Контакт

Соопштенија

Попова: Шилегов има обврска што побргу да го реши проблемот со кучињата скитници

Објавено пред

Скопје стана град каде што главна тема се комарците, а главен проблем кучињата скитници. Не е ниту до времето зошто има комарци ниту, пак, до размножувањето на кучињата скитници. До неспособноста на Шилегов е и до неговата неработа. 10 месеци Шилегов, 10 месеци неработа, неодговорност и неспособност. За 10 месеци со Шилегов на чело, Скопје стана град преплавен со кучиња скитници за кои градот не презема ништо во насока на нивно третирање и стационирање, изјави Ирена Попова, советничка во Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Сведоци сме на глутници кучиња што секојдневно се движат на сите места во градот, кои нетретирани се опасност за граѓаните. Неспособноста на Шилегов резултира со десетици граѓани кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото, раскинати мускули и тетиви, а често и со скршеници. По нападот, граѓаните се исплашени и трауматизирани, ситуации што оставаат трага во нивниот понатамошен контакт со кучиња. Дополнително, нетретираните кучиња често може да бидат преносител на зараза, која потешко се лекува и може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Градските власти имаат обврска да ги третираат и стационираат кучињата скитници. Шилегов во изминатите 10 месеци откако е градоначалник, иако вети, не презема ништо во оваа насока“, рече Попова.

Таа додаде дека Шилегов има обврска кон граѓаните што побргу да го реши проблемот со кучињата скитници додека тие не станат проблем за скопјани и нивното нормално живеење.

Економија

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста.

dobivaj vesti na viber

Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадената вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозитите на штедните влогови нема да се даночат.

Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното даночење, односно се укинува концептот на прогресивно даночење и ќе продолжи да се применува даночењето со единствена стапка од 10 отсто.

Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис-заедницата е ослободувањето на реинвестираната добивка.

Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти, која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои исто така се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се даночат со втората повластена стапка.

Во однос на хонорарците, преку дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.

Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно, со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.

Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во даночењето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.

Даночната реформа воведува даночен систем, кој ќе биде предвидлив, транспарентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособната ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Неспособноста на локалната власт во град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефункционалност, јавниот превоз е во колапс. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Град Скопје. Градоначалничката Арсовска со раскинување договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека скопјани се принудени да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни, што предизвикува нервози и доцнења. ЈСП сè подлабоко тоне во долгови, а згора на сè склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните. Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.

Од СДСМ велат дека додека јавниот сообраќај е во хаос, никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше. ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во град Скопје. Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму скопјани. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја потврди коалицијата со Арсовска – СДС стои зад хаосот во Скопје, ги врзуваат тендери и матни зделки

Објавено пред

Тајната коалиција Ковачевски – Арсовска излезе на површина. И самиот Ковачевски призна дека имал средби со Арсовска во Влада. СДС и Арсовска стојат позади целиот хаос во главниот град. Ковачевски и Арсовска заедно се виновни за грабежот над скопјани кои здружно го прават. Нивната коалиција е само за бизнис зделки и тендери во четири очи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Арсовска постави кадар на СДС за директор на ЈСП. Директорот на ЈСП, Стојковски, лично ја потпиша набавката од 27 милиони евра за гориво по цена од 2 евра за литро. Грабежот на Скопје е заеднички организиран од Ковачевски и Арсовска. Арсовска ги малтретира работниците и го загрозува јавниот превоз во Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само за две недели, Арсовска се соочи со протести на вработените во ЈСП поради неисплатени плати, на приватните превозници поради неисплатен долг, како и протестите на вработените во Дрисла поради закани за отпуштање е доволен показател дека градот не функционира.

Градот никогаш не бил понечист, граѓаните за прв пат немаат јавен превоз, додека претпријатијата се пред колапс, а долговите растат, Арсовска наместо да се фати за работа и да ги реализира проектите од програмата за Модерно Скопје за кои скопјани дадоа поддршка, се среќава на тајни средби со Димитар Ковачевски и СДС.

Една година беше доволен период за скопјани да видат дека Арсовска е најнеспособната градоначалничка. Арсовска мора веднаш да си замине, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет34 минути

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет36 минути

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...

Свет40 минути

Зеленски тврди дека од руско заробеништво се ослободени повеќе од 1.000 украински војници

Повеќе од илјада Украинци беа ослободени од руско заробеништво за време на војната, рече Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека...

Економија11 часа

ЕУ постигна договор за руската нафта

Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност...

Свет11 часа

(Видео) Еруптираше најголемиот активен вулкан во светот, лавата се поблиску до градот

Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на...

Свет14 часа

Сноуден се заколна на верност на Русија и доби руски пасош

Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013...

Свет14 часа

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа...

Македонија15 часа

Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само...

Македонија21 час

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – медиумите на „Клип медија груп“ прославија јубилејни родендени

Првата независна новинска агенција „Макфакс“ прослави 30 години постоење, сега како дел од групацијата „Клип медија груп“, а јубилеи прославија...

Македонија21 час

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет22 часа

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет22 часа

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион22 часа

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, даде целосна поддршка на евро-атлантските интеграции на...

Економија24 часа

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 ден

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 ден

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот Илинден. Директорот...

Свет1 ден

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет1 ден

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во брзо време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира набргу да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет1 ден

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Северноатлантскиот сојуз нема да биде вовлечен во војната на Путин. „Руската...