Соопштенија
СДСМ: Мицкоски е тој кој оди по амбасади и цимоли да се одмрзне имотот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Освен по деструкциите, Христијан Мицкоски е познат по ширењето лажни вести, реагираат од СДСМ по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за следните чекори по собраниските блокади.
„Вистината е дека токму Мицкоски е тој кој оди по амбасади, плаче и цимоли да се одмрзне имотот на неговата криминална партија, замрзнат во судскиот предмет ‘Талир’, но и да бара ослободување на неговите партиски соработници од судските обвиненија и пресуди. Мицкоски е очаен што не успеваат неговите блокади на Собранието, очаен е што неговите градоначалници се прочитани од граѓаните, а истовремено е исплашен за сопствената фотелја во белиот дворец“, е посочено во соопштението од страна на СДСМ.
Одговорност ќе има за сите, додаваат од оваа партија и дополнуваат дека Мицкоски нема да успее да ги одбрани, како што велат, неговите соработници, осудените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот

СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот. СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголем број од народот ќе плаќа 18 % и 138 % поскапа струја, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие што до вчера плаќале 4.000 денари, ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари, ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата што се греат со грејни тела на струја. Седум месеци во ек на грејна сезона, ако лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на своите домови.
СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ. Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство поради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.
СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е“, порачаа од опозициската партија.
Соопштенија
СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, соопшти СДСМ.
„Од другата страна е Христијан Мицкоски, кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија. Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се спротивставил на спорната резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.
Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат. Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, велат од владејачката партија.
Соопштенија
СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собранието не се брани криминал

Расте нервозата во белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по налог на Мицкоски се обидуваат да создадат тензии и инциденти за да го одбранат криминалот, соопшти владејачкиот СДСМ.
„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки. Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ е виновникот што го предизвика инцидентот во Комисијата за европски прашања.
Но, тоа не е првпат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието“, се вели во соопштението.
СДСМ како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни, порачаа од СДСМ.