Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се исти, не можат да спроведат реформи

Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, сè додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.
Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.
Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.
СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи.
Република Македонија, за жал, е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.
Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска-Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија“, порача опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Среброва: Да му дадеме на Центар она што го заслужува – чиста, праведна и човечна општина

Јас вечерва стојам пред вас не само како кандидат за градоначалник, туку како една од вас, човек кој веќе десет години е дел од организацијата и осум години модератор на огранокот на Левица Центар, истакна Марија Среброва.
На собирот во Центар беше отворен и штаб на кандидатите за градоначалници на Град Скопје, Амар Мециновиќ и Општина Центар, Марија Среброва, а присуствуваа и лидерот на Левица, Димитар Апасиев и кандидатите за советници.
„Центар е местото каде се организирале антифашистичките печатници и пунктови, каде што се ковал духот на отпорот и слободата“, порача кандидатката за градоначалник на Левица, додавајќи дека оваа општина не е само административна единица тукуе и симбол на достоинство, истрајност и културен идентитет. Од оваа општина, додаде таа, потекнуваат или во неа живееле бројни револуционери, културни дејци и интелектуалци кои го обликувале македонскиот идентитет, од Павел Шатев и Кузман Јосифовски-Питу, преку Невена Ѓорѓиева Дуња и Орце Николов, до Славко Јаневски, Блаже Конески и Горан Стефановски.
Среброва потсети дека ова е четврти изборен циклус за Левица: „Четири циклуси во кои покажавме што значи истрајност, што значи верност кон идејата, што значи да не се продадеш, да не клекнеш, да не потпаднеш на закани и дефетизам. Вие сте тие што го чувате пламенот на левото крило на организацијата. Вие сте совеста на Центар“.
Во своето обраќање таа нагласи дека нивната борба не била лесна: „Не напаѓаа, не подценуваа, не отпишуваа. А ние стоевме исправени – со достоинство, со срце, со верба. Сега е моментот да покажеме дека нашата истрајност не била залудна. Да му дадеме на Центар она што го заслужува чиста, праведна и човечна општина“.
Среброва заврши со зборовите: „Другари, нема предавање. Затоа што за Центар треба да се дише. Треба да имаме Центар што мисли и Центар што не се продава. Време е, затоа што Центар не е касаба.“.
Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
Соопштенија
Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Антони Новотни, во видео-обраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите.
„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.
„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.
Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.
„Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.
Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.
Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.
„Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“
„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни.