Соопштенија
(Видео) Исмет Рамадани: Јас не сум член на СДСМ и БЕСА, но сум член на Коалицијата „Можеме“
 
																								
												
												
											Јас не сум член ниту на СДСМ, ниту на БЕСА, но сум член на Коалицијата „Можеме“, затоа што сум 100 отсто сигурен дека оваа коалиција е со евроатланска ориентација и носи евроатланска перспектива, порача на малиот јавен собир во организација на Коалицијата „Можеме“, Исмет Рамадани претседателот на невладината организација Евроатлански сојуз.
Рамадани истакна дека со Договорите со Грција и Бугарија која ги постигна Владата предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев се отворија портите кон НАТО и ЕУ, а тоа влијае на внатрешната стабилност, на унапредување на меѓучовечките и меѓуетнички односи.
„ Влезот во НАТО обезбедува стабилност и безбедност. Во овие 70 години ниту една земја членка на НАТО не била нападната. Стабилноста и безбедноста со НАТО ќе ги направи младите многу покреативни, потолерантни и покооперативни. Благодарение на концептот што го предводи претседателот на СДСМ Заев, ние денеска имаме стабилни, хармонични меѓуетнички односи. Ние денеска имаме најдобри добрососедски односи и немаме проблем со ниту една соседна земја. Со храброста која ја покажавме и со Договорите со Грција и Бугарија се отворија портите и ние галопиравме кон НАТО, сега како членка на НАТО галопираме кон ЕУ“, порача Рамадани.
Тој додаде дека за разлика од СДСМ, од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле искрено за НАТО.
„ ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале намера да одиме кон НАТО, затоа што биле преокупирани да создаваат криминални структури, да ја пљачкаат државата, а ист е случајот и со ДУИ нивниот коалиционен партнер во 10 години владеење, порача Рамадани, повикувајќи граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме“, затоа што како што истакна тој, тоа е победничка коалиција, и секоја друга опција не е добра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Соопштенија
Атанасовски: Заокружи број 9, за Македонска Каменица да продолжи да се развива
 
														„Со поддршка на Владата и премиерот, наскоро ќе кажеме дека сме прва општина со асфалтен пат до секој дом и со чиста вода за пиење за секое семејство. Најголемите и најзначајните проекти во нашиот град, се изградени од ВМРО-ДПМНЕ и ние ќе продолжиме по трасираниот пат, пат по кој ќе чекориме сплотени, цврсто и храбро затоа што ние резервен дом немаме. Имаме визија за развиена Каменица, за перспективен град за град на успех и благосостојба, за град во кој сите ќе бидат среќни“, истакна Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник за општина Македонска Каменица на вечерашниот мини-митинг во општина Македонска Каменица, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември.
Атанасовски истакна дека во изборната програма има многу нови проекти и идеи за напредок, со цел уште поуспешен и модерен град.
„Имаме идеи за напредок и визија за иднината, работиме за успешна и модерна општина која е пример за останатите. Имаме многу нови проекти за нашиот град. Дојдено е ново време, време кога се гради домаќински и се вложува во иднината, време во кое се бориме за секој еден од вас, за секој проблем да биде решен, секој предизвик да биде надминат, време во кое Македонска Каменица и нејзините жители се пред се и над се. Денес имаме нови асфалтни патишта, водоводни канализациони системи во секој дел од општината, имаме реконструирано образовни институции, јавно претпријатие кое целосно е во функција на граѓаните, имаме силни вложувања и во културата, спортот“, рече Атанасовски.
На крај Атанасовски повика граѓаните да се обединат, и да го заокружат бројот 9 за општина Македонска Каменица да продолжи да се развива.
„Сега е време на обединување а веднаш по новата победа, ќе биде време за вистинска експанзија, доаѓа времето кога овој град ќе биде препознатлив насекаде, и ќе биде инспирација и поттик за сите останати, направете го вистинскиот избор, гласајте за број 9“, посочи Атанасовски.
Соопштенија
Чонески: Време е за промени и вистински развој во Крушево
 
														Нико Чонески, кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес даде изјава за медиуми во која ги истакна предизвиците со кои се соочува Крушево, потенцирајќи дека е потребно итно решавање на наталожените проблеми и создавање услови за целосен развој на општината.
„Крушево кое за жал, колку што што е прекрасно, толку и проблеми има. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но и за жал значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент. Почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се, во Крушево ни е потребно развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени“, истакна Чонески.
Чонески порача дека за Крушево да чекори напред, потребни се промени, енергија и визија кои ќе ја вратат општината на патот на напредок и достоинствен живот за сите жители.
Соопштенија
Герасимовски: Реконструкција на „50. дивизија“ и нова градинка во маалото
 
														Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави почеток на целосна реконструкција на улица „50 Дивизија“, со која улицата ќе добие современ, функционален и безбеден изглед. Проектот предвидува еднонасочно движење и ново коловозно решение, со што ќе се подобри протокот на сообраќајот и ќе се создадат нови резидентни паркинг-места.
„Со проширување на тротоарите, поставување бариери против диво паркирање, ново ЛЕД осветлување и зеленило, овој потег ќе стане поурбан, побезбеден и поудобен за сите жители. Како трајно решение за паркирањето, предвидена е и катна гаража, со која конечно ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на Центар,“ рече Герасимовски.
Тој најави и изградба на нова градинка во населбата по скандинавски терк, со што просторот добива целосно нова вредност, урбано, зелено и безбедно маало за сите центарци.
Во новата програма се предвидени и следниве инфраструктурни зафати: реконструкција на ул. „Ленинова“ – од бул. „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата, со велосипедска патека и зеленило долж целиот потег, нови пјацети на улиците „Чедомир Мендеровиќ“, „Наум Наумовски Борче“ и „Орце Николов“. Во прогарамата за наредниот мандат се планира реконструција на над 20 улици и поставување на водоводни и канализациони мрежи каде што е потребно.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											