Соопштенија
Алијансата за Албанците: Да им ставиме крај на корумпираните политичари
 
																								
												
												
											Во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент се вели дека Северна Македонија има константен проблем со корупцијата. Со ова уште еднаш се потврдија констатациите на Алијансата за Албанците, што со години по ред се зајакнуваат со сведоштва и голем број скандали од страната на оваа Влада – СДСМ-ДУИ, реагираат од оваа коалиција.
„Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади, кои продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму“, потенцираат од Алијансата за Албанците.
Осврнувајќи се на извештајот од американскиот Стејт департмент, напоменуваат дека во извештајот се вели оти постојат позитивни закони што се совпаѓаат со европското законодавство и што овозможуваат позитивна клима за лесни бизниси, но корупцијата останува и понатаму проблем.
„Ова исто така докажува дека во Северна Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот. Тоа докажува дека проблемите со криминалот, корупцијата и стагнацијата на државата не се решаваат со законски реформи, туку со промена на структурата на владеење со државата, која ги има заробено институциите воопшто и судството особено“, велат од Алијансата за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
Атанасовски: Заокружи број 9, за Македонска Каменица да продолжи да се развива
 
														„Со поддршка на Владата и премиерот, наскоро ќе кажеме дека сме прва општина со асфалтен пат до секој дом и со чиста вода за пиење за секое семејство. Најголемите и најзначајните проекти во нашиот град, се изградени од ВМРО-ДПМНЕ и ние ќе продолжиме по трасираниот пат, пат по кој ќе чекориме сплотени, цврсто и храбро затоа што ние резервен дом немаме. Имаме визија за развиена Каменица, за перспективен град за град на успех и благосостојба, за град во кој сите ќе бидат среќни“, истакна Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник за општина Македонска Каменица на вечерашниот мини-митинг во општина Македонска Каменица, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември.
Атанасовски истакна дека во изборната програма има многу нови проекти и идеи за напредок, со цел уште поуспешен и модерен град.
„Имаме идеи за напредок и визија за иднината, работиме за успешна и модерна општина која е пример за останатите. Имаме многу нови проекти за нашиот град. Дојдено е ново време, време кога се гради домаќински и се вложува во иднината, време во кое се бориме за секој еден од вас, за секој проблем да биде решен, секој предизвик да биде надминат, време во кое Македонска Каменица и нејзините жители се пред се и над се. Денес имаме нови асфалтни патишта, водоводни канализациони системи во секој дел од општината, имаме реконструирано образовни институции, јавно претпријатие кое целосно е во функција на граѓаните, имаме силни вложувања и во културата, спортот“, рече Атанасовски.
На крај Атанасовски повика граѓаните да се обединат, и да го заокружат бројот 9 за општина Македонска Каменица да продолжи да се развива.
„Сега е време на обединување а веднаш по новата победа, ќе биде време за вистинска експанзија, доаѓа времето кога овој град ќе биде препознатлив насекаде, и ќе биде инспирација и поттик за сите останати, направете го вистинскиот избор, гласајте за број 9“, посочи Атанасовски.
Соопштенија
Чонески: Време е за промени и вистински развој во Крушево
 
														Нико Чонески, кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес даде изјава за медиуми во која ги истакна предизвиците со кои се соочува Крушево, потенцирајќи дека е потребно итно решавање на наталожените проблеми и создавање услови за целосен развој на општината.
„Крушево кое за жал, колку што што е прекрасно, толку и проблеми има. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но и за жал значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент. Почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се, во Крушево ни е потребно развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени“, истакна Чонески.
Чонески порача дека за Крушево да чекори напред, потребни се промени, енергија и визија кои ќе ја вратат општината на патот на напредок и достоинствен живот за сите жители.
Соопштенија
Герасимовски: Реконструкција на „50. дивизија“ и нова градинка во маалото
 
														Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави почеток на целосна реконструкција на улица „50 Дивизија“, со која улицата ќе добие современ, функционален и безбеден изглед. Проектот предвидува еднонасочно движење и ново коловозно решение, со што ќе се подобри протокот на сообраќајот и ќе се создадат нови резидентни паркинг-места.
„Со проширување на тротоарите, поставување бариери против диво паркирање, ново ЛЕД осветлување и зеленило, овој потег ќе стане поурбан, побезбеден и поудобен за сите жители. Како трајно решение за паркирањето, предвидена е и катна гаража, со која конечно ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на Центар,“ рече Герасимовски.
Тој најави и изградба на нова градинка во населбата по скандинавски терк, со што просторот добива целосно нова вредност, урбано, зелено и безбедно маало за сите центарци.
Во новата програма се предвидени и следниве инфраструктурни зафати: реконструкција на ул. „Ленинова“ – од бул. „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата, со велосипедска патека и зеленило долж целиот потег, нови пјацети на улиците „Чедомир Мендеровиќ“, „Наум Наумовски Борче“ и „Орце Николов“. Во прогарамата за наредниот мандат се планира реконструција на над 20 улици и поставување на водоводни и канализациони мрежи каде што е потребно.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											