Соопштенија
СДСМ: Со новиот интервентен фонд дополнителни 250 милиони денари на располагање за земјоделците

СДСМ како одговорна партија, која е предводник на државата, континуирано спроведува големи реформи и дава помош секогаш кога е потребно во интерес на сите земјоделци, истакнуваат од оваа партија.
Во таа насока, потсетуваат дека Владата предводена од СДСМ, има усвоено финансиска поддршка за ублажување на последиците од пандемијата врз производството и откупот на јаболка, ориз, грозје, како што следува: поддршка за килограм произведено јаболко, кое во периодот од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз во висина од 3 денари за килограм. Поддршка за килограм производство оризова арпа од родот 2020/2021, која во период од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствен преработувачки капацитет во висина од 3 денари за килограм. Поддршка за килограм произведено винско грозје, кое во периодот од 15 август 2021 до 31 октомври 2021 е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари за килограм.
„СДСМ на минатите парламентарни избори вети посветена работа со цел создавање услови за одржливо, конкурентно и модерно земјоделство. Едно од ветувањата во програмата „Можеме“ беше и формирањето интервентен фонд за регулирање пазарен дебаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство“, додаваат од владејачката партија.
Овој фонд, како што велат, станува реалност од 2022 година, а буџетот за оваа намена ќе изнесува 250 милиони денари.
Буџетот на интервентниот фонд, според СДСМ, ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со тешкотии на пазарот и проблеми во производството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се менува во оваа партија

Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски. Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека токму таквите методи на психичко и физизичко насилство кон противниците, беше одлика на 11 годишниот режим и токму таквото однесување резултираше со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27ми април 2017 година.
Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката, ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.
Јавноста, граѓаните со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омрза, навреди и омаловажувања.
Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека братучедот на Груби гради дивоградба од 160 м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат ни оградата на терасата

Нема скандал во последниот месец од кој не излегува на виделина името на Артан Груби. Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека доколку Јавното обвинителство сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока. Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор.
Додека Груби и неговите блиски се богатат граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека фамилијата Груби стекнува деловни простори и гради хациенди, обичниот граѓанин нема пари оградата на терасата да си ја бојадиса. Додека блиските на Груби стекнуваат хотели и добиваат лиценци за баждарење, стотици луѓе заминуваат во странство заради егзистенција. Додека Груби се радува на скандалозниот тендер од 22 милиони евра, половина милион луѓе живеат во сиромаштија.
Ова мора да престане. Владата на Груби и Ковачевски мора да понесе одговорност за криминалите кои се прават, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ И СДС за косење трева плаќаат трипати поскапо од регионот, институциите веднаш да дејтсвуваат

Јавното претпријатие за државни патишта, кое е под владеење на ДУИ и СДС, плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на патиштата во Македонија, одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира услугите, се 3 пати поскапи од тие во регионот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ако ги споредиме цените во Македонија, со тие во соседна Србија, се доаѓа до фрапантна разлика. ЈПДП за косење на тревна површина на м2, според договорот цената е 12 денари, а додека српското претпријатие истото го плаќа 2,5 денари, што се однесува на делот, за косење на тревна површина со тежок пристап цената е 5 денари. Оттука излага дека ЈПДП плаќа 3 пати поскапа цена, за разлика од истото претпријатие во Србија.
Очигледен е криминалот кој го прават ДУИ И СДС, преку ова претпријатие. Институциите мора да се одважат и веднаш да реагираат, а не да бидат неми послушници, на оваа власт во заминување, се вели во соопштението.