Контакт

Соопштенија

СДСМ: Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е најдоброто за секоја општина

Објавено пред

Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините во државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ, потенцираат од оваа партија.

За таа цел, додаваат од таму, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн-систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот.

„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да постојат посредници, ниту бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација создава систем за експресно реагирање на проблемите во општината за правилно и долгорочно планирање, но и за развој на општината во правец што вие го одлучувате на овие избори. Системот ќе ги прифаќа и обработува иницијативите што ќе пристигнуваат од граѓаните, при што општините ќе имаат обврска да одговорат на граѓанските иницијативи во рок од 10 дена“, појаснуваат од СДСМ.

Според партијата на власт, учеството на граѓаните во управувањето со општината повеќе нема да се сведува на гласање еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и пријава на иницијативи, кои ќе овозможат да се изгради вистински партнерски однос.

„Сите кандидати за градоначалници на СДСМ се луѓе од доверба, искрени, чесни, домаќини. Блиски до граѓаните, постојано на терен, лесно достапни, имаат слух за потребите и сугестиите на граѓаните. Ги повикуваме граѓаните да направат споредба и разлика. Дали ќе изберат кандидат со конкретен план со решенија или кандидат што не е запознаен со проблемите, кој не знае да раководи со општината. Граѓаните на овие локални избори имаат можност да ја изберат најдобрата понуда за своето семејство, за својата општина“, е потенцирано во писменото соопштение од СДСМ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот жестоко ги порази, со СДСМ може да има само прогрес на криминал и сиромаштија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и народот го победија СДСМ на овие избори со над 55 илјади гласови разлика. Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес од СДСМ велат  дека ќе донесат прогрес. По 5 години власт нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на инфлацијата и цените во маркетите, прогрес на трошоците за живот, се огласија преку писмено соопштение од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Прогрес на аферите и скандалите, на неказнетиот криминал, на неуспесите во здравството, ковид-жртвите, експериментите во образованието. Прогрес на нивниот личен имот и лични удобства, за сметка на сиромаштијата кај народот. Нивниот прогрес е регрес за народот и земјата. Со СДСМ може да има само прогрес на криминал, корупција и матни тендери. Прогрес во изминативе 5 години со Заев видовме само во плантажите со марихуана на Заеви и ним блиските фирми. Прогрес имаме на криминалци фатени инфлагранти како вршат кривично дело и наместо во затвор завршуваат на слобода или во домашен притвор, како Рашковски, Чипсио, Ден Дончев“, е потенцирано во писмениот допис од оваа партија.

Додаваат дека прогрес со СДСМ има во провизиите со вакцини.

„Веќе никој не му верува на Заев па, ниту неговите во партија. Заев изгуби и му се случи дебакл. Заев го очекува дебакл во втор круг и тоа го знае. Народот јасно се определи за промени“, стои во соопштението од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина

Објавено пред

Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина, народот одбра иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ. Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре. Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина. Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ избрани на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.

„Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да проверат како Каевски на 30 години има стан и 4 милиони во банка

Објавено пред

Институциите да проверат како Дарко Каевски на 30 години има стан и 4 милиони во банка, дали е тоа причината за која им должи на Заеви, па мора да лаже на пресови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска пратеникот на СДСМ обвини дека Данела Арсовска и нејзините фирми ја оставиле салата „Расадник“ руина.

„Каевски на 30 години има сопствен стан за кој, како што навел во анкетниот лист, вели дека го купил во 2020 година од свои лични пари и 4 милиони денари во банка. Како успеал Каевски на 30 години да стекне имот од над 125 илјади евра“, прашуваат од опозициската партија.

Од таму додаваат и дека Дарко Каевски е функционер само 5 години, а платата му е приближно 1.000 евра.

„Целата плата да ја штедел и да не трошел за храна и живеење, ќе соберел само 60.000 евра. Од каде му е остатокот од 65.000 евра? Каевски треба сериозно да одговори од каде му се парите. А институциите да не молчат и да постапат веднаш“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 472 случаја на коронавирус, починаа 8 лица

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаја на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од...

Македонија16 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија18 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија19 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија20 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија21 час

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија22 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија23 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија23 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет1 ден

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија2 дена

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија2 дена

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија2 дена

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија2 дена

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија2 дена

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија2 дена

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Досие