДП пред 8 години кога владата беше предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Истиот предлог ЛДП повторно го презентираше и во септември 2016 година преку потпретседателот на партијата Зоран Шапуриќ. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше слух за предлогот на ЛДП и истиот целосно го отфрли. Со години ВМРО-ДПМНЕ имаа вистинска и единствена можност да го прифатат предлогот на ЛДП и да ја покажат на дело вистинската грижа за стандардот на граѓаните и растот на приходите во одредени продажни сектори со дополнителни приливи кои директно ќе се слеат во македонското стопанство. Неколку години подоцна, кога ЛДП како дел од Владата го спроведува на дело предлогот, крајно е невкусен вчерашниот чин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, кој пред македонската јавност се обиде да го претстави предлогот на ЛДП како грижлив изум на неговата партија.

„Викенд без ДДВ“ функционира како пракса многу години наназад во Соединетите Американски Држави и во некои земји во Европа. Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка. Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект.

ЛДП како дел од успешната соработка во владината коалиција ќе продолжи да работи на проектите кои значат поддршка на претприемништвото, стимулирање на креативните сектори преку одржување на рамниот данок, децентрализација на власта и поголема и финансиска одговорност на општините и натамошен развој на приватниот сектор како основа за развојот на државата“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најавениот нов пакет мерки е параван за крадење

Објавено пред

Најавата за нов пакет мерки на мафијата на Заев е параван за ново крадење, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение откако СДСМ најави нов пакет мерки за погодените граѓани со коронавирусот.

„Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки. Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн.

Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат. Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат. Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат.

Едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа? Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Владата се грижи за лозарите

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија, велат од партијата.

„Дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок ќе се обезбедат од средствата од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со коронавирусот. За винските сорти вранец и смедервка остануваат претходно договорените 2 денари субвенции за килограм, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања, како и 2 денари субвенција за откупено грозје. Овие средства ќе им бидат исплатени на лозарите до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата со коронавирусот“, велат од СДСМ.

Дополнително, велат од СДСМ, останува супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино

„Владата предводена од СДСМ, во изминатите 3 години покажа вистинска грижа за лозарите, со решавање на наследениот хаос во овој сектор, со исплата на заостанатите субвенции, редовно и неселективно плаќање на субвенциите, а го реши и долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари. Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет13 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија15 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија17 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион19 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија21 час

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија23 часа

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија23 часа

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура23 часа

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија23 часа

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет1 ден

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет1 ден

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура1 ден

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион2 дена

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија2 дена

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион2 дена

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија2 дена

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Досие