Соопштенија
(Видео) Шахпаска: Со СДСМ, ЕУ и НАТО се реалност, со ВМРО-ДПМНЕ единствена реалност е обнова на режимот и изолација
Пред три години започна пишувањето на новата историја на нашата држава. СДСМ и Владата која ја предводи донесе важни одлуки и презеде храбри чекори, кои со децении наназад никој не се осмели да ги направи. Замрзнати процеси, стоење во место, заглавени во чекалната на НАТО и ЕУ. Режимот правеше се за да ја држи земјата што подалеку од двата најмоќни светски сојузи, истакна Јагода Шахпаска носителка на ИЕ 3 од СДСМ.
„ Пред само три години нашата држава беше во длабока изолација, заробена во режим, скарана со соседите, без никаква евроинтегративна перспектива. Но за луѓе со визија за подобра иднина, со волја за напредок , нема невозможно. После само една година од доаѓањето на власт на СДСМ се решија отворените прашања со нашите соседи и почнавме да градиме мостови на пријателства, на сојузништво.
Денеска сме горда 30 земја членка на НАТО, еднаква со најсилните и најмоќните земји во светот. Веќе никогаш повеќе нема да сме сами и незаштитени. Обезбедивме сигурна иднина за сите нас и за нашите деца. Затоа што, НАТО не е само безбедност и сигурност, НАТО е и нови инвестиции, работни места и повисоки плати. Денеска имаме армија по светски стандарди и пристап до пазар од 4 милијарди евра годишно.
По членството во НАТО подготвени сме и знаеме дека можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Тоа се европски пари за европски стандарди дома.
Наспроти сите наши влогови и успешни резултати, стоеше ВМРО-ДПМНЕ кои освен чувањето на земјата во изолација и под режим, јавно покажаа дека се против тоа земјата да оди напред. Додека Северна Македонија зачекоруваше во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски навиваа тоа да не се случи, а кога формално се случи влезот во НАТО, Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира и да го честита историскиот успех на државата. Тоа е таа деструктивна партија.
Немаше став за ниту едно важно прашањe, бегаше и опструираше секогаш кога се носеа промени важни за иднината на државата и граѓаните. Ништо друго ВМРО-ДПМНЕ не нуди освен обнова на режимот, изолација и продавање на лажен патриотизам, додека парите завршуваат во белиот дворец. И така, од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палатa.
Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj. Додека СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски. Затоа, на 15 јули да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО, нема враќање назад во изолацијата и обнова на режимот. Сите ние МОЖЕМЕ повеќе и подобро!“ порача Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

