Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во инцидент во угостителски објект?
Кој е пратеникот од власта чиј син вчера учествуваше во насилен инцидент во угостителски објект? Кој се чувствува толку моќен среде бел ден во ресторан да дели правда и да го нарушува јавниот ред и мир? Каде била полицијата, зошто не интервенирала и зошто МВР го премолчи инцидентот?, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата прашува дали насилството се прикрива само затоа што таткото е коалициски партнер на Заев?
„Со СДСМ на власт криминалот царува, а нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки станаа секојдневие во Република Македонија. Власта и МВР наместо да го одржуваат редот и мирот во државата, соучествуваат во криминалот. Вчерашниот не е прв случај во кој учествува син на функционер кој властите се обидуваат да го сокријат. Пред само два месеца медиумите објавија дека син на виш полициски советник на Оливер Спасовски избоде полициски службеник во Марино, а насилникот уште е на слобода.
Пратеник јавно призна дека сторил кривично дело, а пријава сè уште нема. Вицепремиер и заменик-министер прават сообраќајни прекршоци и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, а МВР не реагира. Партиски функционер се закануваше на командирот на ПС Велес, а МВР на Спасовски молчеше и го криеше случајот. „Пајак“ нападна полицајка кај Мавровка, а Спасовски и МВР повеќе од година дена не можат да обезбедат докази додека снимките мистериозно исчезнаа.
Власта ослободи над 800 затвореници кои сега слободно дивеат по улиците. Убиецот на Мартин Јанушев сè уште шета на слобода, а на слобода се убијците кои среде Скопје на Рузвелтова пукаа со калашникови и одзедоа два човечки животи. Граѓаните со СДСМ повеќе не се чувствуваат слободни ниту во своите домови и стравуваат за своите животи и животите на нивните деца. СДСМ и Оливер Спасовски докажаа дека не се способни да ги одржуваат редот, мирот и безбедноста во државата. Затоа Спасовски мора веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. СДСМ мора да си замине за да се врати безбедноста во Република Македонија”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

