Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, Мицкоски молчи за аздисувањето со народните пари

ВМРО-ДПМНЕ е пример на расипничко и криминално трошење на народните пари, со милијарди потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби, кристални лустери, вртелешки и низа други непродуктивни работи, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.
„Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а во реалноста неговите градоначалници во време на криза крчмат општински буџети на партиски вработувања и аздисување. Ако толку се грижи за граѓаните, Мицкоски да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети што ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните. Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода“, додаваат во писмената реакција од СДСМ.
Бараат Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за, како што велат, партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра за чоколади и бонбони во општинскиот буџет.
„Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра и ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините, тоа се сериозни средства. Наместо да молчи, Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните“, реагираат од партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка?, прашуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи, ниту пак известил преку прес службата на собранието за неа. Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?“, посочуваат од опозициската партија.
Активностите ма Џафери, оценуваат од партијата на Мицкоски, можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО.
„И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација.
Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој и го приредува Џафери на Македонија“, е наведено во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема

Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема. Владата оди со ребаланс на буџетот, кој пред 6 месеци кога го креира им беше идеален. Ребалансот што го бара сега Ковачевски е на буџетот што самиот тој како заменик-министер го креирал. Владата планира нови задолжување, а во изминатите 3 години нѐ задолжи 2,4 милијарди евра, без ништо да изгради. Само за споредба, претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години креираа долг од 2,8 милијарди евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека со новите задолжувања овие две влади на СДСМ ќе бидат владите што најмногу ја задолжиле Македонија, а немаат ништо направено.
Капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3 %. Со вакво темпо Владата едвај ќе надмине 50 % реализација на првично предвидените пари за капитални инвестиции.
Каде одат парите што утре народот ќе треба да ги враќа? Што направија до сега? Одговорот на овие прашања е причина зошто мора да има предвремени парламентарни избори што побргу, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза, службеници на Владата се луксузираат под покритие како новинари

Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок, престојувале во Софија, Бугарија, три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите, биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување што им следува, нема исплатени субвенции во образованието, нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.
Од партијата потсетуваат дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиона евра за службени возила, а дополнителни 2 милиона евра само на мебел, кафиња и режени цвеќиња.
Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине, се вели во соопштението.