Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Да се даде државната каса на човек кој е двапати амнестиран за економски криминал е вистинска лудост

Објавено пред

Македонската економија е пред колапс. Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводени од аболицираниот Зоран Заев. Штетните политики на криминалната банда на власт негативно се одразуваат на животот на нашите граѓани за кои СДСМ донесе само беда и сиромаштија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Катастрофалнa e бројка од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, граѓани кои денот го поминуваат со еден оброк, додека криминалците од власта ги бројот милионите на своите сметки, а се заработени на грбот на граѓанинот преку криминални тендери и грантови. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат Република Македонија.

Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на аболицираниот Заев не работи ништо. За исто време власта ги задолжува граѓаните за милионски суми, пари кои завршуваат во џебовите на партиските и државните функционери од СДСМ преку криминални зделки.

Да се даде државната каса на човек кој е двапати амнестиран за економски криминал е вистинска лудост. Македонската економија со Зоран Заев на чело на Министерството за финансии ќе го допре дното. Со ова криминалната банда на власт го достигнува врвот на своите антиекономски политики.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот. Младите заслужуваат држава во која нема да планираат како да си заминат, туку ќе ја планираат својата иднина. Ова не може да се случи со Зоран Заев како премиер и министер за финансии. На Македонија ѝ е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е успешна и економски силна Република Македонија“ се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

(Видео) По тргедијата во Велес, СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

Објавено пред

„По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски. Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми“, вели Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.

Страшно и болно истовремено. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.

Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.

Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.

Ние денес сме тука да кажеме: доста е! Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“, изјави Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето на скопските улици

Објавено пред

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани.

dobivaj vesti na viber

Шукова нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите.

„Нема ништо поважно од тоа секое дете безбедно да стигне во училиште и безбедно да се врати дома. За жал, секојдневно сме сведоци на ризични ситуации пребрзо возење, небезбедни пешачки премини, недостиг на соодветно осветлување и инфраструктура,“ истакна таа.

Шукова најави проширување на концептот ЗОНА 30, во која максималната брзина е ограничена на 30 километри на час, со современи мерки за смирување на сообраќајот.

„Ќе направиме подигнати пешачки премини и вибрациски ленти, нови и пошироки тротоари, подобро и посилно осветлување на улиците, заштитни пешачки огради, мини кружни текови и стеснување на коловозот за намалување на брзината. Најважно јасно означени зони пред училиштата со големо ШКОЛО на коловозот,“ рече Шукова.

Таа најави и нова мерка ЗОНА ШКОЛО и воспоставување на безбедни рути за движење на деца до секое училиште во Скопје.

„Секој ученик ќе има своја безбедна патека со обележани премини, велосипедски патеки и заштита од возилата“, додаде Шукова.

Посочи дека реализацијата ќе започне на клучни делници: улиците Орце Николов, Варшавска, Владимир Комаров и Георги Димитров, кои ќе добијат ново уредување со подигнати премини, нови тротоари, велосипедски паркинзи и улично осветлување. Потоа, чекор по чекор, концептот ќе се прошири во сите населби: Карпош, Тафталиџе, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и останатите.

„Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект за животот, здравјето и иднината на нашите деца. За Скопје да биде модерен европски град, мора прво да биде безбеден град. Да им ја дадеме на нашите деца сигурноста што ја заслужуваат затоа што нивниот живот нема цена“, истакна Шукова.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Објавено пред

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.

Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.

Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.

Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.

Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.

„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.

Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.

Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.

Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.

Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.

„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.

Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.

Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.

Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.

Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија30 минути

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија36 минути

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија2 часа

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија3 часа

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа6 часа

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви наесен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија6 часа

„Влен“: ДУИ партнер на Левицата, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет7 часа

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е една од најголемите почести во неговиот живот во...

Свет7 часа

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа7 часа

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет7 часа

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп, која држи биткоин, беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет7 часа

„Тајмс“: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија21 час

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија22 часа

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија1 ден

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа1 ден

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет1 ден

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа1 ден

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа1 ден

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...