Контакт

Соопштенија

Отфрлена кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности во Желино и Боговиње

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменик-претседатели и членови на избирачките одбори во општините Желино и Боговиње, против непознати лица што помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за референдумот на 30.9.2018 година. Според наводите од пријавата, пријавените се товареа дека ги сториле кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, несовесно работење во службата, злоупотреба на избирачкото право, изборна измама, фалсификување или уништување деловни книги и повреда на тајноста на гласањето.

Јавниот обвинител, кој постапуваше во предметот, презеде дејства за проверка на наводите во пријавата, при што ги сослуша пријавените лица и ја прибави целокупната документација од надлежните органи, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија. По преземањето дејства за прибирање материјални и вербални докази во предметот, надлежен јавен обвинител утврди дека записниците на избирачките одбори од спроведеното гласање на државниот референдум се уредно пополнети и потпишани од претседателите и членовите на одборите, без притоа да биде наведено дека имало какви било нерегуларности и неправилности во гласањето. Наведеното во записниците е потврдено со изјави дадени од сите осомничени. Нерегуларности не биле констатирани ниту од други лица, кои биле ангажирани за следење на изборите, како што се набљудувачите од „Мост“. Во дадените изјави полициските службеници, кои на изборниот ден ги обезбедувале избирачките места, истакнале дека на денот на изборите немало ситуација од која би произлегла потреба да реагираат во поглед на преземање службени дејства за пријавување и отстранување неправилности.

По анализа во предметот, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема каков било материјален или вербален доказ за потврда на наводите од поднесената пријава по што одлучи да ја отфрли од причини што во дејствата на пријавените лица не се содржани елементите на кривичните дела што им се ставаат на товар ниту, пак, во нивните дејства се содржани елементите на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.​

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Советот на Европски полициски синдикати бара брза реакција од властите за нападите врз македонски полицајци

Објавено пред

Претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас (каде што Македонскиот полициски синдикат е рамноправнен член), со писмена реакција се обрати до македонскиот премиер Зоран Заев, до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, по повод нападите врз македонски полицајци кои се случија во последните неколку денови.

„Ние како CESP најостро го осудуваме насилството врз полицијата, што претставува сериозно кривично дело и ваквите постапки и однесување нема да бидат толерирани. Секој што напаѓа полициски службеник или друг службеник за безбедност треба да се соочи со законот и да сноси сериозни правни последици“, стои во обраќањето на Валадас.

Во него се наведува и дека Советот на Европски полициски синдикати очекува брза реакција од сите релевантни институции во земјата.

„Силно веруваме во ефикасноста на македонските надлежни институции и се надеваме на брзо решавање на ова прашање. Ние ќе продолжиме да бидеме ваш европски партнер и внимателно ќе ги следиме случувањата во вашата земја“, вели претседателот на Советот на Европски полициски синдикати во обраќањето до македонските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

Полицајци нападнати во угостителски објект во Охрид

Против две лица од Охрид поднесена е кривична пријава за напад врз службени лица. „Пријавените Н.Т.(42) од селото Лактиње и...

Регион59 минути

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија1 час

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија1 час

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Свет2 часа

Ерменското министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах...

Македонија2 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија14 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија15 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион16 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет16 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет17 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ18 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија19 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија20 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ21 час

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа21 час

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет22 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ23 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Досие