Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ и НАТО не се оди со крадење

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата и премиерот Заев залудно ги манипулирале граѓаните бидејќи во ЕУ и НАТО, како што велат, не се оди со крадење. Според нив, се распродава името и брише историјата, заедно со традицијата и културата.
„На оваа влада главна задача е делење на државни тендери на приватни фирми на луѓе од власта, каде што криминалот метастазира, а хедонизмот цвета. Република Македонија не оди напред со капитулација и со откажување од сè што е македонско. Со откажување од минатото, државата нема иднина. Зоран Заев и СДСМ не се лицето на Европа во Македонија, ниту ги претставуваат европските вредности. Република Македонија ќе се врати на својот евро-атлански пат без капитулација што ја нуди Заев“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе влезе во ЕУ, кога, како што велат, картелот ќе излезе од власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Реконструкција на училишта, нови сали и современи ИТ кабинети во програмата на ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес одржа прес-конференција посветена на образованието во Куманово, нагласувајќи дека тоа е најголемата инвестиција во иднината на градот и неговите жители.
„Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста,“ беше истакнато на прес-конференцијата.
Во програмата за следниот период се предвидуваат реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост, нови и реконструирани училишни спортски сали, современи ИТ кабинети и технолошки зони, уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема, целосна реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово и околните населби и промоција на инклузивна средина во сите училишта.
„Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред,“ порачаа од Движењето ЗНАМ.
Соопштенија
Бујар Османи најави план за дивоградбите во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција вети итни мерки за решавање на проблемот со дивоградбите, нагласувајќи дека граѓаните кои биле измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија.
Како што појасни Османи, работа на кризниот штаб, што ќе биде формиран за таа намена, ќе биде мапирање на дивоградбите и нивна темелна проверка за да се утврди дали ги исполнуваат стандардите за безбедно домување.
„Најпрво е тестирање на структурната стабилност на тие згради, бидејќи нашите информации велат дека, брзајќи да се завршат процедурите, не се почитувале правилата на статиката, динамиката, механиката, приклучоците на електричната мрежа, пристапот до вода, и тие објекти се нестабилни. Оценките на некои архитекти се дека еден земјотрес со многу помала јачина може да ги урне. Не се преземени мерки ниту за противпожарна заштита“, рече Османи.
Тој истакна дека поради непочитувањето на принципите на градба, семејствата што живеат во овие згради поминуваат низ вистински хорор секојдневно.
„Имав можност да се сретнам со група семејства од една од зградите на Серава, која е вистинска карикатура или црна дамка на управувањето со Општината изминативе 20 години. Нивните приказни се потресни. Луѓето биле измамени со сосема поинаков приказ на зградата, висината на зградите им била претставена поинаку. Денес тие живеат таму без ниту еден документ, иако ги потрошиле целите животни заштеди. Нивните станови биле препродавани по десет пати. Тие се искачуваат до десетти кат без лифт, бидејќи не е изграден. Јавните простори и ходниците им се продадени на луѓето за комерцијални цели. И сето ова било овозможено во 2011 година, кога мојот противкандидат бил на функција за издавање дозволи“, рече Османи.
По проверките, како што појасни Османи, доколку зградите го поминат тестот на издржливост и стабилност ќе се работи на изнаоѓање начин на нивно легализирање, за граѓаните да ги добијат потребните документи и да можат мирно да спијат.
„Тоа е прво. Второ, начинот на кој се носеле овие одлуки и како се легализирале на нелегален начин е прашање за Јавното обвинителство, кое ќе го истражи тоа. Но, ние веднаш ќе направиме ревизија на сите прашања и на целата документација во секторот за урбанизам“, истакна Османи.
Соопштенија
Костадиновски вети нова спортска сала во ОУ ,,Гоце Делчев“ во Виница

Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди, рече кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски.
„Со гордост секогаш стојам пред вас и со вас, затоа што знам дека само заедно можеме да ја вратиме силата на Виница. Како што нашите предци теракотни икони, симбол на вечноста, така и ние треба да оставиме нешто трајно за нашите деца. Овде во ОУ ,,Гоце Делчев“, ќе изградиме спортска сала. Нашите деца заслужуваат дом на спортот, каде ќе растат здрави, силни и горди. Виница од секогаш раѓала херои. Време е да им дадеме вистински услови на нашите деца, кои се иднина на Виница и Република Македонија“, рече тој.