Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски: Блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии во џебот на скопски сметководител

Објавено пред

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови; обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол.

Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема. Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба.

Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра. Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС.

Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии? Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга? Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема. Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП? На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје? Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Нова РЕсет-работилница на „Реплек“: практични совети за добросостојба од д-р Митов

Објавено пред

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.

dobivaj vesti na viber

Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.

Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.

Досега, како дел од РЕсет платформата, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму.

Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Халки поткаст – простор за развој на родителите и децата

Објавено пред

Родителството е еден од најголемите, но и најубавите предизвици во животот. Секој родител се соочува со дилеми, нови ситуации и потреба за постојано учење. Со цел да им помогне на родителите полесно да го следат психолошкиот, емоционалниот и социјалниот развој на своите деца, Халкбанк, преку својот бренд Халки, го најавува новиот “Халки Поткаст”.

dobivaj vesti na viber

Поткастот ќе биде простор каде отворено ќе се зборува не само за свесното родителство, туку и за важноста на среќно и здраво детство, но и за финансиска едукација како дел од современото воспитување. Темите ќе вклучуваат емпатија, комуникација, детски развој и практични совети за тоа како да ги научиме децата на одговорен однос кон финансиите уште од најрана возраст.

Преку разговори со психолози, педагози, родители и познати личности, поткастот ќе понуди инспиративни приказни и корисни совети за сите кои сакаат да бидат подобри во својата родителска улога. Дел од прашањата што ќе се дискутираат се следните:

● Како да изградите силна и здрава врска со вашето дете?

● Кои се најдобрите техники за позитивно воспитување?

● Како да се справите со детските емоции?

● Како да започнете разговор за пари со децата на соодветна возраст?

Водител на Халки Поткаст е Катерина Димова, семеен системски советник.

„Новиот Халки Поткаст е одличен простор за развој на родителите и на децата. Зборуваме на теми поврзани со комуникацијата со децата, емоциите, воспитувањето, но и како да ги научиме децата на животни вештини, вклучувајќи ја и финансиската едукација“, вели Димова.

Првата епизода на Халки Поткаст се емитуваше на 10 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат двапати месечно и ќе бидат достапни на платформите YouTube, Spotify и Podcasts.mk.

Затоа што секој родител заслужува поддршка, а секое дете – љубов, разбирање и знаење за животот!

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Објавено пред

Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси.

dobivaj vesti na viber

Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа на квалитетот и безбедноста.

Платинестата награда им се доделува на најдобрите од најдобрите, одбрани меѓу златните добитници според строги критериуми, какви што се: AIB International оцена над 925, перформанси на квалитетот и безбедноста на храната и на пијалаците над 98%, без повлекувања или поплаки од потрошувачи.

Дополнително, Прилепска Пиварница се истакна со континуирано подобрување на процесите, најдобри перформанси во контролата на параметрите од 3C (capability, control, consumer) платформата и перформансот според AIB, намалување дефекти поврзани со изгледот на пакувањата, како и со спроведување иницијативи за одржливост, заштита на животната средина и социјална одговорност.

„Оваа награда е уште една потврда за посветеноста и стручноста на нашиот тим. Горди сме што ја носиме платинестата награда во Македонија и ќе продолжиме да бидеме препознатлив пример за извонредност и на европско и на глобално ниво“ – изјави Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет31 минута

Путин го откри планот за октомври, а кој нема да му се допадне на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин ги покани лидерите и генералниот секретар на Лигата на арапските држави да учествуваат на првиот руско-арапски...

Економија1 час

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра,...

Македонија2 часа

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи...

Свет4 часа

На заробените Украинци им вадат и бушат нокти, им сечат прсти, им вадат очи со лажица…

Војната во Украина, која започна во февруари 2022 година со руската инвазија, трае повеќе од три години и има сериозни...

Македонија5 часа

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од...

Економија16 часа

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…...

Свет16 часа

Главниот преговарач на Москва се огласи и испрати порака: Русите секогаш го добиваат своето

Војната и преговорите во историјата отсекогаш се воделе истовремено, изјави шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник...

Македонија21 час

(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март...

Македонија22 часа

Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година,...

Македонија23 часа

Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, во странство остануваат уште 11 лица

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и...

Македонија23 часа

Ексдиректорите осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за...

Македонија24 часа

Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на...

Македонија1 ден

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа1 ден

(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија1 ден

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...

Македонија1 ден

До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се...

Македонија1 ден

Мицкоски за „Евроњуз“: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Премиерот Мицкоски во неговото интервју за „Еуроњуз“ се осврна и на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaцијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската...

Македонија1 ден

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија ангажирани 14 нови вработени, сите Македонци и ниеден Албанец“, велат од ДУИ

„Оваа недела во Државниот архив на Северна Македонија се ангажирани 14 нови вработени – сите Македонци – и ниту еден...

Европа1 ден

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...