Соопштенија
СДСМ: Очигледна е политичката агенда на раководството на СОНК, на штета на децата

Последниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со јасна политичка агенда и уцени кои одат на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, обвинуваат од СДСМ.
„Тоа го потврдува вчерашното одбивање на раководството на СОНК на предлогот од Владарта за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза и при законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени.
Согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи дека нема основа за штрајк, односно штрајк пред истекот на овој рок е смислена уцена. Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту, пак, родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.
Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено поважно е правото на образование на учениците“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Денешната судска пресуда за предметот „ТНТ“ за одмаздничкото рушење на „Космос“ уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, се вели во писмената реакција од страна на партијата на власт.
Во напишаното додаваат дека во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
„Пресуда по пресуда се потврдуваат сите индиции за сторени тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија“, се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов најревносен извршител.
Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник по енергетика, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој Мицкоски го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец. Затоа Мицкоски до ден денес, ниту го има осудено криминалот на ВМРО-ДПМНЕ ниту се извинил, напротив, тој со сета сила ги брани криминалците во своите редови“, е напишано во соопштението од СДСМ.
Мицкоски, додават од СДСМ, денес во белиот дворец е опкружен со луѓе од режимот, со личности против кои се водат судски процеси, а партијата му ја раководи Груевски од Будимпешта.
Оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ денес е истата непроменета криминално – режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.
Економија
СДСМ: Платите растат во сите сектори дури и во криза

Со СДСМ, дури и во најголема светска економска криза, платите растат постојано, во сите сектори. СДСМ го исполни едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари. Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека постигнале договор за историско зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари. За потсетување, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај 4 отсто.
Покрај образованието, со растот на минималната плата, согласно Законот за минимална плата следува усогласување и соодветен раст на платите во сите сектори, како што тоа беше случај изминатите години кога постојано растеа платите во здравствто, детската заштита, полицијата, одбраната, културата.
Со новата договорена методологија обезбедуваме континуиран раст на пензиите во просек по 900 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.
Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
И во време на најголема криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Арсовска не може да обезбеди шечатачи а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи. Град Скопје и целата администрација без 31 печатач значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните. Нејзиното неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи. Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат печатачи во Град Скопје, а не, пак, да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.
Од партијата наведуваат дека освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначалник, како што се Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконструкцијата на улицата Есенинова…но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.
Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје, се вели во соопштението.