Контакт

Соопштенија

Анѓушев: Честитки за Денот на независноста на Малта

Објавено пред

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година.

dobivaj vesti na viber

Почесниот конзул Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта, а почесниот конзулат отворен во Скопје во 2021 година е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.

Малта е членка на Европската Унија од 2004 година и по сите параметри котира како една од најпросперитетните економии во Европа.

ПР

Соопштенија

Рудникот Саса инвестираше во нов систем за рано предупредување од елементарни непогоди

Објавено пред

Директорот за Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн го потпишаа документот кој ги утврдува процедурите за соработка, координација и комуникација помеѓу оваа институција и рудникот. Со ова, новиот систем за рано предупредување на Рудник Саса и официјално стана дел од националниот систем за тревожење.

dobivaj vesti na viber

Покрај останатите технички елементи, новиот систем за рано предупредување на Саса вклучува и звучни уреди (сирени) поставени на неколку стратешки локации утврдени со експертска студија. Неговата примарна цел е преку звучни сигнали навремено да ги извести сите, вклучувајќи ги и жителите на населбите во близина на рудникот, како и оние кои живеат по течението на Каменичка река и во градот Македонска Каменица, за потенцијални опасности предизвикани од различни причини и природни непогоди кои можат да го загрозат живот и здравјето на луѓето и материјалните добра. Заради контрола на исправноста на системот предвидено е повремено вклучување на сирените, што ќе се врши согласно утврдените протоколи и во координација со ЦУК. За терминот и времетраењето на ваквите проверки жителите на општината Македонска Каменица ќе бидат навремено известени преку медиумите и други начини за информирање.

„Сведоци сме дека рудникот Саса во изминатиот период вложил многу во современа опрема и во имплементација на најдобри индустриски стандарди и практики наменети за намалување на  ризиците од инциденти и кризни ситуации кои можат да го загрозат животот, здравјето и безбедноста на вработените, како и на населението во околината на рудникот. Новиот систем за рано предупредување на Саса, кој од денеска и официјално станува дел од националниот систем за тревожење, секако е дел од ваквите напори на компанијата, кои се за поздравување и претставуваат добар пример што треба да го следат и другите компании и институции во земјата“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, при посетата на контролниот центар за далечинско управување со системот во Саса.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го поздрави поставувањето на новиот систем, истакнувајќи ја неговата превентивна улога за поголема безбедност на целокупната локална заедница. „Горди сме на тоа што нашата општина е прва во нашата земја која има функционален систем за рано предупредување од елементарни непогоди. Заедно со противпожарната кула која неодамна беше направена и ставена во функција, овој систем ќе овозможи рано откривање на потенцијалните ризици по безбедноста на луѓето и материјалните добра, што во голем број случи е пресудно при справувањето со кризни ситуации предизвикани од различни елементарни непогоди“, истакна градоначалникот Атанасовски, заблагодарувајќи се на рудникот Саса за неговата поддршка и вложувањата во реализација на овие проекти.

Инсталирањето на овој систем во Саса се одвиваше паралелно со имплементација на Глобалниот индустриски стандард за управување со јаловишта (GISTM), креиран од страна на Меѓународниот совет за рударство и метали и Програмата за животна средина на Обединетите Нации, со крајна цел – нула штета за луѓето и животната средина.

„Овој современ систем за рано предупредување е само една од многуте активности и проекти во кои инвестиравме за да обезбедиме највисоко ниво на безбедност, што е приоритет број еден во Саса. Токму грижата за луѓето, за нивната безбедност и благосостојба, заедно со заштитата на животната средина и просперитетот на локалната заедница, претставуваат основа за нашиот одржлив развој. Затоа ние во Саса, благодарение на поддршката од групацијата ЦАМЛ каде припаѓаме, и понатаму ќе продолжиме со реализација на ваков вид иницијативи, доследно почитувајќи ги националните регулативи и глобалните индустриски стандарди и принципи на одговорно рударство“, истакна генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн.

Од вклучувањето кон групацијата Централ Азија Металс (ЦАМЛ) во ноември 2017 година, рудникот Саса инвестираше над 80 милиони долари во современа рударска опрема, дигитализација на техничките процеси, реализација на капитални проекти, подобрување на безбедноста, подигнување на стандардите и условите за работа во рудникот, како и во професионалниот развој на вработените, потврдувајќи ја со тоа својата посветеност на одржливото рударство.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Новиот OPEL ROCKS: електрично лесно моторно возило во ново руво

Објавено пред

  • &nbspСмел, елегантен и непогрешлив: Rocks сега со црн Opel Vizor, бел Blitz и светло сива каросерија
  • &nbspСо„млад“ дух, иновативен, освежен: целосно електричниот Rocks овозможува мобилност без емисии
  • &nbspПредност на четирите тркала: лесното моторно возило за две лица со кабина за заштита од неповолни временски услови, панорамски кров и поврзување со паметен телефон

 

dobivaj vesti na viber

Со „млад“ дух, иновативен и без емисии: со Opel Rocks, младите од 15 годишна возраст (во зависност од законите во државата) можат да уживаат во независна, индивидуална електромобилност на опуштен начин и сега уште постилски од порано. Затоа што сега Rocks е посмел, поелегантен и поуникатен.

