Соопштенија
СДСМ: За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата

Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО. За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%, соопшти СДСМ.
„ Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте.
Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.
Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.
Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.
Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата“ се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали дедо му бил во Занзибар и дали потоа отишол во карантин?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот за здравство, Венко Филпче, да одговори дали неговиот дедо д-р Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот вид на Ковид-19 и дали после тоа отишол во карантин?
„Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на Ковид-19, исто како што беше Цаца Билјановска? Додека народот се мачи со ковид, илјадници умреа, а фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави“, реагираат преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
ЛДП: Секој ден е борба за унапредување на родовата еднаквост

Секој ден е ден на борба за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на стереотипните родови улоги, ова како што информираат од ЛДП се главните пораки кои се произлезени од онлајн конференцијата ,,За женските права и родовата еднаквост”, која се одржа од страна на Форумот на жените на ЛДП како главна активност за одбележување на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
На конференцијата се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски, а говор имааа и пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, и претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска-Ѓореска.
„Либерално-демократската партија ја препознава важноста и влијанието од зголемена застапеност на жените во политиката и се залага за еднакво учество на жените и мажите, поттикнувајќи ги и имплементирајќи ги политиките за родова еднаквост. Се покажа дека многу постигнавме досега, но има уште многу нешта кои треба да се остварат до родова еднакавост. Единствено половина е еднаков дел, и единствено еднакво е доволно“, рече претседателката на форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска-Ѓореска.
Соопштенија
СДСМ: Мицкоски нема капацитет за заедништво

Од владејачкиот СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту дека сака да придонесе за доброто на државата.
„Воден од наредбата да го брани криминалот на Сашо Мијалков и на Никола Груевски, Мицкоски ја кочеше правдата во државата и затоа беше против Законот за Јавно обвинителство со цел да спречи правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа и сега патот на правдата е чист, и изречени се и судски пресуди. Преку своите министри и заменик-министри во техничката Влада, Мицкоски работеше и на штета на институциите кои се бореа со вирусот“, анализираат од СДСМ.
Според нив, Мицкоски ниту во време на светска здравстена криза не покажа, како што велат, капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и државата.
„Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните дека има мнозинство и дека ќе стане премиер, но доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да прекинат со блокадите по желба на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата“, напоменуваат од СДСМ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“