Македонија
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да создадат хаос, прават притисок врз СОНК

Откако СОНК објави дека штрајкот е во мирување,согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, граѓаните гледаат како ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очајно прават притисоци врз членовите на СОНК и директорите на училиштата во општините раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Ваквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им прават штета и на наставниците и на членовите на СОНК.
Како што соопшти СОНК штрајкот од утре е ставен во мирување наредните 20 дена.
Согласно мирувањето на штрајкот, утре сите треба да се на училиште и професорите на работа.
Секое прекршување сноси одговорност согласно закон, и за наставниците и за директорот на училиштето, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците лоцирани на патот од с. Сопиште кон с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од дел од бул. ВМРО (спроти Пошта). (Општина Центар)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Илија Димовски – Гоче. (Општина Аеродром)
Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од ул. Саса во нас. Пинтија. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од викендиците во с. Побожје. (Општина Чучер Сандево)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Бардовци, (место викано Рупа). (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утре без вода делови на Центар, Кисела Вода и Сарај

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот бр. 21, утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, како и дел од бул. Илинден и дел од ул. Аминта Трети (потегот околу градски парк), (општина Центар)
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на ул. Димо Хаџидимов бр. 64, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, како и дел од ул. Божидар Аџија и ул. Михаил и Ефтихиј (општина Кисела Вода)
Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во с. Копаница, од 7:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Копаница и Буковиќ (општина Сарај)
Македонија
По третпат не дојдоа Камчеви за да сведочат за милионот

Граѓанскиот суд по третпат ќе се обиде да ги најде сведоците со кои бизнисменот Орце Камчев ќе се обиде да докаже дека дал 1,5 милиони евра на тужените Бојан Јовановски – Боки13 и Катица Јанева. Сметководителката во фирмите на Камчеви, Мирјана Бошковска, сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, мајката Ратка Куновска-Камчева и сестрата Кристина Камчева-Стојческа ниту на денешното рочиште не дојдоа.
Сега, обврска да ги извести за терминот на следното рочиште зеде адвокатот Кристина Стојменова. Одлагање на рочиштето не им се допадна на адвокатите кои ги застапуваат Јовановски и Јанева. Судијата Андреј Димовски, сепак, остави уште една шанса за Камчеви и сметководителката да дојдат на судење.
„ Се закажува рочиште за 6.6.2022 година, кога доказната постапка ќе продолжи со сослушување на сведоците“, кажа судијата Димовски.
Катерина Петкова, адвокат на Боки 13, сметаше дека повеќе судот не треба да ги чека сведоците. Според неа, тие не го оправдале нивното отсуство, за да им се даде нов термин да сведочат.
„Тужителот имал можност да ги извести за закажаните судења и да го обезбеди нивното присуство“, кажа Петкова.
Бојан Јовановски – Боки 13 пак, бурно реагираше. Според него, одложувањата на рочиштата е со цел да се прибави предметот од Врховен суд, а сведоците да се потсетат што кажале кога се судел предметот „Рекет“, за истото да го повторат.
„Очигледна е потребата за потсетување на сведоците на она што го кажале во кривичниот суд, бидејќи тој што не ја говори вистината брзо заборава што кажал“, кажа Боки 13.
Реакција против одлагањето на рочиштето имаше и од државниот правобранител Фитим Касапи.
Новото рочиште е закажано за една недела.