Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во корупција затоа што нема право и правна држава
СДСМ, Зоран Заев и Рената Дескоска целосно ја приватизираа и партизираа правдата и институциите во Република Македонија.
Малку и`беше на Дескоска сама себе да се кандидира за член на Венецијанската комисија, па истата таа воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Скандалот да биде поголем, Дескоска целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа на конфликти на интереси. Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК, Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев, претседателот на Апелацискиот суд во Штип, Наќе Георгиев, именување на струмички судија, чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски, адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво се чини дека е повластено од СДСМ, па наплатило околу 17.000.000 денари од владата, судијката Исмета Амет, според пишувањата која што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, се само дел од контроверзните именувања во комисијата за полагање на правосуден испит.
Со ваквите именувања од страна на Дескоска, полагањето на правосудниот испит ќе зависи од субјективната проценка на членовите на комисијата, дали кандидатите биле или се активни поддржувачи на политиките на СДСМ и Зоран Заев.
Единствен критериум по кој се избрани членовите на комисијата е послушноста кон Заев. На ваков начин Заев и Дескоска го уриваат до темел правосудниот систем во Република Македонија. Ова е школски пример на непотизам и партизација.
За ова мора да има одговорност и ќе има. На 12 април следува Обнова за Македонија. СДСМ, Заев и Дескоска се виновни за поразите, измамите, криминалите. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе“ велат од партијата.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Костадиновски: Нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, изградба на кружен тек и фитнес зона на отворено во Виница
На вечерашниот мини-митинг во општина Виница, во рамките на вториот круг локални избори кои ќе се одржат во недела на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски, кој истакна дека ја очекува поддршката од граѓаните во недела за уште повеќе проекти и инвестиции, кои ќе донесат развој на Виница.
„Верувам дека ќе ја заокружиме победата во вториот круг, да продолжиме со проектите во Виница, ние сме со реални проекти и програма кои планираме да ги реализираме наредните 4 години, сметам дека допревме до секој од вас ве запознавме со нашата визија за Виница, затоа во недела ја барам вашата доверба да продолжиме со уште посилно темпо, со уште поголеми проекти“, вели Костадиновски.
Кандидатот за градоначалник на општина Виница ги наведе проектите кои ќе се реализираат како во областа на образованието и спортот со изградба на нова спортска сала, спортски игралишта и фитнес зона, така и инвестирање во најмалите со доградба на детската градинка, но и подобрување на сообраќајот во општина Виница.
„Ја барам вашата поддршка за нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ кое е единствено училиште во општина Виница кое нема спортска сала, за доградба за нова градинка, за подобрување на сообраќајот, изградба на кружен тек, за нови улици во градот и населените места и за формирање на зона за мало стопанство кај м.в Скараница, село Блатец. За изградба на фитнес зона на отворено во Виница, реконструкција и изградба на спортски игралишта во населените места, за подобрување на водоснабдувањето, за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа и уште многу други проекти“, рече Костадиновски и додаде:
„Затоа ве повикувам сите масовно во недела на 2 ноември да излеземе и да го заокружиме бројот 9 за ВМРО-ДПМНЕ и победничката коалиција „Твоја Македонија“, заврши Костадиновски.
Соопштенија
Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски изборната кампања ја заокружува со средби со граѓаните, исто како што ја започна, на терен, слушајќи ги граѓаните.
Тој, заедно со идниот тим на советници беа позиционирани на неколку локации во Центар кадешто граѓаните можеа да се информираат за програмата и проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.
„Денеска е последниот ден од кампањата. Водевме фер, чесна и многу конструктивна кампања со директни средби со граѓаните, со реална програма која беше препознаена во првиот круг. Граѓаните даваат голема поддршка за Центар што го сакаме. Центар е општина на мудри, искусни и добронамерни граѓани, кои го сакаат и заслужуваат најдоброто за себе. Центар се луѓето, Центар е нова приказна, Центар е сето што го сакаме. Благодарам на секој разговор, предлог, идеја и поддршка. Ве повикувам во недела да излеземе масовно на гласање и заеднички да ја потврдиме победата. За континуитет, за развој, за посреќен живот во Центар. За Центар што го сакаме!“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Атанасовски: Заокружи број 9, за Македонска Каменица да продолжи да се развива
„Со поддршка на Владата и премиерот, наскоро ќе кажеме дека сме прва општина со асфалтен пат до секој дом и со чиста вода за пиење за секое семејство. Најголемите и најзначајните проекти во нашиот град, се изградени од ВМРО-ДПМНЕ и ние ќе продолжиме по трасираниот пат, пат по кој ќе чекориме сплотени, цврсто и храбро затоа што ние резервен дом немаме. Имаме визија за развиена Каменица, за перспективен град за град на успех и благосостојба, за град во кој сите ќе бидат среќни“, истакна Димчо Атанасовски кандидат за градоначалник за општина Македонска Каменица на вечерашниот мини-митинг во општина Македонска Каменица, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември.
Атанасовски истакна дека во изборната програма има многу нови проекти и идеи за напредок, со цел уште поуспешен и модерен град.
„Имаме идеи за напредок и визија за иднината, работиме за успешна и модерна општина која е пример за останатите. Имаме многу нови проекти за нашиот град. Дојдено е ново време, време кога се гради домаќински и се вложува во иднината, време во кое се бориме за секој еден од вас, за секој проблем да биде решен, секој предизвик да биде надминат, време во кое Македонска Каменица и нејзините жители се пред се и над се. Денес имаме нови асфалтни патишта, водоводни канализациони системи во секој дел од општината, имаме реконструирано образовни институции, јавно претпријатие кое целосно е во функција на граѓаните, имаме силни вложувања и во културата, спортот“, рече Атанасовски.
На крај Атанасовски повика граѓаните да се обединат, и да го заокружат бројот 9 за општина Македонска Каменица да продолжи да се развива.
„Сега е време на обединување а веднаш по новата победа, ќе биде време за вистинска експанзија, доаѓа времето кога овој град ќе биде препознатлив насекаде, и ќе биде инспирација и поттик за сите останати, направете го вистинскиот избор, гласајте за број 9“, посочи Атанасовски.

