Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже што не е прифатливо од Декларацијата за Делчев
„ВМРО-ДПМНЕ искрено жали за реакцијата на СДСМ кон предлог декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Доколку во СДСМ внимателно го анализирале текстот на Декларацијата ќе можеле недвосмислено да се уверат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото, така и денес, но и во иднина продолжува да биде – натамошно зацврстување на темелите на државноста“, појаснуваат од оваа партија откако СДСМ излезе со став дека треба да ја повлечат Декларацијата и да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес .
ВМРО-ДПМНЕ, е убедена додаваат од таму дека со Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, наместо неорганизирано, дифузно и недостоинствено одбележување, се воспоставуваат стандарди и се реализираат активности кои на еден одмерен, коректен и пред сé достоинствен начин државата ќе го одбележи овој голем јубилеј.
„ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да објасни што конкретно смета дека е неприфатливо, а е дел од Декларацијата што ја поднесовме во Собранието?
1. Дали на СДСМ им е неприфатлив повикот до медиумите во годината кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата;
2. Дали на СДСМ им смета повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?
3. Дали СДСМ има отпор и кон повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?
4. Конечно, можеби СДСМ се противат и на повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј?!“ стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ, како што појаснуваат односот на СДСМ кон Декларацијата за Гоце Делчев, упатува на две можни причини: Прво, или во СДСМ не ја прочитале Декларацијата, што претставува израз на крајна несериозност кон граѓаните или иако не сакаме да веруваме, СДСМ можеби се дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, е наведено во реакцијата.
„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува СДСМ и останатите парламентарни партии внимателно и со доза на најголема државна одговорност да му пристапат на повој предлог документ подготвен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено веруваме дека со консензуалното изгласување на Декларацијата од страна на сите пратеници во Собранието, Република Македонија ќе го манифестира толку посакуваното единство и обединетост кога станува збор за афирмацијата и заштитата на нашите вредности и заложби за демократска и европска држава“, истакнуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

