Соопштенија
(Видео) Манчев: Асфалтиравме 40 улици во Босилово, во следниот период ќе се реконструираат уште 13

Во овој момент во општина Босилово се работи на асфалтирање на 5 улици и тоа улица во село Сарај, улица во село Иловица , со средства обезбедени од Буџетот на Општина Босилово. И улица во Моноспитово, улица во Старо Балдовци, улица во Гечерлија, со средства обезбедени со поддршка на Владата на Република Македонија, вели Ристо Манчев, кандидат за градоначалнк на општина Босилово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е најважно, покрај овие 5 улици на кои што се работи во моментот, важно е да се спомне дека Општина Босилово има потпишано договори со фирми изведувачи, и во наредниот период ќе бидат асфалтирани уште 13 улици во нашата општина и тоа: улица во Босилово од бетонскиот одводен канал до патот со Радово, потоа улица во Босилово од патот со Радово до Зоки Милев пилот, и трета улица во Босилово од Јоско Лазаров до Шолева Данка.
Најави дека покрај овие три улици, во Босилово ќе се асфалтира и улица во Дрвош, позади училиштето, улица во Петралинци и тоа улицата од мостот кај црквата до патот, спојот со Старо Балдовци.
„Улицата во Еднокуќево ќе се асфалтира исто така, кај Васко Жежов. Потоа улица во Робово кај Павле Пандев. Улица во Моноспитово отпочнувајќи од Славе Мишев до Душко Јованов. Потоа во Моноспитово, од Коцев Драги до Велешанов Мојсеј, и улици во Моноспитово од Ване Паунов.
Продолжуваме со асфалтирање на улица во село Секирник или улицата кај Димо.
Понатаму продолжуваме со асфалтирање во Сарај и тоа улицата кај Каваџи, и улицата кај спортското игралиште, т.е фудбалскиот терен во село Сарај.
Нашата цел е во наредните две години во општина Босилово, да нема ниту една неасфалтирана улица. Секој граѓанин на општина Босилово, заслужува да има пристоен пат до својот дом. Затоа ве повикувам на 19 октомври да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за да ја направиме општина Босилово пристојно место за живеење за секој еден нејзин граѓанин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар.
„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани. Се задолжуваат без покритие, јавниот долг достигнува над 62 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво во регионот, а странските инвестиции скоро и да ги нема. Ова е резултатот на лоши политики, на неспособност, незнаење и на небрежност. Немаат ниту план, ниту стратегија како да ја водат државата“, истакна Филипче.
Тој додаде дека додека власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат, мерките за поддршка на граѓаните ги нема.
„Минималната плата и натаму е една од најниските во регионот, пензионерите добија помалку од ветеното – само 1.000 денари, студентите не го добија бараното зголемување од 130 денари за студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а над 1.000 студенти останаа без студентски оброк. Земјоделците во Полог останаа без поддршка – субвенциите се намалени, откупните цени паднати, а трудот обезвреден“, рече Филипче.
На трибината, Филипче посочи дека СДСМ секогаш била на страната на граѓаните со мерки за поддршка и во најголемите кризи со кои се соочувала државата.
„СДСМ отсекогаш знаел да се бори и кога биле тешки времиња не сме се откажувале. Во најголемите светски кризи, енергетска, економска, здравствена – ние стоевме со народот. Се изборивме за секое работно место, за секој бизнис, за секој човек што остана без приходи. И во такви тешки времиња платите растеа, субвенциите се покачуваа. Донесовме 9 пакет мерки за ранливите семејства, за студентите, за пензионерите. За сите, никој не оставивме сам да се справува со последиците. Тоа е државничко и одговорно водење држава“, рече Филипче.
Затоа, како што кажа Филипче, овие избори се од исклучителна важност за иднината на секој граѓанин, за напредокот на државата.
„Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме. Овие денови да ги искористиме и да поразговараме со соседи, роднини, да го посетиме секое маало, да се мобилизираме и да повикаме на обединување. Сега не е време за откажување од борбата за нашиот дом. Ова е момент на враќање, на единство,на нов почеток“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Соопштенија
Ружински: Заборавениот бизнис инкубатор ќе го претвориме во модерен младински хаб, каде младите ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина

