Контакт

Соопштенија

СДСМ: По дебаклот на митингот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните

Објавено пред

Граѓаните јасно им порачаа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, дека не ги поддржуваат антидржавните дејствувања и не се за предвремени избори, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Слабиот одѕив, лошата организација и неуспешноста на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека граѓаните препознаваат оти нема ништо ново од Мицкоски. Граѓаните порачаа дека се против блокада на државата во клучни моменти и против обидите да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза. Мицкоски требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална криза, но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните“, посочуваат во соопштението од партијата на власт.

Граѓаните, додаваат од таму, знаат дека Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како „Талир 2“, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи белиот дворец, нема друго да понуди.

„Знаат дека човекот, кој едно зборува дома, а друго надвор, не може да биде опција за иднината. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните“, порачуваат од СДСМ.

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

Објавено пред

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните

dobivaj vesti na viber

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните

Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.

Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.

Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.

Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.

Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.

За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.

Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, избори“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за наводното распродавање на македонскиот јазик и идентитетот, велат од СДСМ

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа лаги преку со кои се обидуваа да ги поткопаат државните позиции со Бугарија, ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски.

Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.

И покрај срамното, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Македонија

Опозицијата бара оставки од Османи и Маричиќ поради прегоравачките позиции со ЕУ

Објавено пред

„Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.

Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.

Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.

Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.

Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.

Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.

Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните...

Свет7 часа

Путин ќе посети поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова...

Свет9 часа

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин. Тие...

Свет10 часа

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија...

Свет10 часа

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите...

Македонија12 часа

„Брисел ја поддржа бугарската позиција“ – Петков образложи што ќе се случува ако Македонија го прифати францускиот предлог

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите...

Топ13 часа

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени...

Свет15 часа

Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата. Авионот на...

Свет16 часа

(Видео) Би-Би-Си во база на странските борци во Украина, ги има околу 20.000 од повеќе од 50 земји

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во...

Свет18 часа

Вирусот добива ново име – „Да бев мајмун, би протестирал, тоа навистина не е мајмунска болест“

Мајмунските сипаници наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела...

Европа18 часа

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Како што...

Македонија1 ден

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата...

Свет1 ден

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое...

Регион2 дена

Радев: Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку...

Македонија2 дена

Осуда од македонското МНР за написите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете...

Македонија2 дена

Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да...

Свет2 дена

Џонсон: Се плашам дека Украина ќе биде принудена да направи лош мир

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор...

Македонија2 дена

Преведувач од Македонија: Добив понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик. „Кој е тој...

Свет2 дена

(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на...

Македонија2 дена

Пендаровски за „Скопје прајд“: прифаќањето на различностите е показател на зрело, демократско и отворено општество

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да...