Соопштенија
СДСМ: Пратениците што бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бојкотираат и го блокираат Собранието, не смее да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, велат од партијата на власт.
„Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и сè што им следува бидејќи тоа не го заслужуваат. Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да им служат на оние од кои се избирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата“, се прецизира во соопштението од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ, како што посочуваат од владејачката партија, останува единствената партија што во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да им го загорчи животот на сите граѓани и да блокира сè што е во интерес на полесно надминување на состојбите.
Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа, додаваат од СДСМ, ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.
„СДСМ остро ќе се спротивстави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики“, е потенцирано во дописот од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за „криминални парцели“: Лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата

И вака оркестрирано обвинителство од СДСМ не можеше да најде ништо спорно кај претседателот Мицкоски, лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на владејачката партија дека во случајот „криминални парцели” вмешани се соработници на Мицкоски.
„Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС.
Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.
СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.
Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.
Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а другото претставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата.
За разлика од СДСМ јасно кажуваме дека секој кој се огрешил прес законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Скопје
Герасимовски: Позорникарите ќе се грижат за безбедноста на граѓаните во секое маало во Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје оствари средба со граѓаните што живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари, кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и поддршка секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така, на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи, како и разговор со позорникарите за секое прашање што ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.
„Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нè заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност“, изјави Герасимовски.
Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.
Инаку, маалските полицајци позорникари најпрвин ќе се вратат во Општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, личната сигурност и заштита на имотот на граѓаните, спречување извршување казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на економското дно во регионот – по ребалансот, кризата уште ќе се влошува

Владата на СДСМ и ДУИ е виновна поради економската катастрофа што ни се случува. Македонија има најмал раст на БДП во регионот, Македонија има најмалку странски инвестиции во регионот, Македонија со двоцифрена инфлација има една од најголемите стапки во Европа и регионот, Македонија е една од најкорумпираните и најсиромашни држави во Европа. Ете ова е резултатот од политиките на оваа власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека сега со ребалансот на буџетот потврдуваат дека немаат никаква визија како да се справат со кризите што самите ги разгоруваат. Со ребалансот се кратат капиталните инвестиции, кои во секоја нормална економија се двигател на развојот. Со ребалансот се предвидува намален раст на БДП за оваа година од 1,4 % што значи дека за истиот процент ќе порасне и долгот на државата. Долгот веќе е 7 милијарди евра со тенденција до крајот на годината да стигне 8 милијарди евра.
Наместо да се засрамат, од СДСМ се гордеат што во буџетот за 2022 година имаат стотици милиони евра непродуктивни трошоци. Овие стотици милиони евра, доколку беа наменети за стопанството и граѓаните од почетокот на годината, немаше да има 4.000 затворени компании за три месеци, немаше да има над 35 % граѓани во ризик од сиромаштија, немаше да има половина милион лица што живеат само со 150 денари дневно, немаше да има вртоглава инфлација на основните животни потреби од 30 до 100 %, немаше да има страв и неизвесност.
Оваа Влада и пред, а особено по ребалансот, нема капацитет да се справи со кризите. Напротив, уште повеќе кризите се продлабочуваат, се вели во соопштението.