Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до медиумите бара губитникот Заев, како што го нарекуваат од таму, да си замине, тој, според нив, е делигитимиран од народот.

dobivaj vesti na viber

„Народот го порази Заев за сите понижувања, сиромаштија и кражби што ги направи. Народот го казни за најголемата смртност од Ковид-19 во светот, за провизиите од вакцините што ги бркаа тој и Филипче, за 14 живи изгорени луѓе. Народот му даде црвен картон на Заев и за сите криминали и белосветски мафијаши што ги направи македонски државјани. Народот не сака Драги Рашковски да мести тендери и да не одговара и да се шета на слобода исто како и Ден Дончев, кој го видовме со туце пари во торба. Народот сака одговорност и одговори и за енергетската криза во која нѐ фрлија и за поскапувањето на струјата“, е напишано во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, додаваат од таму, мора да си замине и поради инфлацијата што ги јаде парите на граѓаните, поскапениот живот и лошите услови.

Заев и СДСМ мора да си заминат затоа што државата не смее да продолжи да губи, се нагласува во писмената реакција од опозициската партија.

Соопштенија

Европски младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 во Скопје и Куманово: ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји

Објавено пред

Најголемиот младински спортски настан во Европа, кој ги поврзува учесниците во духот на олимпизмот, пријателството, меѓусебната почит и поддршка, ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска), од 20 до 26 јули 2025 година.

dobivaj vesti na viber

На традиционалниот престижен олимписки фестивал ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери и тимови за поддршка и околу 700 волонтери, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски индивидуални и групни дисциплини: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, маунтајн бајк, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадмингтон, стрелаштво, кајак слалом, теквондо и пинг – понг.
Претстојната манифестација беше повод за денешната прес – конференција во Општина Куманово, еден од градовите домаќини на спорсткиот собир, на која присуствуваа раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, директорот на ЈП Куманово паркинг – Куманово, Андреја Маџовски и претставници од EYOF.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Родителите од Кочани: Мицкоски ни рече да си одредиме цена за нашите деца

Објавено пред

Родителите на загинетите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани велат дека нивното барање со државниот врв, завршило со средба со премиерот, Христијан Мицкоски, на која како што тврдат, се соочиле со навреда и газње по нивната болка.

dobivaj vesti na viber

На 1 јули, тие испратиле барање до премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши. По две недели, единствен одговор добиле од кабинетот на премиерот, кој закажал состанок на 7 јули во Скопје.

И покрај нивната желба средбата да се одржи во Кочани, им било соопштено дека безбедносните услови не дозволуваат патување на премиерот, па состанокот се одржал во Владата.

На средбата, премиерот рекол дека барањето го гледа за првпат, а во врска со барањето за еднократна парична помош, изјавил: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“, тврдат родителите.

Велат дека тоа е навреда што никогаш нема да ја заборават и порачаа: „Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!“

Потенцираат дека немаат политички агенди и дека нивната единствена цел е правда за 62-те млади животи кои загинале.

„Нашите деца се херои. Ако вие не знаете да ја водите државата, ако не знаете да обезбедите правда… отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.“

Родителите го повикуваат премиерот и институциите да престанат со одолговлекување, додавајќи дека судскиот процес уште не започнал, а осомничените шетаат слободно.

Меѓу нивните барања се еднократна парична помош за секое погодено семејство, преку Фонд за итна поддршка, како и право на предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на починатите поради траумата низ која поминуваат и неспособноста да работат.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Tefal store powered by Neptun ја отвора својата прва монобренд-продавница во Скопје

Објавено пред

Францускиот бренд Tefal, кој речиси 70 години произведува садови за готвење и мали апарати за домаќинство, со гордост информира за големото отворање на својата прва моно-бренд продавница Tefal powered by Neptun, сместена во East Gate Mall, најголемиот шопинг центар во регионот.

dobivaj vesti na viber

Големото отворање на Tefal Store powered by Нептун во East Gate Mall (кат -1) ќе биде на 09.07.2025 (среда) во 12:00 часот. Првите 50 купувачи на денот на отворањето со сметка над 2.999 денари добиваат подарок.

Потенцијалните купувачи ги очекуваат многу изненадувања, награди и попусти до 50%. Погледнете леток на Tefal store powered by Neptun со промотивни цени од 09.07-13.07.2025.

Tefal е дел од групацијата SEB, што вклучува иновативни производи под бројни брендови како Rowenta, Krups, WMF итн.

Секоја година, повеќе од 200 милиони производи од групацијата SEB се продаваат во повеќе од 150 земји глобално, а до денес, Tefal, со своите 150 патенти, има продадено над 1,5 милијарди садови за готвење низ целиот свет.

Новата моно-бренд продавница, прва од ваков вид за брендот во нашата земја, претставува важен чекор во експанзијата на Tefal низ Југоисточна Европа, носејќи ја својата светски позната технологија, дизајн на производи и иновации директно до македонските потрошувачи.

„Отворањето на нашата прва официјална моно-бренд продавница Tefal Store powered by Neptun во Македонија претставува стратешка пресвртница за Tefal во регионот. Балканскиот пазар има огромен потенцијал, а нашата земја е во срцето на тој раст. Целосно сме посветени на градење долгорочна видливост на Tefal преку силни локални партнерства и директно малопродажно присуство. Нашата цел е да обезбедиме секој потрошувач да има пристап до безбедни и иновативни производи што го подобруваат нивното секојдневно искуство“, изјави Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun, стратегиски партнер на Tefal за Македонија.

Категориите на Tefal вклучуваат мали кујнски апарати, апарати за одржување на домот, лична нега и садови за готвење – практични и ефикасни производи, усогласени со клучните општествени и еколошки предизвици.

Зад уредите, Tefal изгради репутација за квалитет, издржливост и доверба – вредности што овозможија лојалност на упатените потрошувачи што трагаат по попријатен, похармоничен и поисполнет живот.

Со силен фокус на иновации, безбедност и одржливост, Tefal е глобално признат во редефинирање на начинот на кој луѓето ги користат иновациите и го извлекуваат максимумот од нив секој ден.

„Горди сме што ја отвораме првата официјална моно-бренд продавница на Tefal во регионот, на 120 м² – токму тука во Скопје, во трговскиот центар East Gate. Ги покануваме сите да ја посетат и да ги истражат Tefal, Rowenta, Krups, WMF и да ја испробаат возбудливата технологија што ја носиме во ова инспиративно ново поглавје.

Во текот на изминатите неколку години, македонските потрошувачи покажаа неверојатен ентузијазам за високо квалитетни и безбедни производи, па така отворањето моно-бренд продавница беше природен чекор, што ни дава можност да го подобриме искуството во живо и да го претставиме целиот спектар на нашите најнови решенија – под еден покрив“, дополнува Гоце Боцески – Генерален директор на Neptun.

Купувачите што ќе ја посетат продавницата ќе можат да пробаат, тестираат и купуваат производи лично, со помош на високо обучен продажен персонал, кој ќе им обезбеди помош, демонстрации и најдобри совети.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized2 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија3 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија4 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија5 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија20 часа

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија21 час

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ21 час

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија23 часа

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија1 ден

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија1 ден

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија1 ден

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија1 ден

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија1 ден

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ1 ден

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт1 ден

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија1 ден

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...