Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги спасува од одговорност функционерите кои криминално се богатат

„Вчера Македонија забележа нов црн ден со 118 заразени и 4 починати од коронавирусот, додека Зоран Заев и неговата банда се богатат со рекетирани милиони на грбот на народот.
Во стилот на аболицираниот криминалец Зоран Заев, јавноста виде еклатантен пример на корупција на негов функционер кој бесрамно зема пари и си ги става во торба, а за тоа има ‘пас’ од главата на октоподот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, за само десетина дена видовме како Бојан Јовановски призна дека парите биле кај Заеви, видовме рекет во РЕК ‘Битола’, потоа барање на 6 милиони за човек да излезе од притвор и директор кој зема пари и си ги става во торба, а никаква реакција од обвинителството.
Поради зафатеноста со бројните криминални афери во кои криминалците на СДСМ изнудуваат милионски суми и за тоа имаат ‘пас’ од Заев, власта нема време да се посвети на здравјето на граѓаните. Додека СДСМ се занимава со рекет, болниците се преполни со пациенти од коронавирусот. Во услови кога земји од регионот речиси немаат новозаразени, ние броиме по стотици дневно, само поради неспособноста на власта и алчноста на Зоран Заев.
СДСМ, Филипче и Комисијата за заразни болести покажаа дека не можат да го гарантираат и обезбедат здравјето на граѓаните. Единствено што можат да обезбедат се политичките желби на Зоран Заев. СДСМ мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Вирусот наречен СДСМ и Зоран Заев ќе биде поразен на претстојните избори. Изборот е помеѓу обновата што ќе ја донесе ВМРО ДПМНЕ и лагите, неспособноста и измамата што ги донесе СДСМ. Македонија не заборава, а народот ќе ја направи разликата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Угринска: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Угринска, најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.
„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“
Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.
„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.
Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.
„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, Ана Угринска.
Соопштенија
Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до црквата „Св. архангел Гаврил“

Кандидатот за градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека започнува целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“.
„На мое големо задоволство денес со министерот за транспорт и вицепремиер во Владата во Македонија, Александар Николоски се наоѓаме на локација пред Црквата „Св. Архангел Гаврил“ во Ново Село каде што започнуваме со работа на целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до оваа локација. Патот е финансиран преку проект на Министерството за транспорт во соработка со Светска Банка и делумно кофинансирање од страна на општината Ѓорче Петров ќе биде со должина од 780 метри и целосно ќе ги задоволува стандардите за нормално задоволување на сообраќајот. Конечно жителите на овој дел на Ѓорче, дел којшто ни се развива, ќе имаат услови да возат по сообраќајница по сите стандарди“, истакна Стојкоски.
Стојкоски додаде дека конечно по долго време Ѓорче Петров има инфраструктурна револуција.
„Благодарност до Владата и министерот за транспорт, за целосната поддршка што како општина ја добиваме изминатиот период. Само во Ѓорче Петров околу 320 милиони денари или околу 5 милиони евра се инвестираат во патната инфраструктура и дополнителни средства кои ги добиваме од Владата по првите два повици кои се однесуваат на доградба на училишта, доградба на градинки. Ѓорче Петров не памети ваква инфраструктурна револуција до сега ќе продолжиме со истата динамика ги завршивме над 150 улици, 90 улици и краци во моментот се или во постапка или веќе се работат и Ѓорче Петров конечно заличува на едно урбано место каде е возможен развој и место кое е посакувано за живеење од сите генерации на граѓани“, кажа Стојкоски.
Соопштенија
Костовски: Целосна реконструкција на шест клучни улици во Визбегово

Од денеска, па во наредниве денови започнуваме да реализираме, да рекоснтруираме целосно шест нови значајни, битни сообраќајници, вели Дарко Костовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел.
„Би рекол едни од поважните улици на територија на Визбегово.
Во изминатиот период успеавме да реализираме шест улици, со тоа добиваме бројка од 12 улици коишто ќе бидат целосно реконструирани во овој период.
Визбегово, покрај тоа, доби и ново училиште, а здравје Боже многу наскоро, за време на наредниот мандат, ќе добие и нова детска градинка и нова градежна офанзива.
Затоа ја очекувам поддршката од сите вас за проекти, за работа и за многу труд“.