Контакт

Соопштенија

СДСМ: Серија мерки со кои се намалени трошоците, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ реализираше серија  мерки со кои се намалија трошоците и сè повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните. Од почетокот на новата грејна сезона граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, соопшти СДСМ.

Според партијата, тоа значи дека секое семејство приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од над 2.600 денари.

„Истовремено, беше донесена одлука граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе да не плаќаат фиксен надоместок за парно како досега. Со тоа се исправа долгогодишната неправда кон околу 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење, а кои со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата.

Со воведувањето евтина тарифа на струјата сметките се намалени, граѓаните заштедуваат 11.4 милиони евра  на годишно ниво. Со укинувањето на радиодифузната такса се обезбедува заштеда од нови 190 денари месечено во секое семејство.Драстично се намалени казните за фирмите, а глобите за физичките лица се намалени за 75 отсто.

Трошоците за нотари, извршители се намачени за 50% до 90%, а услугите на Катастарот за недвижнини се намалени до 50%.Ова се само дел од мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот и повеќе пари кај домаќинствата.
Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин, се додава во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Николовска: Мајката на сопственикот на „Никоб“ добила лиценца за одгледување канабис

Објавено пред

Од вкупно 31 доделена лиценца, од кои десетина се доделени во месец декември, поголем дел се распределени на фирми чии сопственици се блиски до Владата на Заев и СДСМ, обвини денеска Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потсети дека опозициската партија досега презентирала две фирми блиски и поврзани со Владата на СДСМ кои добиле лиценци за канабис.

„Се работи за фирмата на синот на познатиот Ванчо Деликатес и фирмата на сопственикот на ‘Делукс ауто’, Бобан Спасовски“, нагласи Николовска пред да ги објави новите сознанија за трет случај на, според неа, спорно добивање на лиценца.

„Фирмата Канналифе ДОО Ивањевци Могила е една од фирмите која добила лиценца, инаку фирма чиј сопственик е фирмата ‘Арекспорт Струмица’, чиј краен сопственик е Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, сопственикот на ‘Никоб обезбедување’. ‘Никоб обезбедување’ важи за фирма блиска до Владата на Заев и има добиено бројни тендери, од кои најпознат е тендерот во вредност од околу 3 милиони евра каде што ја обезбедуваат Владата и уште триесетина државни институции“, објасни претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовска додаде дека Владата на Заев доделува лиценци на свои блиски фирми, без размислување дали предизвикува хипер инфлација на лиценци или дали се исполнуваат критериумите за доделување. Воедно повика дека случајот треба да биде предмет на ревизија во однос на тоа дали сите компании ги исполнуваат условите или не.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Шахпаска: Оперативниот план за вработување со буџет од 1,45 милијарди денари опфаќа над 11.500 лица

Објавено пред

СДСМ посветено и континуирано работи на намалување на невработеноста и отворање нови работни места. Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи над 11.500 невработени лица, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ.

„За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади. Оперативниот план овозможи за 2,5 години да се вработат речиси 60.000 лица, со што стапката на невработеност се намали за 5,5 отсто, на рекордно ниски 17,1 проценти“, рече таа.

Самовработувањето преку стартување на микробизниси, додаде Шахпаска, е одржливо и во 2020 година очекуваме стартување на нови 1.364 микробизниси.

„Оперативните мерки и во 2020 година обезбедуваат спроведување обуки и доквалификации за невработените граѓани, со фокус на младите луѓе. Мерките кои досега беа креирани и имплементирани даваат резултат, тоа го потврдува намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, којашто изнесува 35,3% споредено со 2016 година кога изнесуваше 48,6%. Оперативните мерки предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица. Значајна сума од средствата за 2020 година се издвојуваат за субвенционирање на плати, вработувања и раст на компаниите, за обуки во информатичката технологија и други видови обуки кај работодавачите“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Кацарска-судството денеска е целосно разобличено

Објавено пред

Кацарска-судството денеска е целосно разобличено. Симнати се маските од Луј Витон-правдата и тоа не од сведок со сомнителна биографија туку од обвинител кој постапува по активни предмети, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Според тврдењето на сведокот Лиле Стефанова, обвинител во предметот ‘Империја’, судијката Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Обвинителката Стефанова под полна морална и правна одговорност, денеска сведочеше дека Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот ‘Империја’ и се интересирала за текот на постапката. Ова е класична злоупотреба на овластувањата и мандатот што го има еден судија, односно Добрила Кацарска“, рече тој.

Арсовски кажа дека советот мора веднаш да почне постапка за разрешување на Добрила Кацарска и да се повика на овластувањата кои ги има во истиот член 36, да одлучува и за времено оддалечување на судија од вршење  судиска функција

„ВМРО ДПМНЕ го повикува јавниот обвинител да не премолчува, да не замижува и да се прави слеп пред сите овие случаеви и пред очигледните злоупотреби и да отвори и кривична постапка против судијата Добрила Кацарска за злоупотребите на службената положба и овластувањата коишто ги има како судија“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Поранешни вработени во „Охис“: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката „Охис“ тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ12 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија12 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија13 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија14 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија15 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија15 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија15 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија16 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет16 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија17 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија18 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет18 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет19 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет19 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет19 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет20 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет20 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт1 ден

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт1 ден

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Досие