Нашата визија е едноставна, чесна работа, економски силна Малешевија и достоинствен живот за секој. И тоа не се празни зборови. Тоа е детален план со конкретни проекти. Проекти кои произлегоа од разговорите со вас, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Петар Ружински.
На денешниот народен митинг во Берово, во рамките на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за избори кои ќе се одржат на 19 октомври во недела, Ружински ја претстави програмата со која ја бара поддршката на граѓаните.
Посочи дека првиот темел на програмата е современа инфраструктура, и за таа цел ќе се уреди влезот во Берово, за да се стави крај на урбаниот хаос, ќе се донесе нов Генерален и Детален урбанистички план.
„Вториот темел е економски раст и можности за младите. Ќе го претвориме заборавениот бизнис инкубатор во модерен младински Хаб (HUB), место каде нашите млади ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина тука, дома! Ќе го издигнеме туризмот на светско ниво. Ќе изградиме градски базен, ќе ги уредиме спортските терени, ќе ја зачуваме нашата природа и сето ова ќе го направиме со силна поддршка од централната власт. Таа поддршка не е празен збор, таа е реалност. Еве, пред некој ден, со министерот за култура ја потврдивме веста, Владата обезбеди 90 милиони денари за реконструкција на нашата киносала“, рече Ружински.
Тоа е разликата, додаде тој, ние испорачуваме дела, а не само зборови и дека програмата е амбициозна, но остварлива.
„Ветувам чесна, посветена и пред сè, транспарентна работа. Преку дигитализација, секој од вас ќе знае каде оди секој денар од општинскиот буџет. Општината ќе биде сервис кој работи за вас. Мојата сила доаѓа од вас. Од секој човек што вечерва е тука. Од секој збор на поддршка, од секое ракување на чаршијата. Затоа, на 19-ти октомври, изборот е јасен. Изборот е помеѓу минатото и иднината. Изборот е помеѓу празни зборови и реални дела. Ве повикувам да излезете масовно и да го заокружите бројот 9. За Берово во кое младите ќе остануваат. За Берово на кое сите ќе бидеме горди! За нашата заедничка победа“, порача кандидатот за градоначалник, Ружински.
Соопштенија
Каранфиловa-Пановска од Дебар: На 19 октомври да се обединиме за Македонија да го фати вистинскиот правец

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска на граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Дебар ги повика граѓаните на 19 октомври, да гласаат за бројот 5, за обединување, за Македонија да го фати вистинскиот правец, бидејќи по година и половина со ДПМНЕ земјата оди во изолација, во поделби, а народот во сиромаштија.
„Македонија денес е втора најсиромашна земја во Европа според минимална плата. Сите економски параметри се лоши. Во изминативе 14 месеци над 1,8 милијарди евра нов долг има создадено оваа власт на грбот на народот, а највуваат уште 6 милијадри. Инфлацијата е 4%, повратот на ДДВ за фирмите доцни, над 700 милиони евра има државата долг кон фирмите кој не е вратен“, истакна Каранфиловa-Пановска.
Таа нагласи дека нема развој со вакви погрешни политики.
„Секој човек мисли што ќе однесе на трпезата дома, како ќе плати сметки, ова не е живот, ова е преживување. Младите се иселуваат, не затоа што не сакаат да живеат овде, туку затоа што државата им ја одзема надежта“, истакна Каранфиловa-Пановска, додавајќи дека токму затоа е важно во Советот на Дебар да има луѓе што ќе се борат за секој локален проект, за секој инвеститор, за секоја идеја што носи развој.
„Нашата борба за нашиот дом е борба и за заедништво, за општини коишто обединуваат, за Македонија што се гради со љубов, а не со поделби. Нашиот најголем адут на овие избори се чесните луѓе, нашите кандидати. Ние пред граѓаните изгледуваме со чесна понуда. Овде во Дебар тоа се нашите кандидати на советничката листа, кои ќе бидат вистински глас на народот на чело со Мухамед Имеровски!“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска во Дебар.