Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи против евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна партија, која работи против евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и стои на спротивната страна на државата и граѓаните, соопшти СДСМ.
„ Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски во последните три години правеше се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ предводена од бегалецот од правдата Никола Груевски 11 година ја држеше државата во изолација, скарана со соседите, далеку од евроатлантските интеграции. Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.
Продолжуваат реформите и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година. Додека СДСМ се грижи за националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ се радува на постапката на Бугарија. Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина“ се додава во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Нацева: Неготино ќе добие нов градски плоштад и кружен тек

На денешниот митинг во општина Неготино, кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева истакна дека преку реализација на конкретни проекти, Неготино и населените места ќе бидат уште попристојни и поубави за секојдневно живеење и функционирање.
„Секој граѓанин е важен, секој граѓанин заслужува да го добие должното внимание, да биде слушнат, да се разговара со него, да се разменат идеи, мислења и предлози“, нагласи Нацева.
Најави проекти за уредување на центарот на Неготино, со изградба на нов градски плоштад и кружен тек.
„Изградба на нов градски плоштад, изградба на кружен тек, реконструкција со рехабилитација на главната улица Маршал Тито, реконструкција на тротоари на улица Маршал Тито и на улица Партизанска, реконструкција на патот од Долни Дисан до Горни Дисан, реконструкција на улица Ленинова, реконструкција во населено место Криволак и многу други проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите неготинчани“, рече Нацева.
Соопштенија
Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

ДПМНЕ го запре напредокот на општина Конче. Со Илиев, Конче ќе биде подобро место за живее, народот тоа го знае. Благој Илиев не само што ги знае проблемите на Конче туку ги има и решенијата, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ на предизборниот собир на СДСМ и Коалицијата во Конче.
Димитријевиќ нагласи дека Конче заслужува да се врати на развојот започнат пред 2021 година, со чесност и одговорност која, како што посочи, ја има Илиев и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, кои се подготвени да се борат за Конче.
-Нашиот кандидат Благој Илиев е човек со визија, енергија и чесност. Тој веќе покажа дека знае како да решава проблеми и да работи во интерес на граѓаните. Затоа на овие избори да му дадеме поддршка – за да имаме вистинска грижа за сите нас. Да гласаме за него, затоа што нашиот дом Конче заслужува повеќе, повика Димитријевиќ.
Потсети дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Конче остави пустош и хаос, неостварени ветувања, исто како што Владата на ДПМНЕ и нивните сателити ја туркаат земјата во темнина, со партизација, непотизам и злоупотреби.
Нагласи дека СДСМ се бори за ред и правда, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и вистински сервис на граѓаните.
-Се бориме за држава што е дом за сите. СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност: државата да биде дом за сите. Но нашиот дом мора да го браниме од оние што сакаат да го присвојат само за себе, да им го одземат на граѓаните и да го злоупотребуваат, крадат и запуштаат. Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите, порача од предизборниот собир во Конче генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Соопштенија
Димитриева: Во Демир Капија ќе инвестираме со проекти во патната инфраструктура и отворање дневни центри за стари лица

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Демир Капија, канидатката за градоначалник Наталија Димитриева истакна дека нејзината основна цел на овие избори е создавање услови за поквалитетно секојдневие на сите граѓани за Демир Капија да почне да се развива како модерен и достоинствен град.
„Главен фокус ќе биде образованието и младите, ќе се работи на заштита на животната средина, дигитализацијата ќе биде основен инструмент за модерна општина, ќе се поттикнуваат спортот и културата, во социјалната сфера, општината ќе отвори домови и дневни центри за стари лица, дневни центри за лица со попреченост, програми за ментално здравје и советувалишта. Но знаеме и нешто друго. Дека вистинските промени доаѓаат со вистинските луѓе. Со вистински избори, со луѓе што знаат дека не можат се, но се подготвени да почнат и да истраат“, вели Димитриева.
Истакна дека во програмата се планирани многу проекти, како инвестиции во патната инфраструктурата, уредување на паркови и зелени површини така и вложување во образованието и младите, во социјалната сфера со отворање на домови и дневни центри за стари лица.
„Во програмата ветуваме и се обврзуваме на: изградба на систем за наводнување, надградба на водовод во Демир Капија, во с. Бистренци, реконструкција на улици во населените места, подобрување на комуналната инфраструктура, уредување на паркови и зелени површини, поддршка на приватни инвестиции во земјоделството, урбанистички планови и партерно уредување на селата, покривање на Градски пазар, изградба на паркинг зони, отворање на амбуланта во руралните средини, изградба на спортско игралиште“, рече Димитриева и додаде:
Со заокружување на бројот 9, вие избирате тим кој ќе донесе развој, просперитет и сигурност. Почитувани мои сограѓани да го направиме вистинскиот избор, за твоето место и твојата иднина.