Контакт

Соопштенија

СДСМ: Благодарност за сите кои се борат со пожарите, продолжуваат инвестициите во човечкиот капитал

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ изразија благодарност за пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците и до сите што преземаат натчовечки напори во борбата со пожарите.

dobivaj vesti na viber

„Нашите најголеми борци деновиве за својата посветеност ќе бидат наградени со финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори.
Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари. Град Скопје и повеќе општини дополнително ќе им доделат награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата“, потсетија од СДСМ.

Од партијата напоменуваат дека во изминатите четири години работат на, како што велат, унапредување на социоекономската положба на пожарникарите, на безбедноста на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.

„Со новиот закон за пожарникарството ќе креираме решенија што ќе значат подобра социоекономска положба на пожарникарите. Платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Дечево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20% од декември 2020 година, додека основната плата на пожарникарите во просек е зголемена од 4.500 до 6.000 денари. Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи со што ја исправаме неправдата нанесена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал“, истакнаа од СДСМ.

Од таму потенцираат дека Противпожарната единица Берово, една од најпогодените деновиве, пред два месеца добила четири нови противпожарни возила и опрема за пожарникарите.

„За првпат во земјава неодамна е набавено противпожарно возило со скала, што, за жал, беше критикувано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ. Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците, доброволците ќе се избориме против огнената закана, а потоа ќе се посветиме на санирање на штетите, пошумувањето, како и на отстранување на проблемите кои се јавуваат во вакви случаи. Одново покажавме дека за нас луѓето се најсилниот капитал на нашето општество“, велат од СДСМ.

Соопштенија

Кожувчанка ДОО донираше изворска вода на Армискиот полигон Криволак

Објавено пред

Криволак е армиски полигон за воени вежби во Македонија кој е изграден уште пред 70-ина години.

dobivaj vesti na viber

Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.

“Mисијата на полигонот како центар за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на нашата армија, а мисијата на Компанијата Кожувчанка е секогаш да ја обезбеди потребната помош и поддршка!” – изјавија од Кожувчанка ДОО.

Затоа, денес, Кожувчанка од Кавадарци донираше 10.000 литри Изворска вода на армискиот полигон Криволак.

Да го чуваме и негуваме своето и да го вратиме статусот на Криволак како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници место за вежби.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

100 години „Скопско“ – секој има своја приказна со „Скопско“

Објавено пред

„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.

dobivaj vesti na viber

Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“. Оваа година, еден век подоцна, „СКОПСКО“ слави 100 години. Импозантна бројка и огромен успех, кои се должат на сите вас! Токму затоа славењето на својот 100. роденден „СКОПСКО“ го почнува со вашите приказни. Почетокот на кампањата се фокусира на сите луѓе што нè потсетуваат на главната доблест на нашето најпознато пивско име, неговата моќ 100 години да создава незаборавни приказни.

Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Сите овие луѓе се главните протагонисти во кампањата и нивните видеа може да се погледнат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.

Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!

За наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Славиме заедно – 100 години Прилепска пиварница“

Објавено пред

На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.

dobivaj vesti na viber

Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.

Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Камала Харис во прва изјава по повлекувањето на Бајден вели дека “ќе ја заработи и ќе ја освои“ демократската номинација

Потпретседателката Камала Харис вети дека ќе ги “обедини” демократите откако Џо Бајден се повлече и ја одобри да биде стандарден...

Македонија9 часа

(Видео) ЦУК објави видео од пустошот од пожарот над Криволак: Економската штета е ниска, еколошката е голема, вели Ангелов

Повеќе од 10 пожари остануваат активни и вечерва, но ниту едно населено место не е загрозено, извести директорот на Центарот...

Свет11 часа

Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане...

Македонија12 часа

Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат...

Економија12 часа

Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании

Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група...

Економија13 часа

Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците

Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес...

Топ14 часа

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил...

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка...

Култура17 часа

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот...

Свет17 часа

Руски МиГ-ови пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбени авиони спречиле два американски стратешки бомбардери да ја преминат државната граница...

Македонија18 часа

На журка кај Бабуна, велешко, синоќа уапсени деветмина, полицијата им нашла дрога

Велешката полиција синоќа уапси девет лица од кои тројца малолетници оти на журка кај местото викано Бабуна, велешко, им нашла...

Топ20 часа

Ограбиле фирма во Долно Српци, полицијата ги фати и ги уапси сосе украденото на патот Битола-Прилеп

Битолската полиција вчера уапси двајца крадци на регионалниот пат Битола-Прилеп. Се сомничат дека дената украле повеќе предмети од фирма во...

Македонија21 час

Армиски хеликоптер полета кон пожарот кај Македонски Брод, но се врати оти од премногу густ чад не може да дејствува, рече Ангелов

Од вкупно триесет пожари вчера, девет се уште се активни, а под контрола за да не се шират се ставени...

Македонија22 часа

Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени

Серија земјотреси на Крит утрово регистрираат грчките сеизмолошки лаборатории. Најсилниот е со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер од четири...

Македонија23 часа

Не полевајте бавчи и не полнете базени, апелира скопски „Водовод“ по регистрирана енормна потрошувачка

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со...

Македонија2 дена

Без плата, без здравствено и со возило старо 38 години, вработените во Национални шуми 11 дена се борат со огнот на Серта (ФОТО+ВИДЕО)

Без здравствено осигурување, со плата која доцни и не им е исплатена од мај годинава, вработените во Национални Шуми на...

Македонија2 дена

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија2 дена

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ2 дена

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...