Контакт

Соопштенија

СДСМ: Ги штитиме граѓаните, од денеска намалени цени на млечните производи и тестенините

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Од денеска цените на млекото и на млечните производи се намалуваат 10, а на тестенините 15 проценти, со стапувањето во сила на одлуката за замрзнување на нивните цени. Од денеска сите граѓани ќе купуваат поевтино млеко, јогурт, сирење, урда, павлака, како и макарони и шпагети.

Ова е второ замрзнување на цените годинава. Први на листата беа белиот и полубелиот леб, кои сега се продаваат по цена од најмногу 33 денари. Замрзнувањето на цените е направено врз основа на внимателни и детаљни анализи и пресметки, со кои се заштитуваат граѓаните, а не се оштетуваат компаниите.

Надлежните институции ќе ја следат состојбата на терен, а компаниите се обврзани да ја почитуваат одлуката. СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.

Во време на криза никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, велат од владејачката партија.

РЕ-Ново

Со енергетски ефикасни уреди до намалена потрошувачка на електрична енергија

Објавено пред

Можете ли да замислите само еден ден без струја? Без разлика дали сте на работа, дома, на училиште, на факултет, користењето на електрична енергија е секојдневие. Се користи за греење, ладење, готвење, осветлување, транспорт и многу повеќе.

dobivaj vesti na viber

Сепак, начинот на кој се користи енергијата има огромно влијание врз животната средина и животот во целост. Важноста на оваа тема не опфаќа само исклучување на уредите кога не ги користиме, туку и користењето на апарати што заштедуваат енергија, односно се енергетски ефикасни.

Од 1998 година наваму, 5 март се одбележува како Светски ден на енергетската ефикасност и по тој повод НЕПТУН Македонија сака да ја потенцира важноста од користење на енергетски ефикасни уреди што заштедуваат пари и енергија.

Најважната цел на одбележувањето на овој датум е да се подигне свеста за неопходното намалување на потрошувачката на електрична енергија и нејзиното рационално користење.

Имено, бројни истражувања покажуваат дека апаратите за домаќинство се најголемите потрошувачи, односно трошат 1/5 од вкупната електрична енергија на едно просечно домаќинство годишно.

Сепак, без да се намалува нивната употреба, значителни заштеди може да се постигнат со уреди од повисока енергетска класа, согласно новата ЕУ регулатива за промена во опсегот на енергетските класи. Водејќи се од бенефитот за своите потрошувачи, НЕПТУН Македонија се издвојува како лидер на пазарот во презентирање на апаратите за домаќинство според новите регулаторни стандарди, каде новиот опсег на енергетска класа се класифицира од A (највисока класа) до E (најниска класа).

Затоа, доколку размислувате да купите нов апарат за домаќинство, препорачливо е да изберете модел од повисока енергетска класа, кој освен што ќе ви помогне во значително намалување на сметките за електрична енергија, дополнително ќе влијае и на намалување во користењето на фосилните горива, унапредувајќи го квалитетот на воздухот и приближувајќи се до глобалните цели за одржлив развој, вклучувајќи ги и оние поврзани со климатските промени.

Во таа смисла, иако првичната инвестиција во енергетски ефикасни уреди може да изгледа поголема, вкупните придобивки за домаќинството, бизнисот, индустријата и за земјата воопшто, се неспоредливи на долг рок. НЕПТУН Македонија сака да ги едуцира сите заинтересирани за нови уреди, внимателно да ги проучуваат енергетските ознаки или да побараат асистенција од продажниот персонал за носење подобри и информирани одлуки.

Прикажи повеќе...

РЕ-Ново

„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Објавено пред

„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“.
Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.

dobivaj vesti na viber

Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт што би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и значајни зборови: „Литература, музика, култура“.

Од 23.02 (петок), па секој иден петок, квалитетната музика во Café Literatura во „Дајмонд мол“ станува достапна за сите. Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и незаменливиот Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на Café Literatura, секој втор петок. Џијан Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други.

Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.

„Во обид да ја збогатиме градската програма и да ја едуцираме публиката, создадовме квалитетен музички репертоар што ќе го размрда скопското секојдневие. Воодушевени сме што имаме неверојатни музички имиња како што е Џијан Емин, кој настапува на лансирањето на новата мисија на ’Литература.мк‘ и ’Џез ФМ‘, подигнувајќи ја уметничката вредност на музичките сесии. Исклучително ќе се посветиме да ги донесеме сите домашни креативни гении чија дарба ќе живее низ сите нас“, истакнаа од „Литература.мк“.

„Џез ФМ“, најстарото и единствено радио кај нас за промоција на џез-музиката и сродните жанрови, е посветено на ширење на добриот звук и иновативниот пристап кон музиката. Ова скопско радио ќе стане достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување на онлајн-стриминг на пет посебни канали. Секој канал ќе биде внимателно и тематски обработен да ги задоволува аудиторните потреби на љубителите на џез, блуз, фанк и соул. „Џез ФМ“ е посветено и на едукација на младата публика и претставување на новата музика. Преку емисии и настани посветени кон помладата генерација, ќе се претстави новата џез-сцена и ќе се промовира слободната урбана мисла што е темел на џез-музиката.

Café Literatura е опремено според највисоки стандарди за уживање во релаксирачка мешавина од квалитетни наслови и квалитетна музика преку автентичниот, суров и нефилтриран звук на зборовите и инструментите. Café Literatura ве повикува да се сместите, да се опуштите, да се исклучите од светот надвор и да бидете сведоци на длабок, емотивен музички момент преку блиска, интимна врска помеѓу музичарите, инструментите и слушателите.

*Вечерашниот настан „Читаме Џез“ е од затворен карактер.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Кожувчанка“ договори соработка со Кошаркарската федерација на Северна Македонија

Објавено пред

Со оваа соработка што денеска и официјално  ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација.

-Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава.

Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава. Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.

Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност, одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како компанија – истакна генералниот менаџер на Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска.

–  Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на спортот така и во многу други  и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас – истакнапретседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на Кожувчанка и Кошаркарската Федерација на Северна Македонија има за цел да ја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето на една убава приказна со мотив и желба за нови победи.

ПР објава

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна Бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид, откога ја ставија на лицитација...

Македонија54 минути

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија1 час

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде неговиот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите како што вели,...

Македонија1 час

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на маж со...

Македонија2 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет2 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија3 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет3 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ15 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија16 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија17 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет18 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион19 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ19 часа

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија20 часа

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија20 часа

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија22 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија22 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет24 часа

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...

Македонија1 ден

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската филијала во Гевгелија

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети кога увозник се обидел да ги...