Соопштенија
Велемајсторот Кирил Георгиев е победник на традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах „Алкалоид рапид опен 2024“
Поранешниот светски младински првак, како прворангиран играч (на стартната листа на турнирот според рејтингот), го оправда статусот на фаворит, па со осум победи и со три ремија стигна до победничкиот трофеј и до наградата за прво место. Членот на ШК Алкалоид без ниту еден пораз, при темпо од 10 минути по играч за целата партија (плус 5 секунди за потег), се издвои на врвот со 9,5 поени од можни 11. Георгиев играше на првата табла за екипата на ШК Алкалоид на Светското првенство за шахисти над 50 години, кое се играше во Струга минатата година, и со овој успех уште еднаш ја покажа својата висока класа, за што сведочи и неговата успешна повеќедецениска интернационална кариера.

Оваа година турнирот беше продолжен од 9 на 11 кола, но неизвесноста повторно траеше до самиот крај бидејќи на половина поен зад првопласираниот беше уште еден член на ШК Алкалоид, велемајсторот Звонко Станојоски, кој, исто така, имаше успешна година зад себе со освојувањето на државната шампионска титула, како и со други победи на рапид турнири.
Од третото до деветтото место имаше седум играчи со по 8,5 поени, па наградите беа поделени според дополнителните тај-брејк критериуми. Во оваа група имаше тројца македонски шахисти од помладата генерација: ИМ Никола Николовски, АФМ Антон Златков и ИМ Тони Лазов. Првата десетка ја комплетираше ИМ Дејан Стојановски како најдобар од групата играчи со 8 бода.

На турнирот настапија вкупно 234 шахисти, што претставува рекорден број досега, а 49 од нив беа странски играчи. Особено е убаво тоа што 79 беа шахисти помлади од 20 години, што зборува за интересот на младата популација за шаховската игра. Покрај првите десет во генералниот пласман, доделени беа уште десет специјални награди и медали за најуспешните младинци и младинки според старосните категории. Маја Нејковиќ-Величковски беше најуспешна дама со 7,5 поени, додека, пак, Моника Жежовска со 6,5 поени освои награда како второпласирана во оваа категорија. Шахистката од Грција Софија Вардака со 7 поени беше прогласена за најдобар играч на турнирот во категоријата учесници со почетен рејтинг под 1800, а нејзината сонародничка Василики Александри со 6,5 поени ја освои втората награда во таа категорија. Матео Ефтовски беше најдобар во категоријата играчи со почетен рејтинг под 2000, освојувајќи 8 поени, додека, пак, ФМ Александар Кралевски со идентичен резултат ја освои наградата за најдобар ветеран (играч над 65 години).
Меѓународниот турнир „Алкалоид Рапид Опен“ се одржува традиционално од 2012 година, а на ова издание беше забележан и просечен рејтинг на играчите од 1829, кој е најголем во последнава декада и е индекс кој го претставува високото ниво на учесниците од регионот.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