Ова го покажуваат и првите слики: Opel Vizor сега е во карактеристична црна боја, како и кај сите други модели, додека Opel Blitz на предната и задната страна сјае во контрастно бела боја.

Додека каросеријата под линијата на прозорецот ќе биде светло сива, црниот кров и црните тркала ќе останат контрасни. Tоа му дава на новиот Opel Rocks дизајн кој ја отсликува филозофијата на брендот ‘детокс’.

Смел, елегантен, освежен и едноставен: тоа е новиот Opel Rocks.

Едноставен за маневрирање, заштитени од неповолни временски услови, на четири тркала: Rocks идеален за влез во електричниот свет

 

Се разбира, Rocks ги задржува своите вообичаени моќни страни со свеж изглед. Од ова особено ќе имаат придобивка почетниците со електрични возила на возраст од 15 години (во зависност од законите во државата). Возачите на Rocks треба само да имаат возачка дозвола од класа AM (во зависност од законите во државата). Во споредба со е-велосипеди, е-скутери и други моторни средства на две тркала, Rocks овозможува релевантни предности.

На овој начин кабината на лесното моторно возило ги штити патниците од ветер и неповолни временски услови. Со Rocks патувањето е побезбедно благодарение на цевчестата просторна рамка и зоните на деформација, како и ветробранското стакло направено од ламинирано стакло. Покрај тоа, Rocks овозможува урбана мобилност без емисии.

 

Најмалиот модел во гамата на Opel oвозможува опсег до 75 km кои може да се поминат со брзина до 45 km/h. Rocks може да се полни преку секој нормален приклучок за домаќинство.

 

Соодветен кабел за полнење е поставен зад совозачката врата и може лесно да се повлече доколку е потребно. Со круг на вртење од само 7,20 m, возачите можат да управуваат со 2,41 m краткиот и само 1,39 m широкиот (без надворешни ретровизори) Rocks низ тесни кривини или да пристапат до мали паркинг места.

Со својот свеж стил, електричното лесно моторно возило повторно ќе ги привлекува Вашите погледи. Двете врати се идентични во типичниот дизајн на Rocks. Совозачката врата се отвара напред како и обично, додека возачката врата се отвара наназад во спротивна насока.

 

 

 

 

 

Елегантен, јасен, поврзан: внатрешност целосно прилагодена на младата генерација

 

Во внатрешноста, Rocks е исто така целосно приспособен на потребите на младата генерација. Дизајнот е многу функционален и импресионира со контроли лесни за дофат и јасни, едноставни за читање дисплеи кои се фокусираат на најважните работи.

Држачот за паметни телефони со USB приклучок и поврзувањето преку DAT приклучок, позициониран на централната конзола, обезбедува мрежно поврзување и овозможува пристап до апликацијата „myOpel“. Дополнително, возачите на Rocks можат да го поврзат својот паметен телефон преку Bluetooth преку одделен прекинувач „MyRocks“ на управувачот.

 

Со „MyRocks Play“, патниците можат да ја слушаат својата омилена музика, да го користат омилениот систем за навигација и да остваруваат телефонски повици без да го тргнат погледот од патот.

Управувачот кај Rocks се истакнува со својот нов дизајн: со бел Opel Blitz на црна позадина, сега совршено го рефлектира Opel Vizor и на тој начин ја внесува уникатната дизајнерска карактеристика во внатрешноста. Стандардниот панорамски кров обезбедува светлина и пријатна атмосфера, невообичаена за возило од оваа класа. Панорамскот кров заедно со страничните и задното стакло се изработени од калено безбедносно стакло. Современите LED предни светла кај Rocks обезбедуваат подобра видливост при дожд или темнина.

 

Новиот Opel Rocks ќе биде лансиран наскоро. Наскоро ќе следат дополнителни информации за Edition и GS нивоата на опременост, како и за атрактивните цени и условите за купување.

 

 

 

 

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Двајца повредени во пожарот во Кочани утрово транспортирани во Шведска

Објавено пред

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани во раните утрински часови се транспортирани во болница во Шведска, објави Амбасадата на Шведска.

dobivaj vesti na viber

Синоќа, во 3.30 часот, од Скопје полета тим за медицинска евакуација од Финска и екипа од Шведска превезувајќи уште двајца пациенти во Стокхолм на лекарска помош во Универзитетската болница „Каролинска“.

Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите засегнати“, стои во објавата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија1 час

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Свет2 часа

(Видео) Земјотресот во Мјанмар ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна...

Македонија3 часа

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот...

Култура5 часа

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија5 часа

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет5 часа

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија22 часа

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија23 часа

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија23 часа

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ23 часа

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија1 ден

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија1 ден

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија1 ден

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ1 ден

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 ден

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион1 ден

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет1 ден

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...