Македонија
Пендаровски: Мицкоски се согласи дека на земјата не ѝ е потребно членство во ЕЕЗ

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, во врска со понудата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона (ЕЕЗ), денеска појаснуваат дека тоа било идеја која во Брисел циркулирала во октомври минатата година кога отварањето преговори за Македонија беше одложено заради усвојување на новата методологија.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ реагираше и јавно запраша зошто државниот врв ја одбил ваквата понуда, но претседателот објаснува дека тој и тогаш и сега смета дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа, а како што вели, тоа на 20 октомври 2019 година било прифатено на средба меѓу претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата.
„На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија ѝ е потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција ѝ е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности – владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права. Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Видеосредба Димитров – Клус

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше видеосредба со Мартин Клус, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка.
На состанокот инициран од словачка страна се разговараше за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето. Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде што најмногу може да придонесе.
Вицепремиерот Димитров информираше за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласи дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда. Тој додаде дека „Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ, односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности”.
Македонија
72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 45, Куманово – 4, Тетово – 4, Гостивар – 4, Штип – 4, Кавадарци – 3, Струга – 4, Кичево – 1, Свети Николе – 1, Неготино – 1, Дебар – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје – 511, Куманово – 51, Тетово – 32, Прилеп – 46, Гостивар – 29, Штип – 17, Битола – 34, Велес – 38, Струмица – 26, Кавадарци – 50, Кочани -22, Кичево – 11, Свети Николе – 5, Гевгелија – 15, Неготино – 21, Дебар – 22, Ресен – 3, Крива Паланка – 20, Радовиш – 23, Берово – 9, Делчево – 1, Пробиштип – 3, Виница – 4, Валандово – 5, Македонски Брод – 2, Богданци – 6, Крушево – 3, Демир Капија – 2, Пехчево – 11, Дојран – 1.
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87), три од Прилеп (69, 76 и 57), еден пациент од Велес (51), еден од Неготино (80), еден од Дебар (71), еден од Радовиш (66), еден од Македонски Брод (66) и еден пациент од Кратово (76).Од нив еден пациент е починат надвор од, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, бројката на оздравени пациенти е 74.800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11.924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38853, активни 7027
• Куманово 5050, активни 436
• Тетово 4977, активни 456
• Прилеп 4482, активни 267
• Гостивар 3546, активни 316
• Штип 3447, активни 167
• Битола 3174, активни 226
• Велес 2970, активни 310
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 365
• Кавадарци 2411, активни 366
• Струга 2152, активни 175
• Кочани 1702, активни 120
• Кичево 1671, активни 150
• Свети Николе 1061, активни 48
• Гевгелија 954, активни 116
• Неготино 945, активни 154
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 712, активни 113
• Крива Паланка 705, активни 72
• Радовиш 676, активни 53
• Берово 567, активни 51
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 40
• Валандово 325, активни 24
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 32
• Кратово 209, активни 15
• Крушево 192, активни 33
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 36
• Пехчево 175, активни 14
• Дојран 81, активни 7
Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје – 39, Авицена – 155, Биотек-78, МАНУ – 59, Жан Митрев (Филип Втори) – 89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК-0, Синлаб – 27, Ремедика – 24, лабораторија болница Козле – 0, ЈЗУ (рапид тест) – 75, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид-19.
Македонија
Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче, за кој, како лекар, смета дека треба да биде првиот функционер што ќе се вакцинира.
Одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв ќе ја прими вакцината, тој рече дека со личен пример ќе им покаже на граѓаните дека треба да ја примат вакцината.
„Првин треба да се вакцинира здравствената Комисија, нашите херои лекари, медицинските сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам веднаш по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните што побргу сите да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече премиерот Заев.
Тој очекува враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60-70 отсто од населението.
Според досегашните најави, првите 5.850 вакцини од „Фајзер“ треба да стигнат во февруари. Тие се дел од договорот за набавка на 800.000 дози од оваа вакцина преку Ковакс-системот, доволни за вакцинирање 400.000 граѓани. Од истата вакцина на „Фајзер“ 8.000 дози пред два дена најави дека за нашите граѓани ќе одвои и Србија. Министерот Филипче ги договара деталите, како и начинот и времето кога ќе бидат испорачани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот