Скопје
Арсовска: Преку едукативни активности за најмладите да влијаеме за заштита на животната средина
Во рамките на одбележувањето на Деновите на екологијата за 2022 година, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Зуди Енузи, денеска присуствуваа на еколошка работилница и едукативни игри за рециклирање и селектирање на отпадот во детската градинка „Снежана“, во скопската општина Чаир.
Околу 100 дечиња беа вклучени во едукативните активности што се одвиваа во матичниот објект на оваа детска градинка и имаа можност да научат на кој начин да постапуваат со отпадот и колку е значајна неговата примарна селекција.
Градоначалничката Арсовска ја поздрави акцијата и истакна дека ваквите едукативни активности за најмладите се потребни од коишто преку едукативни игри можат да научат како да го селектираат отпадот.
На дечињата од градинката „Снежана“ градоначалничката Арсовска и директорот Енуз им поделија пакетчиња со едукативни сликовници за заштита на животната средина.
Градот Скопје ги поддржува активностите кои ја подигаат свеста во однос на екологијата и во наредниот период ќе бидат поттикнати нови идеи и нови еколошки активности во средните училишта во градот Скопје, со цел да ја сочуваме животната средина и чистиот воздух
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

