Контакт

Соопштенија

СДСМ: Напредокот во извештајот на ГРЕКО е потврда за успесите на Владата

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ продолжува со силната посветеност во спречување на корупцијата и незаконското дејствување во македонското општество, велат од СДСМ.

Според нив, последниот извештај на ГРЕКО за Република Северна Македонија за препораките од петтиот круг на евалуација нотира напредок во делот за препораките за борба против корупција, што претставува доказ дека борбата против коруптивните дејствувања во нашата земја е реална и ефикасна.

„Препораката за објавувањето на имињата и висината на хонорарите на советниците на Владата и министрите, како и фактот дека за сите советници се применува тестот за интегритет, е оценета од ГРЕКО како целосно реализирана. Позитивна оценка доби и носењето на новиот Кодекс за етичко однесување, а посебен акцент е ставен на фактот дека се постапува во согласност со сите одредби од Кодексот, односно дека веќе има случаи на разрешени функционери“, додаваат од СДСМ.

Го посочуваат делот каде што ГРЕКО истакнува дека Владата предводена од СДСМ обезбедила значителни финансиски, материјални и човечки ресурси за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во однос на МВР, извештајот потенцира дека е постигнат успех во исполнување на препораките за јавно објавување на сите претставки и предлози поднесени за дисциплинска и кривична одговорност на полициските службеници, назначување посебни лица за интегритет и спроведување континуирани обуки за сите полициски службеници.

Досега имплементирани се 13 од 23 забелешки на ГРЕКО, а другите ќе бидат имплементирани до септември идната година, стои во писменото соопштение од партијата нa власт.

Соопштенија

СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Објавено пред

Последните полициски акции за разбивање на организираната група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде министерството за внатрешни работи за владеачката СДСМ се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета огромна количина на марихуана“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат подеднакво за сите и дека никој не е над правдата.

„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Објавено пред

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.

„Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат. И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.

„Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Објавено пред

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.

„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет15 минути

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот, се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион45 минути

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа1 час

Словенија: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да можат полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд кој се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено а еден полицаец е ранет

Ученик кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион14 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет15 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ17 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија17 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет19 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија20 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет23 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија23 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија23 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија23 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет23 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет23 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет1 ден

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија1 ден

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија2 дена

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Досие