Соопштенија
Алијанса за Албанците: Судот на Ахмети-Мијалков-Заев, одбива ново судење за случајот Куманово
 
																								
												
												
											Додека Сашо Мијалков, Катица Јанева, Орце Камчев и многу други криминалци слават со своите семејства, многу Албанци се држат невини по затворите, реагираат од Алијанса за Албанците.
„Денес судот на Ахмети-Мијалков-Заев донесе одлука да не се суди повторно за случајот со Куманово, иако не сведочеа Али Ахмети, Артан Груби и таквите што имаа сомнителна улога во моментите на борбите каде што беа убиени неколкумина поранешни војници на ОНА и неколку припадници на полициските сили“, е наведено во соопштението од оваа партија.
„Таканаречените „бомби“ за вистината на кумановската група со која Зоран Заев дојде на власт не беа разоткриени. Кога Зоран Заев мамеше, тогаш кога случајот го искористи за власт или денес кога ги осудува по неколку пати по ред!? Обвинителството мора да постапи и во двата случаи, но колку што е веќе познато тоа е заробено и постапува само по диктат на Али Ахмети и Зоран Заев. Правдата на Маџар Телеком и на Луис Витон ташните ги бројат последните денови, се ближи времето на одговорност“, се потенцира во дописот од Алијанса за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
Герасимовски: Реконструкција на „50. дивизија“ и нова градинка во маалото
 
														Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави почеток на целосна реконструкција на улица „50 Дивизија“, со која улицата ќе добие современ, функционален и безбеден изглед. Проектот предвидува еднонасочно движење и ново коловозно решение, со што ќе се подобри протокот на сообраќајот и ќе се создадат нови резидентни паркинг-места.
„Со проширување на тротоарите, поставување бариери против диво паркирање, ново ЛЕД осветлување и зеленило, овој потег ќе стане поурбан, побезбеден и поудобен за сите жители. Како трајно решение за паркирањето, предвидена е и катна гаража, со која конечно ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на Центар,“ рече Герасимовски.
Тој најави и изградба на нова градинка во населбата по скандинавски терк, со што просторот добива целосно нова вредност, урбано, зелено и безбедно маало за сите центарци.
Во новата програма се предвидени и следниве инфраструктурни зафати: реконструкција на ул. „Ленинова“ – од бул. „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата, со велосипедска патека и зеленило долж целиот потег, нови пјацети на улиците „Чедомир Мендеровиќ“, „Наум Наумовски Борче“ и „Орце Николов“. Во прогарамата за наредниот мандат се планира реконструција на над 20 улици и поставување на водоводни и канализациони мрежи каде што е потребно.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
 
														Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
 
														Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											