Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Дончев и Филипче манипулирале странски инвеститор

Ден Дончев од позиција на директор на ФЗОМ и Венко Филипче од позиција министер за здравство, во владата на Република Македонија манипулирале странски инвеститор за да спречат влез на светски здравствен гигант во земјата, со единствена лукративна цел, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Се споменуваат, додаде тој, месечни транши, се споменува благајник со брада во Струмичко, постои и кривична пријава за тоа, ама што се однесува до државата – нема ништо. Случајот ‘Рекет 2’, вели Стоилковски, одекнува во јавноста, но Дончев и Филипче сè уште се функционери под заштита на Зоран Заев.
„Во интервју за медиумите Вера Иванова, сопственичката на ‘Диамед’, фирмата жртва во случајот ‘Рекет 2’, посочува дека има докази за ‘Рекет 2’, има докази кои што експлицитно укажуваат дека Ден Дончев и Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија. Ама кредибилна истрагата за тоа нема, се влече, двајцата сè уште се на функции. Бизнисмен од Македонија вели дека Ден Дончев со помош на Венко Филипче, за своја корист злоупотребувајќи ги позиции, ја злоупотребиле државата и спречувале координирано влез на странски капитал во државата, ама државата молчи. Дончев децидно не негираше дека контактирал со Зоран Милевски- Кичеец, децидно не негираше дека преку него се обидувал да ја спречи купопродажбата на домашна компанија и притоа компанијата да биде преземена, продадена на инвеститор по избор на Дончев и Филипче“, рече Стоилковски.
Подносителот на кривичната пријава, додаде, вели дека има докази дека Дончев и Кичеев одлично се познаваат, а истрагата треба да одговори дали преку Кичеец, Дончев сакал да наметне кому да биде продадена компанијата?
„Ако ова не е доволно за Рускоска за случајот ‘Рекет2’ да побара Дончев и Филипче да бидат тргнати од позициите и да бидат притворени за да може да се спроведе истрага по поднесена кривична пријава, тогаш прашање е што треба да се случи за да рускоска-обвинителството поведе каков било случај против висока корупција.Дончев и Филипче спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши рекет до благајник со брада во Струмичко, и никому ништо“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Зборувај за убавините на својата земја – Шара, Водно, Пелистер, Плачковица

Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме спокојни, да чувствуваме љубов, да се чувствуваме како дома. Понекогаш тоа е песна со која сме израснале, понекогаш тоа е мирис на омиленото јадење кое ни го готвела баба, а понекогаш тоа е некое место, некоја планина или нејзиниот врв.
Како што е прекрасниот и моќен Љуботен на Шара, како што е Водно над Скопје… Места и пејзажи на кои секогаш им се навраќаме, опеани од нашите поети: од Константин Миладинов во „Т’га за југ“ до Нина Спирова: со „Parlez-vous français за Скопје, за Вардаровиот кеј, за Водно, зборувај за Шар Планина, за убавините на својата земја…“
Животот станува сè побрз, а обврските изгледаат бесконечни. Потиснати од постојаниот стрес на современото живеење, од секојдневното пробивање низ гужвите во сообраќајот, од уморот од работата и постојаниот наплив на информации на интернет, спас и одмор сè повеќе гледаме во нашите природни убавини, како простор каде можеме да почувствуваме внатрешен мир и барем за кратко – спокојство. Престојот на планина е здравје.
Ако Македонија има нешто во изобилство, тоа се планините. 87% од територијата на нашата татковина е планинска и веројатно тоа е најголемото богатство со кое располагаме, затоа СКОПСКО ова лето вниманието го насочува токму кон нив.
Платформата на СКОПСКО, „Наша Гордост. Наша Одговорност“ се стреми да биде вистински пример за силата на заедничката акција во заштитата на природните богатства на Македонија. Од март започнува кампањата „Заедно се грижиме за планините“ преку која од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета ќе се собираат средства за чистење на нашите планини и обезбедување на урбана инфраструктура.
Наши се Шара и Водно и Пелистер и Плачковица, секогаш биле и секогаш ќе бидат, затоа да бидеме дел од напорите да се заштитат најдобро што може. Причината за тоа ја опеа и нашата Нина Спирова во нејзиниот легендарен шлагер „Никогаш не заборавај дека најсреќен си само дома.“
(ПР)
Соопштенија
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија.
Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.
Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар.
Свиперот работи на електричен погон, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰ камера.
Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.
ПР
Соопштенија
ИСОС: Преку притисок врз институциите неформална група сака да продолжи да работи во сива зона наспроти 6.300 сметководители, кои работат според законот

Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група.
На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како единствена организација основана согласно Законот која има јавни овластувања и ги претставува интересите на сите сметководители и овластени сметководители во земјава, истакнаа дека ИСОС ќе достави во најкус можен рок забелешки на предложените измени и ги изнесоа фактите за реалните состојби во оваа професија.
Фактите говорат дека 6300 сметководители и овластени сметководители кои активно се занимаваат со оваа законски регулирана професија во нашата земја, доследно ги почитуваат своите законски обврски, односно навремено и точно ги ажурираат своите податоци во регистрите кои ИСОС законски е обврзан да ги води, ги имаат исполнето законски утврдените часови за континуирано професионално усовршување и во целост ја платиле предвидената членарина.
Наспроти ова, поединци од т.н. „неформална група“, кои и покрај сите укажувања и апели не ги исполниле свои законски обврски, продолжуваат да вршат притисок во јавноста и врз институциите, со цел да им се овозможи да се занимаваат со сметководствена дејност надвор од важечкиот Закон. На ваков начин, преку притисок, овие поединци сакаат и понатаму да им се дозволи да работат во т.н. сива зона, што е една од основните негативни појави за чие сузбивање се залагаат сите учесници во дејноста и надлежните институции и која им нанесува огромна штета на мнозинство активни сметководители кои редовно ги исполнуваат сите свои законски обврски и со право очекуваат да им биде овозможено да работат и да напредуваат во професијата.
Претставниците на оваа неформална група, кои вчера протестираа пред Министерството за финансии, јавно признаваат дека не ги почитувале своите законски обврски само затоа што Законот не им се допаѓа, сметаат дека тие нема потреба да се усовршуваат и да го надградуваат своето знаење од областа и не сакаат да ја плаќаат законски утврдената членарина.
Споредбено на тоа, што ќе се случи доколку претставниците на останатите законско регулирани професии, како што се: лекарите, инженерите, проценителите, адвокатите и други, свесно престанат со своето континуирано стручно усовршување.
На денешната средба, членовите на Управниот одбор на ИСОС, им укажаа на пратениците дека предложените измени во Законот по скратена постапка, кои се резултат на јавниот притисок што го прави споменатата неформална група, задираат во некои од клучните аспекти за регулација на професијата и можат да нанесат долгорочни штетни последици врз нејзиниот натамошен опстанок и развој, што секако негативно ќе се одрази и врз државата и економскиот развој на земјата.
Убедени сме дека институциите заедно со ИСОС ќе успеат да пронајдат соодветно решение, особено во овој период кога, по долг период на застој, ажурираните Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ) започнаа да се применуваат во земјата.
ПР текст