Соопштенија
(Видео) Талевски: Следува прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители
Градиме држава на слободни граѓани, во која криминалците ќе одговараат за своите злодела. Никој и ништо нема да не’ спречи да успееме во тоа, најмалку Мицкоски и неговата криминална ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатите три години, никој од извршната власт предводена од СДСМ, не помисли да се меша работата на правосудната власт. Напротив, претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше првиот кој го пријави случајот „Рекет“ и тоа во време кога беше премиер, што е најдобар доказ дека обезбедуваме правда за сите, изјави Миле Талевски – кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ4.
„ За само три години, ги поставивме основите за правна држава. Сега, на ред е прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители! Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе биде извршена и темелна ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.
Времето на купување правда, монтирање случаи и жртви на режим е минато!
Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги исполнат желбите на нивниот ментор и нарачател Груевски за обнова на режимот, за нови уцени и закани, нови наместени случаи и воведување на криминална правда!
Истовремено, се обврзуваме за ред и дисциплина во институциите.
Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт. За секое утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.
Администрацијата мора да им служи на граѓаните. Затоа, ќе ја професионализираме. Она што сакам да го потенцирам, е дека ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.
На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново, сваровски судство. Заедно со граѓаните можеме уште повеќе, уште подобро!“ рече Талевски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, со поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар.
Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој, според Зајкова, ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто на заедницата.
„Одејќи накај Собрание (бидејќи работиме на новиот Предлог- закон за комунална полиција), наидов на предизборните активности на кандидатот за градоначалник на општината во која живеам. Водејќи се од визијата дека на граѓаните им се потребни искусни луѓе кои испорачуваат резултати, а не изговори, упатувам особен повик до сите граѓани кои во првиот круг гласаа за кандидати кои не влегоа во вториот круг: Поддржете кандидат кој ги разбира вашите потреби, кој со своето искуство и посветеност ќе испорача повеќе резултати и веднаш ќе започне со работа – со завршување на започнатите проекти и реализација на нови решенија во интерес на сите нас. Затоа давам поддршка за луѓе како Горан – кои ја препознаваат граѓанската визија, имаат искуство и се подготвени да работат посветено за доброто на заедницата. Сега е моментот да избереме резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања“, напиша Зајкова, на својата објава на Фејсбук.
Соопштенија
На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска
Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.
Соопштенија
„Влен“: Тетово не е пазар за Левицата и ДУИ/НАИ!
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“, велат од „Влен“.
„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали“.
Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“, соопштуваат од „Влен“.
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?
Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово“, прашуваат од „Влен“.

