Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски, со закон ќе казнува за негативно мислење, Македонија останува заробена држава

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава.

dobivaj vesti na viber

Владата на СДСМ и ДУИ, велат од партијата на Мицкоски, уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење.

„Да потсетиме дека во 2019 година истата влада на заевизмот, по насоки на Заев и Спасовски тогаш подготви предлог закон со кој се ограничуваше правото на протест, па забрануваа протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. Ова значеше дека доколку некој сака да протестира за лошата политика на владата или некое министерство, тоа треба да го прави на некоја ливада надвор од градот. Сега истата власт на Заевизмот бара да се забрани негативно мислење искажано против власта“, дополнуваат во писмената реакција.

Со вакви измени на Законот за граѓанска одговорност, додаваат од таму, ќе се направи закон кој не постои ниту во Северна Кореја и претставува спроведување на неофашизам од страна на власта.

„Очигледно дека Ковачевски, пиунот на Зоран Заев не сака да трпи кога народот го критикува во ситуација кога народот нема ни за леб, а државата тоне во економска, здравствена и енергетска криза“, е посочено во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Скопјани од денес писма и пакети може да примаат и да испраќаат и во сабота и недала, „Тотал пост“ отвори пакет-шоп во „Ист гејт“

Објавено пред

Писма и пакети од денес скопјани ќе можат да испраќаат и во сабота и во недела преку новиот пакет-шоп на „Тотал пост логистик“ отворен во трговскиот центар „Ист гејт“.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиновски, на отворањето ги охрабри давателите на поштенски услуги да продолжат да ги следат светските трендови, да ги подобруваат услугите што ги нудат и да одговорат на барањата и потребите на корисниците.

„Тотал пост логистик“ најави вакви услуги и во други трговски центри.

„Ова е прв од неколкуте пакет шопови од овој тип што во иднина ќе ги отвараме по поголемите трговски центри низ Македонија, за да ја направиме поштенската услуга поблиска до корисниците. Нашиот пакет шоп ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, а примачите и испраќачите ќе немаат временско ограничување кога да предадат или да го примат својот пакет. Модерните пакет шопови во моловите и проектот со пакетоматите во голема мера ќе ја олеснат комуникација со нашите партнери“, рече директорот на „Тотал пост логистик“, Алдин Нумановиќ.

Тотал Пост Логистик е еден од лидерите на поштенскиот бизнис во Македонија со повеќе од 150 курири и повеќе од 80 транспортни возила. ТПЛ работи успешно на македонскиот пазар од 2015 година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

35 години од основањето на БИСИ: од први увозници на „Адидас“ во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика

Објавено пред

Од први увозници на Adidas во Македонија, преку угостителство, градежништво и хотелиерство до енергетика.

dobivaj vesti na viber

Македонија има свои херои во бизнисот и економијата. Јубилеите се повод да се зборува за проектите и постигнувањата на успешните бизнис приказни во нашата земја.

Една таква приказна е БИСИ, која за денешните генерации е докажан бренд во градежништвото, а повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на малопродажниот ланец на продавници БИСИ за обувки и спортска опрема. Историјатот на компанијата на семејството Георгиевски, кое е основач на БИСИ е доказ дека кога се има храброст, љубов и план, бизнисот може успешно да се развива во повеќе сектори.

БИСИ е основана на крајот на 80те години од минатиот век, во време кога во Југославија малкумина се осмелиле да започнат приватен бизнис. Тогашните генерации беа сведоци на отворање на продавници на странски брендови со што се отворија и можности за развој на малопродажни објекти за различни производи. Во септември 1989 година, Славка и Иванчо Георгиевски започнуваат сопствен бизнис и БИСИ ја отвора првата продавница за продажба на обувки. Како пионер во малопродажбата во Македонија, каде младите генерации ги купуваа првите Adidas и Nike патики, БИСИ ја започнува својата успешна приказна. Во текот на 90-тите години БИСИ го проширува работењето на десетина продавници низ Скопје и станува синоним за спортски обувки.

Во последните 15 години на чело на БИСИ е Ивица Георгиевски кој фирмата ја трансформира и проширува во македонски бренд за изградба и продажба на премиум станбено-деловни објекти со уникатни градби и дизајн како во светските метрополи.

Покрај градежништвото, Ивица Георгиевски ја формира групацијата ИГ која развива неколку угостителски брендови, а своето работење го шири и во секторот на хотелиерство. Од неодамна нов предизвик за групацијата е инвестирање во производство на енергија од обновливи извори.

Со многу труд, посветеност и тим од високостручни професионални кадри може да се постигне највисоко ниво на квалитет во секоја гранка на економијата, а особено кога главната филозофија на работењето е сé што се прави да има предзнак “премиум”. На овој начин БИСИ и групацијата ИГ кои бројат преку 200 вработени оставаат сопствен белег во Македонија, со тендеција бизнисот да се прошири и надвор од државата.

Признание за успехот на БИСИ и групацијата ИГ е податокот дека во периодот од 2019година до денес истите влегуваат во друштвото на 100-те најуспешни во Македонија.

Јубилејот е повод Георгиевски да најави нови проекти во делот на градежништвото, хотелиерството и енергетиката. Во партнерство со деловните банки, БИСИ и групацијата ИГ ќе инвестираат над 50 милиони евра за изградба на премиум станбен комплекс ЕЛИСИУМ во бруто површина од 50.000м2, изградба на нов луксузен хотел во центарот на Скопје и изградба на четири фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 18.5 мегавати.

Ретки се компаниите во нашата земја кои можат да се пофалат со постоење од преку три децении, а 35 годишниот раст и развој на БИСИ е светол и успешен пример достоен за внимание и почит.

ПР-објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените

Објавено пред

Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се  подобрат перформансите на вработените, зголеми  продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .

dobivaj vesti na viber

Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек  со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.

Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.

Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.

Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.

Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.

Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Со нова мобилна апликација МВР ќе се бори против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која...

Македонија2 часа

Објавени конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните...

Македонија3 часа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во САД

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во Соединетите Американски Држави, каде ја предводи македонската државна делегација на 79. Генерално...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија24 часа

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија24 часа

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија1 ден

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија1 ден

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија1 ден

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија1 ден

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет1 ден

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет1 ден

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет1 ден

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет1 ден

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот почна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа1 ден

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет1 ден

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија2 дена

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија2 дена

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија2 дена

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...