Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа се загрозува нивното право загарантирано со Уставот
Со заканите за прекин на штрајкот и бркање на наставниците од работа го загрозува нивното основно право загарантирано со Уставот. Правото на штрајк е загарантирано со Уставот, а Владата се однесува спротивно на тоа, како и со сè што досега правеше. Заканите на Тренчевска дека ќе ги брка од работа оние што ќе штрајкуваат е газење на авторитетот и достоинството на просветните работници, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека заканите и уцените од страна на Владата се фијаско, кое ќе остане црна дамка за власта што ќе се памети засекогаш. Понижувањето на наставниците нема да биде заборавено. Просветниот кадар се наоѓа во нерамноправна и лоша позиција. Потребно е прифаќање на нивните барања и овозможување достоинствени услови за работа.
Владата ги притиска наставниците и не сака да ги реализира нивните барања за да има повеќе пари во буџетот за тендери и матни зделки.
Додека наставниците работеа за мали плати, Рашковски, Зекири, Дончев, Филипче вртеа милиони со матни тендери. Токму затоа Владата не сака да им ги зголеми платите на наставниците, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

