Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува за настаните од 27 април

Зоран Заев е единствениот политичар трипати аболициран за криминал, а Пендаровски единствениот кандидат којшто јавно признава дека е 102,5% ист со аболицирани криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштенијата од владејачката партија во кои се вели дека претседателската кандидатка Сиљановска застанува во одбрана на осудени насилници и криминалци.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека лицемерно е СДСМ како партија која направила селективна амнестија да зборува за настаните од 27 април.
„На партиски собир за Стево Пендаровски видовме како лице се закануваше дека со пиштол ќе упадне во ДИК и притоа ниту Пендаровски, а ниту безбедносните служби не реагираа. Со СДСМ на власт криминалот и насилниците царуваат со улиците, имаме бројни нерасчистени убиства и секојдневни мафијашки пресметки во центарот на Скопје“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека глас за Стево Пендаровски значи глас за Зоран Заев и криминали и матни зделки.
„Глас за Пендаровски е глас за слобода на над 800 криминалци пуштени од затворите кои слободно дивеат по улиците, слобода за убијците на децата од Смилковско и минимални казни затвор за терористи од ИСИС кои убивале и масакрирале илјадници невини луѓе“, нагласуваат од опозициската партија и порачуваат дека на Македонија ѝ е потребна правда и заштита на Уставот и законите што единствено може да се постигне со победа на Гордана Сиљановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром

„Четири години ВМРО-ДПМНЕ, Митески и Муцунски раководат со Општина Аеродром и четири години гледаме само разочарувања, незаинтересираност и неисполнети ветувања. Ветуваа многу, „хумана урбанизација“, 100.000 квадратни метри ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете, смарт табли во секоја училница…“, вели Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.
„А што добија граѓаните? Запуштени паркови, треви до колена, ѓубре на секој чекор и буквално ниту метар ново зеленило.
Ниту едно клучно ветување не е реализирано! Ветени 4 нови градинки – ниедна не е изградена. Ветено зголемување на помошта за новороденчиња – ништо од тоа. Ветена нова гимназија – не е ни започната. Од ветените 6 кружни текови – ниту еден не изграден. Од 3000 паркинг места – само две мали паркиралишта.
„Вело-дромот“ и велосипедските патеки на секоја улица? Само празни зборови. Ветија гасификација, еко-полиција, фонд за реконструкција на фасадите – и сè тоа исчезна веднаш по изборите.
Време е управувањето со Аеродром да го довериме на чесни, посветени и одговорни луѓе. Време е за промена што ќе донесе резултати и вистински развој.
Аеродром заслужува повеќе – зелена, функционална и современа општина во која ќе живееме со гордост. Аеродром е нашиот дом – и време е повторно да го изградиме заедно“, изјави Милутин Ристевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром.
Соопштенија
ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во oпштина Центар, Герасимовски

„Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација на актуелниот градоначалник на Општина Центар, кој всушност се обиде да продаде лажна приказна за „уредување“ и „подобрување на условите“ во населбата Крњево“, велат од ЗНАМ.
Тој вчера изјави дека целосно ја расчистиле дивата депонија и дека на ова место ќе никне детско и спортско игралиште, зеленило и урбана опрема.
Но, фактите покажуваат сосема поинаква слика:
Локацијата која според Генералниот урбанистички план (ГУП) е локација предвидена за изградба на булевар „Крушевска Република“, а според Деталниот урбанистички план (ДУП), оваа зона е предвидена за сообраќајна инфраструктура, а не за урбана опрема и игралишта.
Активностите се изведуваат без транспарентност, што го крши законот и урбанистичките норми.
Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба, дивеење и грубо прекршување на правилата, потенцијално кривично дело. Тој што треба да ги спречи и руши дивоградбите, за кои алармиравме повеќе пати, сега е директен креатор и потенцијален извршител на истото.
Затоа оттука поставуваме директни прашања до актуелниот градоначалник Герасимовски:
1. Зошто најавивте градежни активности на оваа локација, дали за истото има проект и обезбедена градежна дозвола?
2. Зошто го лажете населението тврдејќи дека ќе се гради детско и спортско игралиште, кога според плановите тука треба да има сообраќајна инфраструктура?
3. Кои механизми на транспарентност и јавна отчетност сте ги примениле пред да започнете со градежните активности?
4. Дали граѓаните треба да веруваат на вашиот PR, или на документите и плановите кои јасно го покажуваат незаконското постапување?
Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба и грубо прекршување на сите урбанистички норми.
Ова е класична слика за начинот на владеење на актуелниот градоначалник – со лаги, со манипулации и со обиди да се прикажат нелегални активности како „добри дела“.
Граѓаните на Центар веќе видоа доволно и знаат дека зад секоја негова објава стои интерес, а не искрен труд.
На 19-ти октомври, ќе стават крај на ваквото самоволие и празните ветувања.
Во недела, на 19-ти октомври ќе изберат човек кој навистина ќе работи во нивен интерес, ќе ги штити јавните простори и зеленилото и ќе ја врати човечката и достоинствената димензија на Центар“, соопштуваат од ЗНАМ.
Соопштенија
(Видео) Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од големиот митинг „Се бориме за нашиот дом“ во Струмица, ја побара поддршката од граѓаните, за кандидатот на градоначалник, Марјан Даскаловски и советничката листа на СДСМ и коалицијата.
„Марјан Даскаловски, нашиот другар, вашиот сосед и пријател ја доби обврската и привилегијата да ги продолжи најдобрите традиции на татковците на градот, кој како и секој татко се грижи за домот. Вие, струмичани, многу добро знаете кој е Марјан Даскаловски. Човек од теренот. Човек од градот. Човек од народот и човек за народот. Вие добро го знаете, теренец 4×4, незапирлив. Цел живот со и за струмичани и Струмица“, истакна Филиче.
Тој нагласи дека Даскаловски и СДСМ имамат јасна визија за Струмица и знаат како таа визија да стане реалност.
„Струмица ја гледаме како општина со развиена економија, модерно земјоделство, силен туризам и стабилен систем на социјална заштита. Визијата е да создадеме локална средина каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за образование, работа и квалитетен живот“, истакна Филипче, додавајќи дека предложениот тим за
Струмица ја презема одговорноста и она што ќе го вети ќе го исполни.
„Затоа СДСМ на овие избори нуди луѓе кои луѓе кои живеат чесно, работат чесно и сакаат чесно да ја водат својата општина. Луѓе со интегритет, кои го даваат својот збор пред граѓаните, а не пред партијата. Кои ќе служат на граѓаните, а не на СДСМ. Тоа е клучната разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од Струмица.