Соопштенија
СДСМ: Мицкоски купуваше струја по 250e/mwh кога немаше енергетска криза, ВМРО-ДПМНЕ го ослабе РЕК Битола

Однесувањето на ВМРО–ДПМНЕ во екот на енергетската криза што ја поминува Република Северна Македонија е недолично и неодговорно. Функционерите на ВМРО–ДПМНЕ секојдневно шират лаги и невистини со кои го омаловажуваат трудот и напорите на вработените во РЕК Битола да ги стават севкупните капацитети во производствен погон, соопшти СДСМ.
„ За ВМРО – ДПМНЕ скоро и да не постои стручно изведен процес во РЕК Битола последниов период. Обвинуваат за нестручна санација на котелскиот дел во Блок 1, нестручен ремонт на Блок 2, заборавајќи притоа да споменат дека во голем дел од производствените единици работат професионалци, долгогодишни и искусни работници во РЕК Битола кои меѓудругото во своето слободно време извршуваат и високи партиски функции во ВМРО – ДПМНЕ.
Безобразно е ВМРО – ДПМНЕ да кажува дека назнаката ископ на јаглен е излитено клише, а пари се испумпуваат под назнака ремонт на блокови. Состојбите со кои се соочува РЕК Битола, колку и да звучи веќе банално, се директна последица на неодговорното работење на кадрите на ВМРО – ДПМНЕ во РЕК Битола и ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) во периодот 2006 – 2017 година.
Од 2010 година до 2018 година не бил направен ниту еден капитален ремонт на било кој од трите блока во РЕК Битола, спротивно на препораките на изведувачите на модернизацијата на блоковите. Ремонтите се неопходна активност за одржување на и онака старата инсталација во РЕК Битола која ВМРО – ДПМНЕ ја занемаруваше за сметка на скапите ископи на јаглен во рудниците“ додаваат од партијата.
Оттаму посочуваат дека е ноторна лага дека годинава се потрошиле 60 милиони евра за ископ на јаглен, но, како што велат, вистина е дека менаџерите на РЕК Битола во време на ВМРО – ДПМНЕ трошеле и по 40 милиони евра за ископ на јаглен, а произвеле помалку електрична енергија отколку во најлошите години на РЕК Битола.
„ ВМРО–ДПМНЕ лаже и кога тврди дека во 2017 година нивниот менаџерски тим во РЕК Битола оставил огромни количини јаглен подготвен за експлоатација. Вистината е дека, спротивно на рударските проекти, количините на неископана јаловина достигнуваа над 100.000.000 метри кубни во рудниците на РЕК Битола. Сето тоа во услови кога комбинатот и АД ЕСМ потрошиле над 210 милиони евра за ископ на јаглен и дополнителни 7.982.234 евра за ангажирање на помошна механизација.
Што се однесува до узвозот на електрична енергија, во услови кога немаше енергетска криза во земјава и пошироко и кога рудниците на РЕК Битола не беа погодени од елементарни непогоди, кадрите на ВМРО – ДПМНЕ потрошиле една милијарда евра за увоз на струја.
ВМРО – ДПМНЕ да престане со нападите и да дозволи вработените во РЕК Битола да се изборат со последните предизвици. РЕК Битола постои 40 години благодарение на скоро две и пол илјади вработени во моментов кои совесно си ги извршуваат работните задачи и уште толку кои се пензионирале од комбинатот“ наведуваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
3,2,1… летото ни дојде – време е да ја подготвите вашата торба за плажа со „Зегин“

Пред да тргнете на плажа или да се упатите кон вашата следна авантура, бидете сигурни дека вашата торба е полна со основните работи што ќе ве одржат сјајни, заштитени и ќе придонесат да се чувствувате удобно во својата кожа.
Од глава до пети Зегин се грижи за вас- од креми за сончање до хидратантни производи за нега на кожа и коса, како и производи за здравје.
Кои се производите потребни за вашата летна торба за убаво и мирно лето, прочитајте на следниов линк.
(ПР)
Соопштенија
30 години „Кожувчанка“ – јубилеј на успех, партнерство и визија

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Повод
Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија
Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка
Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:
„Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.
Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands
Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.
Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“
На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци
Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:
„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:
„Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“
Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
„Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“
На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
„Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“
За Кожувчанка
Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.
(ПР)
Соопштенија
За Халкбанк – Важни се луѓето и сето она што ги обединува

Ова лето, неколку внимателно одбрани настани низ Македонија носат дух на автентичност, инспирација и заедништво. Поддршката на Халкбанк не е случајна – туку доследна и долгорочна, насочена кон вредностите што ја прават заедницата поцврста. Со вложување во културата, во моментите на поврзување и во сите облици на социјално живеење, банката го живее својот слоган – Важни се луѓето.
Во Скопје, Street Food Festival, кој се одржа од 18 до 22 јуни, претставува урбано собиралиште каде што вкусовите, музиката и добрата енергија се преплетуваат во едно современо искуство. Како партнер на фестивалот, Халкбанк понуди и дополнителна вредност за учесниците, односно секое плаќање со Халкбанк картичка овозможуваше учество во интерактивна активација со награди, поттикнувајќи ја непосредната поврзаност со посетителите и збогатувајќи го фестивалското доживување.
На 21 и 22 јуни, во природниот амбиент на Пелинце Пикник, љубителите на културни настани, музика и семејна дружба имаа можност да уживаат во настан што го негува духот на блискост и заедништво. Поддршката од Халкбанк претставува продолжение на заложбата за градење автентични вредности низ социјални и културни формати.
Во јули, Ohrid Beach Film Festival (23–27 јули) повторно ќе ја оживее магијата на филмот под отворено небо, покрај Охридското езеро. Настанот го афирмира младиот авторски израз и ја збогатува домашната културна сцена, а поддршката на Халкбанк ја рефлектира мисијата на банката, да биде активен партнер во развојот на културата и креативната индустрија.
Во време кога секоја форма на поврзување добива ново значење, овие настани се потсетник дека заедничките доживувања имаат трајна вредност. А таму каде што тие се создаваат, ќе продолжи да биде присутна и банката.
(ПР)