Контакт

Соопштенија

СДСМ: Извештајот на Стејт департментот ги нотира напорите на Владата за борбата против корупцијата

Објавено пред

Извештајот на Стејт департментот ги нотира напорите на Владата предводена од СДСМ во борбата против корупцијата и криминалот, велат од владејачкиот СДСМ.

„Крајно несоодветно е кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ зборува за правда, за слободиа на медиумите и меѓународен кредибилитет на државата кога токму оваа партија во однос на овие прашања со години ја држеше земјата на дното на сите извештаи на меѓународни институции и организации“, додаваат од СДСМ.

Според нив, извештајот на Стејт департментот, како и оној на ГРЕКО, ги нотира подготвеноста и напорите на Владата предводена од СДСМ за градење независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата.

Во извештајот на Стејт депарментот е наведено дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, потенцираат од партијата на власт одговарајќи воедно на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што посочија дека Зоран Заев е опоменат од Стејт департментот за прекумерен притисок врз судиите.

Стејт департментот во својот извештај нагласува дека извештајот на Европската комисија забележал позитивни случувања, вклучително и усвојувањето на новиот Закон за Јавното обвинителство и подобрување на земјата во борбата против корупцијата и организираниот криминал, објаснуваат од СДСМ.

„Во извештајот е наведено и дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво. Ниту една извртен факт пласиран од белиот дворец нема да го засени успешниот извештај од Стејт департментот, нема да го засени успехот што Северна Македонија го прави на полето на независноста на судството и борбата против секаков вид криминал и корупција“, додаваат од СДСМ.

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Објавено пред

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.

„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.

Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.

„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување

Објавено пред

Соопштение на СДСМ

„Продолжува помошта кон работниците и компаниите, поразени се деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Започнува реализацијата на мерките од петтиот пакет за справување со последиците од корона-кризата, откако по двомесечна блокада од страна на опозицијата Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите.

Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места, а обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбеди кворум и повторно го порази деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.

Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.

Меѓутоа, опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување и ја откажа седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се разгледува уште еден закон од интерес на работниците.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа колку се грижи за работниците, за компаниите и за економијата.

Разликата е очигледна, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.

Затоа шест пати се казнети на сите избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори и уште долго ќе останат во опозиција“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговара – нема доволно вакцини, а пратеници шират корона

Објавено пред

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„Масовната вакцинација на населението во Македонија е само во изјавите и главата на Венко Филипче.

За каква масовна имунизација зборува Филипче кога вчера пристигнаа 10 илјади дози вакцини, а пријавени се повеќе од 160 илјади граѓани за вакцинација? Но, пиарот и сликањето со вакцините не изостана. За Филипче е важен пиарот, а не колку вакцини има.

И не само што не набавува доволна количина на вакцини, Филипче дозволува да се кршат протоколите за лицата заразени од корона.

Па така граѓаните ги затвора дома, ама кога станува збор за избрани функционери, во конкретниов случај пратениците, им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот.

И не само тоа, Филипче не ни изреагира, да каже барем дека се прекршени протоколите, па тоа се протоколи од надлежните власти со кои тој менаџира!

Ова покажува само едно дека личните и партиските интереси се над сè!

За ова Филипче ќе одговара!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија3 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет4 часа

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија5 часа

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија5 часа

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија5 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа6 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет7 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија9 часа

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија20 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа20 часа

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија21 час

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа24 часа

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија1 ден

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија1 ден

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија1 ден

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија1 ден

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија1 ден

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Досие