Соопштенија
(Видео) Мисајловски: Предвремени избори мора да има
Предвремени избори треба и мора да има. Колку побргу толку подобро и за граѓаните и за државата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Според него, само тоа е спасот од оваа неспособна, расипничка и корумпирана власт.
„Три години по ред Македонија ги трпи последиците од најнеспособната Влада од осамостојувањето. Оваа власт за 7 месеци реализира едвај 24,5 отсто од годишно планираните капитални инвестиции во време кога реализираниот дефицит и социјалните трансфери се над 50 отсто. Тоа е показател дека државата е ставена на апарати за дишење, не се гради ништо, не се прави ништо.
Неработата се гледа и во бројките и официјалните статистички податоци што ги објавува ДЗС, имено во јуни 2019 година имаме 1,5 отсто помалку издадени одобренија за градење отколку во јуни 2018 година, а вредноста на објектите за кои се издадени овие одобренија за градење е 23 отсто помала отколку за истиот месец во 2018 година. Резултатите се поразителни и ако го видиме бројот на работници во индустријата, каде што во јули оваа година во однос на јули лани имаме пад 2,5 отсто“, рече тој.
Кога во една држава градежништвото и индустријата тонат, додаде Мисајловски, тогаш пропаѓа сè.
„Државата буквално стагнира. Показател за тоа е и сумата на странски директни инвестиции во вториот квартал од 2019 година, која изнесува очајни 7,6 милиони евра, во исто време кога во Србија имаме 1,7 милијарда евра инвестиции, во Словенија 561 милион евра, во Хрватска 273 милиони евра, во Бугарија 286 милиони евра. Доколку ова го сведеме на жител, доаѓаме до катастрофални бројки, особено кога ќе ги компарираме со нашите соседи. Имено, инвестициите во соседна Србија на жител изнесуваат околу 543 евра, понатаму 280 евра во Словенија, во соседна Бугарија малку повеќе од 40 евра, а во Македонија изнесуваат 24 евра на жител. Лошата состојба се гледа и во слабата наплата на даноци. Власта која предвидуваше дека ќе има зголемување на наплатата на даноци од 9,02 отсто, собра 8,57 отсто помалку даноци од она што сама го планира. Односно, од планираните 51,1 милијарда денари за период јануари – јули власта собрала 46,7 милијарди денари. Ова укажува дека и стопанството тоне и тоа во континуитет. Ова се само дел од податоците што укажуваат на самата неработа и неспособноста на СДСМ. Македонија не може да напредува со оваа власт, затоа се потребни предвремени парламентарни избори што побргу“, рече Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

