Соопштенија
(Видео) Арсовски: Заев, без срам, најпрвин рече дека неговото семејство нема фирми во Бугарија, за потоа да потврди
Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство, во случајот во соседна Република Бугарија, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство на своето семејство, во случајот за фирми во Бугарија на својот братучед Трајче Заев и зетот Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство.
Се работи за 3 фирми, фирмите „Гомасидра“, „Ориент груп“ и „Радиша трејд“. Фирми што се основани од неговите роднини Трајче Заев и Славиша Бојовиќ-Заев.
Во фирмата „Гомасидра“, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017 година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној што му продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018 година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.
Втората фирма е „Ориент груп“, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, братот на Зоран Заев, и Славица Заева, а преземена од братучед му Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од 5.000 евра, односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.
Третата фирма е „Радиша трејд“, фирма на Радиша Бојовиќ-Заев, инаку зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се занимава со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.
А отвори уста Зоран Заев, а лаже. Тоа е Зоран Заев.
Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиона граѓани на ТВ-дуел. Зоран Заев без срам најпрвин рече дека неговото семејство нема фирми во Бугарија за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.
Од што е лоша бизнис-климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат. Ни Заев не си верува дека бизнис-климата во Република Македонија е добра како што тоа се обиде да го наметне во јавноста подолг период. Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел тие се оформени?“, праша Арсовски.
Тој ѝ порача на јавноста сите масовно да излезат на изборите за да го поразат СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

