Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Бандата СДСМ – ДУИ ќе изгуби на изборите поради криминал и корупција, фашистички ковид-мерки и згрижување бегалци

Објавено пред

Зоран Заев заедно со ДУИ ќе изгубат на изборите. Токму оваа коалициска банда ќе изгуби на изборите поради криминал и корупција. Второ име на оваа криминална банда е неспособност. Секогаш во предизборието се расфрлаат со слатки зборови и ветувања, коишто, за жал, остануваат само во нивните памфлети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Дека СДСМ – ДУИ освен криминал и корупција не знаат ништо да сторат е и примерот со мерките за Ковид-19. Имено, од никакви мерки, непостоење на мерки, наеднаш се премина на радикални мерки кои прават поделби кај граѓаните. Токму тоа значи само дека власта нема концепт и буквално како муви без глави летаат и не знаат што да прават ниту со себе, ниту со државата.

Владата предводена од криминалната банда СДСМ – ДУИ направи погрешен потег, уште една глупост која нема граници, а тоа е примање бегалци за кои Македонија нема капацитет да ги смести. Додека побогати земји одлучиле да примат едноцифрен број бегалци, а Владата на Заев која не може за своите граѓани да се грижи ќе згрижи огромен број бегалци. Со секое јавно појавување на Заев се зголемува бројката на бегалци кои ќе бидат згрижени во Македонија.

Сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со сè друго лежи во пораз на СДСМ на локалните избори. Конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на криминалната банда СДСМ – ДУИ на локалните избори, веднаш по поразот на власта на локалните избори нови луѓе со нова визија, мотивирани и храбри да работат за интересите на државата и на граѓаните“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен

Објавено пред

Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање.

dobivaj vesti na viber

Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци и обврски што влијаат врз целокупното искуство.

Помалку формалности, повеќе простор за живот

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна можност за станбен кредит без нотарски трошоци, со важност заклучно со 31.01.2026 година. На овој начин, купувањето недвижност започнува без една од вообичаените дополнителни ставки што често доаѓаат во чувствителен момент. Наместо на тие формалности, вниманието може да остане на уредувањето, вселувањето и секојдневието што допрва ќе се гради во новиот простор.

Долгорочен пристап со јасни услови

Станбениот кредит на Халкбанк е креиран да се прилагоди на животниот ритам, со рок на отплата до 30 години. Каматните стапки започнуваат од 3,2% фиксна каматна стапка за првите 10 години, провизијата за обработка изнесува 0%, а кредитот е достапен и со можност за грејс период до 12 месеци. Износот може да достигне до 400.000 евра, со минимум 10% учество, доколку станува збор за купување на прв стан.

Сигурност што носи спокој

Дополнителната сигурност доаѓа преку полиса за животно осигурување од „Триглав Осигурување – Живот“, која обезбедува заштита за клиентот и неговото семејство. Различните опции овозможуваат избор според индивидуалните потреби, а дел од нив нудат и поврат на премијата, со што се оптимизираат вкупните трошоци на долг рок.

Дом по ваша мерка

Понудата е наменета за купување стан или куќа, недвижност во градба, како и за рефинансирање постоечки станбени кредити од други банки. Таа одговара на различни животни приказни, од прв дом, до нов почеток со повеќе мир и подобра организација на обврските.

Во празничните денови, кога највредни стануваат тивките мигови, разговорите и чувството на припадност, домот го добива своето вистинско значење. Со помалку грижи на почетокот, секој нов почеток може да биде потопол, посигурен и похармоничен.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државната лотарија

Објавено пред

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност.

dobivaj vesti na viber

За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што му даваат автентичност на секое индивидуално искуство и го прават самиот момент попосебен.

Без разлика дали станува збор за креирање лото комбинација од среќни броеви или купување инстант лозови, ритуалите се секогаш присутни како невидлив соиграч на патот до големите добивки.

Среќните броеви на лото ливчето ретко се само случаен избор. Зад нив стојат лични приказни, моменти и емоции, кои на бројките им даваат значење. За некои тоа се родендените на најблиските, за други датумот на венчавка или други датуми значајни за нив. Многу луѓе ги избираат истите броеви со години како симбол на континуитет и како знак дека нешто познато и свое останува непроменето.

Освен бројките, секој има и сопствени навики и ритуали. Некои играчи сакаат да ја предизвикаат среќата сами, некои во друштво со пријателите, за други е важно да ги уплаќаат своите комбинации на истото место или секогаш во ист ден од неделата. Некој го зема првиот лоз од купчето, некој сака самиот да избира, некои имаат омилен инстант лоз, други избираат различни, а некои секогаш купуваат точно одреден број инстант лозови. Ритуалите се инстинктивен обид за дофат до среќата и во свет полн со промени тие остануваат константа.

Интересно е што овие практики и среќни броеви често се пренесуваат низ генерации. Комбинации што се играат со години и навики што се повторуваат прераснуваат во традиција што ги поврзува луѓето. Приказните и верувањата што стојат зад ритуалите ги трансформираат игрите на среќа во нешто повеќе од случајност и бројки. Токму тие моменти носат дел од среќата и потсетуваат дека надежта е важен дел од секојдневието.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и „Зегин“ доделуваат стипендии за студенти на Фармацевтскиот факултет

Објавено пред

Од

Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин доделија 14 стипендии за студентите запишани во прв и втор интегриран циклус на студии на Фармацевтскиот факултет при универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Стипендиите се насочени кон поддршка и охрабрување на идните професионалци во фармацевтските науки.

dobivaj vesti na viber

Фармацевтите играат витална улога во здравствената заштита. Тие обезбедуваат безбедна употреба на лекови, ги поддржуваат лекарите и ги насочуваат пациентите кон подобро здравје. Доделувањето на овие стипендии е можност за студентите да се почувствуваат поддржани, а со тоа да постигнат подобри академски резултати и понатаму да придонесат значајно во здравствениот систем.

Христина Маханџиска Георгиевска, една од сопственичките на компанијата Зегин истакна: „Оваа соработка е резултат на заедничка визија во која образованието и знаењето на младите кадри се темел на развојот на фармацевтската професија и здравствениот систем во нашата држава. Преку овие стипендии вложуваме во оние кои покажуваат посветеност, одговорност и искрена желба за напредок. Оваа активност ја спроведува Фондацијата д-р Верица Маханџиска која меѓу другото е посветена и на мотивирање на општествен развој преку поддршка на човечкиот капитал.“

Деканот на Фармацевтскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. д-р Зоран Стерјев, изрази благодарност за поддршката на студентите и истакна дека на овој начин студентите можат да се фокусираат на учење и развивање вештини со цел да придонесат кон развој на општеството. Оваа програма за поддршка на студенти овозможува да се отстранат финансиските бариери и секој студент да има можност да постигне подобри академски резултати.

Оваа иницијатива ги нагласува континуираните напори на Фондацијата д-р Верица Маханџиска и компанијата Зегин да придонесат кон општествен развој и еднакви можности за сите.

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија8 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија10 часа

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет11 часа

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион13 часа

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет14 часа

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет15 часа

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет16 часа

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет18 часа

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа1 ден

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија1 ден

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ1 ден

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија1 ден

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија2 дена

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 дена

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија2 дена

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 дена

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија2 дена

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...