Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Собранието го заврши мандатот со кршење на Уставот сè со цел за спас на криминалите на Заев

Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа – со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија. Мандатот го завршија со газење на процедурите, кршење на Уставот и насилничко носење закони со цел спас на криминалите на Заев и свитата околу него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Три години граѓаните се сведоци на свиткан ‘рбет, сменето име, избришан идентитет, продадени историја јазик и култура. Три години пазарење со сè што е македонско и одземање на иднината на генерациите што доаѓаат.
Со Заев и СДСМ во Република Македонија три години сите бевме сведоци и жртви на неправди, брутален криминал, „Рекет“, милионски провизии, притисоци, заробено обвинителство и Луј Витон-судство.
Правдата што ја ветуваа се претвори во неправда, а наместо законите, со улиците царуваа криминалците што Зоран Заев ги ослободи од затворите за да шират страв кај македонските граѓани.
Зоран Заев и СДСМ ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа, а угледниот „Економист“ ја прогласи Македонија за хибриден режим. Со нивниот криминално-рекетарски систем на работа не само што не ги отворија вратите на Европа туку сè повеќе не оддалечија.
Наместо живот, Заев и СДСМ донесоа беда. По доаѓањето на власт, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а јавниот долг ја премина психолошката граница од 50 отсто од БДП.
Наместо почист воздух и животна средина, Македонија ја направија најзагадена држава во Европа, а Скопје еден од најзагадените градови во светот. Воедно, не сработија ниту еден капитален проект, кој ќе значеше развој за државата, а не ги исполнија ни ветувањата со кои во 2016 ги лажеа граѓаните.
Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари за докторите, нема нови болници, Клиничкиот не го ни почна, нема 500 километри автопат, а нема ни студентски град, кој требаше да го изградат уште во првите 6 месеци.
Затоа, пак, за Заев и неговата криминална банда имаше криминални крвави тендери, рекетирање бизнисмени, криминални грантови за иновации, непотизам, плантажи за марихуана, матни зделки од стотици милиони и камиони што возат во РЕК.
Со Зоран Заев и СДСМ, Република Македонија и граѓаните изгубија три години на лаги, криминал, неисполнети ветувања, три години без иднина. Вчера беше денот кога на сето тоа му дојде крајот. Вчера заврши најсрамната и најкриминална епизода во македонската историја. Заврши времето на порази, погазено достоинство и криминали. Заев и неговата криминална банда си заминуваат и никогаш повеќе да не се повторат.
По 12 април, со ВМРО-ДПМНЕ следува обнова на Македонија. Следува време на чесност, работа и одговорност. Доаѓаат подобри времиња, исправен ‘рбет, чист образ, силна економија и силна држава. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе!“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Соопштенија
Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.
Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за да има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.
„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.
Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.
„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.
Повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.
Соопштенија
Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористувањето на европските фондови

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес конференција истакна дека проширувањето на буџетските извори преку европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува реална можност за одржлив развој и модернизација на општината.
Меџити, придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин Бела, изјави дека приоритет на неговиот тим е создавање на разновидност во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.
„Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капитални инвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградиме поразвиен, иновативен и конкурентен Чаир. Според досегашните податоци, Северна Македонија има добиено нето само околу 12 милиони евра од програмите на Horizon, што претставува само 0.03% од вкупно достапните средства. Овој податок јасно покажува дека има голем простор за напредок, и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока“, изјави Меџити.
Тој додаде дека Чаир ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетни услуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.