Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните незаштитени, ограбена банка од страна на полицаец и ослободен наркобос, работи ли нешто МВР?

Објавено пред

Подземјето царува со државата, а грабежи, пукотници, убиства и криминал се секојдневие. Јавноста со право се прашува дали МВР работи нешто и дали полицијата е само нем сведок на анархијата која директно ја загрозува безбедноста на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Последниот во низата скандалозни настани е грабежот на банка во центарот на Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор. Овој грабеж се случи дрско среде бел ден и имало и користење на огнено оружје, што кажува дека ограбувачите се чувствувале заштитени.

За јавноста веќе не е изненадување тоа што дел од полицијата на Спасовски е во коалиција со криминалот, ама дека рака под рака заедно ограбуваат банки, тоа веројатно не го знаеле.

Наркобосот кој учествувал во ограбувањето на банката беше дел од бегалците од големата акција „Планина“, а замислете кога го фатиле му одредиле куќен притвор, што го искористил да си планира нови криминали.

Замислете, наркобос кој проби полициска акција беше во бегство, па беше фатен, па призна вина и доби затвор под законскиот минимум, по што беше пуштен во домашен притвор, среде бел ден со огнено оружје ограби банка.

Да потсетиме дека пред извесно време Кичеец наместо да биде во притвор учествуваше во сообраќајка со смртни последици, а Рашковски наместо во притвор се шеташе слободно низ скопските улици. Има ли поредок во Македонија? Има ли владеење на правото?

Многу нормално е кога мафијата на СДСМ и ДУИ е на власт, сите криминалци да се чувствуваат комотно и безбедно. Криминалците се заштитени, а граѓаните небезбедни“, се вели во партиското соопштение.

Соопштенија

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Објавено пред

Од

На 12 јуни, со почеток во 18:00 часот, на кејот пред болницата Acibadem Sistina, беше успешно одржано првото издание на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K – нов и енергичен тим-билдинг настан во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до Врв“.

dobivaj vesti na viber

Ова претставува најмасовниот корпоративен спортски настан во Македонија, кој собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии: финансии, ИТ, телекомуникации, фармација, логистика, производство, јавни институции, дипломатски мисии и невладини организации. Трката се одвиваше по патека од 5 километри покрај реката Вардар, каде учесниците уживаа во спортска атмосфера исполнета со тимски дух, забава и позитивна енергија.

Настанот е дел од Adria Corporate Run League, регионална иницијатива што ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале.

Во пресрет на стартот, учесниците ги поздрави г-а Катерина Јордановска Манева од Croatia Осигурување, која го истакна значењето на вложувањето во здравјето и добросостојбата на вработените. Загревањето го водеше фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од Premium Sport Center.

Најбрзите три тима во трката беа:

· Халкбанк со време од 58:40 минути,

· Комерцијална банка со време од 1:00:14,

· Шпаркасе банка со време од 1:06:49.

Во индивидуалната конкуренција, титулата најбрза учесничка ѝ припадна на Снежана Димовска од Комерцијална банка со време од 22:23, додека најбрз учесник беше Мартин Дамески од Халкбанк со 17:22 минути. Целосните резултати од трката се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k.

По трката, сите учесници уживаа во одлична забава на отворено со бендот The Ringtones и DJ Vito, кои приредија енергичен музички настап. Атмосферата беше полна со позитивна енергија, дружење и насмевки, а учесниците се освежија и засладија со вкусен оброк и пијалаци. Вистинска after-run забава која ќе се памети!

Овој настан понуди повеќе од само трка – беше вистинска платформа за вмрежување, тимска мотивација и промоција на здрави животни навики. Со овој настан, компаниите добија уникатна можност да изградат поцврсти тимски релации, надвор од канцеларискиот контекст.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација

Објавено пред

Зошто сè уште би оделе во банка за кредит – кога целиот процес може да се заврши онлајн, без хартија, без чекање и без дополнителни трошоци? Халкбанк веќе нуди услуга која ви овозможува да подигнете потрошувачки кредит од каде било, во кое било време. Online кредитот е дизајниран за клиентите што сакаат сигурност, едноставност и услуга што се прилагодува на нивниот животен ритам.

dobivaj vesti na viber

Кредит од дома – без шалтер и без документација

За аплицирање за Online кредит, клиентот треба да биде примател на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје и да има активна електронска банкарска услуга. Дополнително, потребно е во последните шест месеци редовно да има примања на трансакциска сметка во банката. Апликацијата се поднесува со логирање на електронското или мобилното банкарство и избор на табот „онлајн производи“. Договорот се потпишува електронски, со дигитален токен преку VASCO токен (e-signature) , што овозможува сигурен, заштитен и целосно дигитален процес – без физичко присуство.

Достапност во секое време, од било каде

Аплицирањето за Online кредит е достапно 24 часа, седум дена во неделата. Клиентите можат да пристапат до услугата во кое било време, од кој било уред – без разлика дали се дома, на работа или во странство. Тоа го прави процесот не само брз, туку и крајно практичен.

Фиксна камата, без провизии, јасни услови

Износот на кредитот може да биде до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна и изнесува 6,5% за целиот период, а вкупниот годишен трошок за кредитот изнесува 6,70%. Висината на кредитот што може да се одобри зависи од месечните примања на клиентот, при што максималниот износ на месечниот ануитет не смее да надмине 40% од нивната плата или пензија. Халкбанк не наплаќа провизија за апликација, нема трошоци за обработка, ниту надомест за предвремена отплата.

Фокусот е на клиентот

Online кредитот не го менува само начинот на аплицирање, туку и целиот пристап кон банкарските услуги. Наместо да се прилагодувате вие на процедурата, процедурата е прилагодена на вас – едноставно, сигурно и во моментот кога навистина ви треба.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Сетек Денови“ – ДО 70 % ПОПУСТИ

Објавено пред

Oд 9 јуни, понеделник, започнува најголемата акција на Сетек – сè од техника, најпосетуваните Сетек Денови каде попустите стигнуваат и до 70%!

dobivaj vesti na viber

„Сетек Денови“ е акција каде љубителите на најпознатите брендови, на едно место можат да видат и да одберат се што сакаат и се што им е потребно од техника, по најниски цени.

Во сите салони на Сетек низ Македонија, следува огромен избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери,лаптопи, се од ИТ, мобилни, смартфони, голема палетана додатоци, мали апарати, гејминг опрема, опрема за фитнес, мали и големи апарати и многу повеќе.

Акцијата, СЕТЕК ДЕНОВИ, дава можност за многу поволности како на цените, така и на изборот на производите. Салоните во овој период стануваат зборно место за техника, а веб страната www.setec.mk најпосетуваното место за online продажба.

Искористете ја можноста, дојдете во Сетек и купете најмногу техника, со најниски цени.

Компанијата Сетек, како лидер на пазарот, повеќе од 30 години, во континуитет ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите.

Со мрежа од 33 различни локации, модерно опремени салони и премиум продавници, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој љубител на современата техника.

Покрај актуелната акција, Компанијата, во континуитет нуди и услуги за полесен пристап и поголема можност за корисност на купувачите, како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и долготрајна употреба.

Сепак, обожавателите на техника најмногу ја чекаат акцијата СЕТЕК ДЕНОВИ, кога буквално СÈ СЕ КУПУВА !

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Во Кочани ќе се гради споменик во помен на загинатите во „Пулс“

Собеанието со амандман обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности...

Топ2 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија3 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет4 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија5 часа

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија7 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија8 часа

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...

Македонија9 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет10 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија11 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија12 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија12 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија12 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија12 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија1 ден

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет1 ден

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија1 ден

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...